α6700 е опремен со иновативен уред за обработка со AI што значително ги подобрува неговите перформанси, вклучувајќи попрецизно препознавање на повеќе различни субјекти.
Проценка на човечки пози
α6700 користи податоци за формата на субјектите за да препознае движење, овозможувајќи значително подобро препознавање на очите кај луѓето. Тој користи меморирани човечки форми и пози за да препознава положби на тело и глава, што овозможува фокусирање и следење субјекти кои не гледаат кон фотоапаратот, или нивното лице е делумно покриено.
Препознавање повеќе субјекти
Освен луѓе и животни, α6700 сега препознава птици, инсекти, автомобили, возови и авиони0, овозможувајќи уште поголема флексибилност и сигурност при фотографирањето и снимањето. Освен очите (AF на очи во реално време), се препознаваат глави и тела на луѓе и животни, а сега и на птици, со перформанси за препознавање животни што се повеќе од 40%1 поголеми во споредба со α6600.
Попаметно следење во реално време0
Надграденото и посигурно следење во реално време со AI го олеснува фотографирањето во различни ситуации, за да се фокусирате на кадарот и композицијата. α6700 може да следи дури и луѓе кои носат кациги или животни кои не гледаат кон фотоапаратот.0
Одговорно фотографирање при користење на функцијата за регистрирање лица
Функцијата за регистрирање лица користи биометриски податоци. Вие сте одговорни за собирањето и користењето на таквите податоци, како и почитувањето на соодветните локални закони. За повеќе информации, посетете го веб-сајтот подолу.
Огромната моќ за обработка и подобрените алгоритми на новиот процесор BIONZ XR значително ги зголемуваат перформансите за AF, со максимум 759 точки за откривање фаза,0 што покриваат приближно 93% од површината на сликата при фотографирање.
Прецизен AF при слаба светлина до EV -3,0
Најновите алгоритми за AF нудат AF со голема прецизност при мали нивоа на светлина дури до EV -3,0 во режимот AF-S (еквивалент на ISO 100, објектив со F2,0). Режимот за приоритет на фокусот нуди посигурен AF при слаба светлина или помали решетки.
Снимете повеќе од 1000 слики со 11 fps0
Моќниот процесор BIONZ XR на α6700 и големата меѓумеморија ги зголемуваат брзините на запишување во мемориските картички, за да може фотоапаратот континуирано и брзо да снима повеќе од 1000 JPEG-слики, 59 RAW-слики со компресија или 23 RAW-слики со компресија без загуби во една серија.
Постојан DMF0
При фотографирање со автоматски фокус AF-C или AF-S, прстенот за фокусирање на објективот може да се ротира за моментално избирање на режимот за рачно фокусирање во секое време. На овој начин може лесно и брзо да го префрлите фокусот на друг субјект.
Групирање со фокус за да добиете најдобра слика0
α6700 може автоматски да снима до 299 слики со последователно поместени фокусни точки, според избрани интервали и редослед. Изберете ја совршената слика или обработете повеќе слики по снимањето за да добиете креативни споени слики со врвна длабочина на фокусот.
Намалување на треперењето0
Намалете го треперењето од вештачките извори на светлина кога фотографирате или снимате. Изберете „Фотографирање без треперење“ или „Променлива бленда“ за приспособување на брзината на блендата според брзината на треперење кога снимате.