Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот во вертикален простор за да уживате во тродимензионален звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Освен Dolby Atmos® и DTS:X®, Vertical Surround Engine придонесува за пореален и повеќедимензионален звук од другите формати.
Опкружувачки звук на едноставен начин
Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Новата технологија за создавање повеќе канали за звук внесува опкружувачки звук во содржините со стерео звук
Благодарение на новосоздадената технологија од Sony за создавање повеќе канали за звук, ќе уживате во тродимензионален опкружувачки звук не само од содржини со опкружувачки звук, туку и од содржини со стерео звук, како видеоснимки од услуги за проследување или музички услуги. Анализирајќи ја песната во реално време, нашиот нов алгоритам извлекува индивидуални звуци во зависност од нивната локализација и ги преместува, за да добиете тродимензионален опкружувачки звук.