Снимајте со објективи со E-приклучок

Слика за делот со насловот: Приказ од горна страна на повеќе објективи Слика за делот со насловот: Приказ од горна страна на повеќе објективи

Снимајте со објективи со E-приклучок

Избор од повеќе од 70 објективи со E-приклучок

Изберете некој од објективите со E-приклучок од Sony. Нашата докажана палета ја содржи серијата за целосна слика G Master™ што нуди извонредна резолуција и прекрасно дефокусирање, како и серијата G Lens™ што нуди одлична вредност и квалитет на слика. Заедно со APS-C-куќиште, извонредно широкоаголните објективи од Sony снимаат пространи пејзажи или големи субјекти во еден кадар, а телефото објективите, со фактор на отсекување од 1,5 кај APS-C-куќиштата и телеконвертори, доколку е потребно, овозможуваат снимање далечни субјекти со извонредни детали и острина.
Слика од сите објективи со E-приклучок

Галантеријата ги проширува креативните хоризонти

Поврзете компатибилни микрофони со високи перформанси преку приклучокот за повеќе интерфејси на фотоапаратот за директен пренос на дигитален звук без шум кон фотоапаратот. Или, пак, изберете некој од блицовите со голема моќ како HVL-F60RM2 што поддржуваат брзо континуирано фотографирање, за да добиете повеќе начини за снимање креативни слики.
Слика од блицови од Sony Слика од микрофони прикачени на фотоапарати
Слика за делот со насловот: Фотографија од жена која проследува во живо преку фотоапаратот Слика за делот со насловот: Фотографија од жена која проследува во живо преку фотоапаратот

Поврзана замисла

Фотографија од жена која гледа фотографии префрлени од фотоапаратот

Лесно и стабилно поврзување со паметни телефони

Извлечете максимум од значително постабилната врска на α6700 со бесплатната апликација Creators’ App од Sony, која нуди лесно префрлување фотографии и видеоснимки во паметен телефон или таблет-уред. Преносите во заднина нема да прекинат дури и ако екранот на паметниот телефон влезе во режим на мирување или активирате друга апликација. Може да го користите и паметниот телефон за далечинска контрола на фотоапаратот. 
Фотографија од жена која проследува во живо преку фотоапаратот

Проследувајте висококвалитетни содржини во живо

Ако го поврзете со компјутер или паметен телефон преку USB, α6700 ќе функционира како 4K-веб-камера (2160p) со напреден AF која ќе овозможи подобри онлајн состаноци и проследување во живо.
Слика од екранот за поставување на Wi-Fi

Брз Wi-Fi за поврзување со компјутер

Вградениот Wi-Fi (IEEE 802.11a/b/g/n/ac) овозможува комуникација преку фреквенции од 2,4 GHz и 5 GHz за брз и стабилен пренос на податоци.
Лого за Creators' Cloud

Платформа Creators' Cloud

Creators' Cloud е платформа за креативна работа - од фотографирање до продукција - што спојува технологии за фотоапарати од Sony и AI-апликации на Cloud. Ова е место за откривање и соработка со креатори од целиот свет. Разгледајте апликации на интернет, за мобилни уреди и за компјутери што овозможуваат интеграција на фотоапаратите со услуги и апликации за снимање и продукција.
Дознајте за Creators' Cloud
Фотографија од две жени кои гледаат слики снимени со фотоапарат преку апликацијата Creators' App за паметни телефони.

Creators' App

Creators' App е апликација за паметни телефони наменета за пренос на датотеки, далечинско фотографирање, управување со меморискиот простор на Cloud и многу повеќе.
Дознајте повеќе за Creators' App
Слика од предното вртливо копче
Приспособливо предно вртливо копче
На предното вртливо копче на α6700 може да доделите одредени функции согласно вашиот работен процес, како компензација на експозицијата и решетката, заради полесно ракување.
Слика од производот ILCE-6700
Држач дизајниран за лесно ракување
Новиот дизајн на држачот овозможува удобно и сигурно држење на фотоапаратот, дури и ако прикачите потежок телефото објектив.
Слика од деловите од магнезиум
Издржливост при напорна употреба
Лесната легура од магнезиум со голема цврстина во капаците и внатрешната рамка значително ја зголемува издржливоста на куќиштето.
Издржлива бленда со мали вибрации

Издржливата бленда која генерира мали вибрации е дизајнирана да издржи приближно 200.000*  активирања.

* Тестирања на Sony, електронска завеса на блендата.

Слика од деловите што нудат заштита од прав и влага
Поголема отпорност на прав и влага*

α6700 е професионално дизајниран да биде отпорен на прав и влага, без да ги зголеми компактните димензии.

* Не се гарантира 100% отпорност на прав и влага.

Слика од отвор за картички со SD-мемориска картичка
Поддршка за брзи SD-картички
Отворот за SD-картички на α6700 поддржува картички UHS-I и UHS-II што овозможуваат брзо чистење на меѓумеморијата, снимање со висока резолуција и лесно уредување и споделување.
Интерфејс за дигитален звук за поквалитетен звук 
Безжичниот микрофон ECM-W2BT, микрофонот со насочување ECM-B10 и други компатибилни микрофони може да се поврзат дигитално преку приклучокот за повеќе интерфејси на α6700 за да снимате поквалитетен звук.
Слика од вртливото копче за фотографии/видео/S&Q
Вртливо копче за фотографии/видео/S&Q
Непосредно под вртливото копче за режими, α6700 има ново наменско вртливо копче за фотографии/видео/S&Q кое прикажува мени соодветно за секој стил на снимање. Така може побрзо и полесно да пристапите и да ги прилагодувате важните поставки преку вртливото копче за режими.
Слика од приклучоци за слушалки и микрофон
Приклучоци за слушалки и микрофон
Вградените приклучоци за слушалки и микрофон од 3,5 мм овозможуваат прецизно следење на звукот и флексибилни и напредни опции за снимање звук.
USB PD (напојување)

Достапна е поддршка за USB PD (напојување) за брзо полнење на батеријата во фотоапаратот*, што нуди 3 до 4 пати поголема моќ од претходните модели. Приклучете USB-полнач или пренослива батерија што поддржува USB PD** во приклучокот USB Type-C® на фотоапаратот, за да снимате долго со голема количина на енергија. 

* Напојувањето и полнењето преку USB се поддржани само преку приклучокот USB Type-C®. Во фотоапаратот мора да има батерија за да го напојувате преку USB. Внатрешната батерија може да се испразни дури и при напојување преку USB, во зависност од користениот адаптер и условите во кои се користи фотоапаратот. Користете комерцијално достапен USB-кабел или адаптер за поврзување мобилни уреди со USB Type-C®-приклучоци со фотоапаратот.

** Излез со 9 волти/3 ампери. Не се гарантира компатибилност со сите уреди со USB PD. Внатрешната батерија нема да се полни додека напојувањето на фотоапаратот е вклучено и фотоапаратот е во употреба.

 

Слика од врвниот фотоапарат α6700 со E-приклучок и APS-C-сензор