За прв пат ќе можете да уживате во нашиот најнапреден екран True RGB, кој нуди виртуелно бесконечни бои, светлина и длабочина, со кои ќе ве задлабочи уште повеќе во секоја приказна.
Дознајте повеќе
Четири лесни чекори за да го пронајдете најдобриот телевизор од SONY за вас
Изберете вид на просторија која ќе ви помогне да го визуализирате телевизорот во вашиот простор
Изберете ги условите за осветлување за да ни помогнете во одредувањето на технологијата за екрани која ќе ви обезбеди најдобро доживување при гледањето
Може да изберете еден или повеќе видови на содржини
• Телевизорот и сликата на екранот се симулирани.
Од приказни до опрема, Sony е предводник во филмската индустрија неколку децении. Тогаш, зошто би се одлучиле за нешто друго, освен за гледање на телевизор BRAVIA?
Создадете филмско доживување со прецизен контраст и остри детали. Нашата уникатна технологија за контрола на задното осветлување врши прецизна контрола на индивидуалните LED-светилки, а кај нашите OLED-телевизори, секој пиксел се осветлува самостојно и извонредно ги открива сите детали во секоја сцена.
Звучниците во кино се зад екранот и звукот доаѓа директно од местото каде што се случува дејството. Телевизорите BRAVIA имаат слична структура, што ни овозможува да ви понудиме доживување во кое звукот доаѓа од екранот, исто како да сте во кино.1
BRAVIA ги исполнува строгите стандарди за прикажување филмови IMAX® Enhanced и има технологии Dolby Vision и Dolby Atmos, земени директно од кино. Исто така, соработуваме со најдобрите студија за проследување во светот за да создадеме специфично калибрирани режими за вашите омилени содржини, вклучувајќи ги и Netflix, Prime Video и SONY PICTURES CORE.1
Илјадници филмови ве чекаат во апликацијата SONY PICTURES CORE. Сопствениците на телевизор BRAVIA може да изберат најмногу 10 филмови и да ги гледаат со највисок квалитет Pure Stream™, а добиваат и најмногу 24 месеци неограничено проследување. Со филмовите IMAX® Enhanced и Dolby Atmos, нема подобар начин да видите колку неверојатно изгледаат филмовите на телевизор BRAVIA.234
Телевизорите BRAVIA користат AI за да го подобрат квалитетот на содржините во реално време, со што прикажуваат остри детали со висока резолуција, дури и при емитувањата и проследувањата во живо. Технологијата за движења со AI го подобрува квалитетот уште повеќе преку анализирање на движењата низ неколку кадри и синхронизирање на задното осветлување со случувањата на екранот, за да гледате јасни и светли слики, дури и при неверојатни брзини.
Бидете во центарот на случувањата. BRAVIA нуди многу повеќе од само прикажување на натпреварот - ја пренесува атмосферата во вашиот дом. Трансформирајќи го звукот во реалистичен опкружувачки звук, нашите најнови телевизори ќе ве опкружат со навивачките звуци на публиката. Во комбинација со реалните слики, ова е најблиску што може да дојдете на теренот без да купите карта.0
Дали ќе имате гости за време на натпреварот? Не дозволувајте гостите да гледаат избледени бои. Нашата технологија X-Wide Angle Pro овозможува доследност на сликата од секој агол во собата, а Immersive Black Screen Pro го елиминира отсјајот од лампите и сончевата светлина.1
Со помош на AI, Voice Zoom 3 ги препознава гласовите и ја приспособува нивната јачина, за појасен говор. Може да ја зголемите или намалите јачината по ваша желба, без да влијаете врз амбиенталните звуци. Засилете го звукот на спортскиот коментатор за да ги следите информациите за натпреварот или намалете го за да уживате повеќе во енергијата на публиката.2
Само телевизорите BRAVIA автоматски ја прилагодуваат и оптимизираат сликата со најдобри поставки за PlayStation®5. Бидете во центарот на случувањата со моделите на BRAVIA, чии раскошни сцени, амбиентален звук и нови ексклузивни функции внесуваат реалистичност во вашите омилени игри како никогаш досега.01
Брзина во комбинација со прецизност. Соочете се со секој предизвик со 4K/120 fps, за да добиете неверојатно брз одзив. Минимално доцнење, без изговори - само врвно играње игри со високи перформанси, така како што биле замислени да се гледаат.534
Сите главни поставки за игрите и помошните функции се на едно место, за лесно адаптирање и приспособување на вашето доживување. Тука спаѓаат VRR (ВКЛУЧЕНО или ИСКЛУЧЕНО), намалување на заматувањето на движењата, еквалајзерот за црни тонови кој го осветлува екранот и многу повеќе!5
Победувањето е одлично, но задлабочувањето во светот е уште подобро. BRAVIA ви го нуди токму тоа што го замислиле програмерите: прекрасни бои, филмски звучни ефекти и графика која е толку остра, што ќе заборавите дека пред вас има екран. Од најтивките прикриени мисии, до борби со најголемите противници, уживајте во сите детали со апсолутна реалистичност.
Повеќе начини за играње на вашите омилени игри. Проследувајте игри за PS5 и PS4 од вашата конзола PlayStation кон компатибилен телевизор BRAVIA, без да ја преместувате конзолата. Преземете ја апликацијата во компатибилен телевизор BRAVIA и играјте со безжичен контролер DualSense или DUALSHOCK 4.6789
Пребарувајте повеќе од 10.000 апликации, проследувајте музика и контролирајте ги вашиот телевизор BRAVIA и компатибилните паметни уреди во домот користејќи го вашиот глас.0
Извлечете максимум од вашите омилени апликации со уникатните функции за забава што ги нудат нашите телевизори. Погледнете ги сите ваши омилени филмови на потполно нов начин - со повеќе возбуда и реализам на BRAVIA.1234567
Со Apple AirPlay 2 може лесно да споделувате содржини од вашиот iPhone, iPad или Mac со вашиот телевизор, за да добиете беспрекорно доживување на големиот екран.8
Со Google Cast™ може лесно да праќате содржини од вашиот телефон кон вашиот телевизор и да уживате во нив на големиот екран.9
Кај телевизорите од Sony може да ги оптимизирате поставките за потрошувачка на енергија преку нашата практична еко контролна табла.0
Не се потребни батерии! Нашиот нов далечински управувач е направен од рециклирана пластика и може да се полни. Едно полнење трае најмногу 5 месеци.12
Во функциите за пристапност спаѓаат отчитувањето, зголемувањето текст, инверзијата на бои, опипливите точки на задната страна на телевизорот и многу други. 34
Претплатата може да ја поништите во секое време.