Лесно поставување и ракување

Поставување за неколку секунди

Звучникот во вид на лента е речиси подготвен за користење штом го извадите од кутијата. Треба само да го поврзете со вашиот телевизор преку HDMI-кабел и да го вклучите.
Слика од звучник во вид на лента поврзан со телевизор и икона за HDMI во круг

Sony | Home Entertainment Connect

Поставувањето и користењето на вашиот звучник во вид на лента е лесно како никогаш досега благодарение на апликацијата Sony | Home Entertainment Connect. Таа ќе ве води низ почетните поставувања, ќе ви помогне во решавањето на проблемите и ќе ви понуди максимална контрола врз јачината на звукот, звучното поле и многу повеќе, директно преку вашиот паметен телефон.

 

Слика од логото Home Entertainment Connect

Удобна контрола

Практичниот далечински управувач нуди комбинација од удобен дизајн со лесно и интуитивно ракување. Во практичните функции спаѓаат наменски копчиња за прилагодување на јачината на звукот и поставките за звук.
Слика од рака која го држи далечинскиот управувач на HT-S2000

Добијте опкружувачки звук без напор

За да уживате во пореални филмови, притиснете го копчето „Sound Field“ на далечинскиот управувач и уживајте во опкружувачки звук што ќе ве внесе во центарот на случувањата. Или, пак, исклучете ја опцијата „Sound Field“ за јасен звук кога слушате стерео музика.
Слика од далечинскиот управувач на HT-S2000 наспроти бела заднина