Нашиот компактен дизајн, со 9 звучници и докажаната технологија 360 Spatial Sound Mapping, ќе ве опкружи со богат и реален звук. Претворете ја дневната соба во кино со единечен долгнавест звучник.
BRAVIA Theatre Bar 7 нуди комбинација од физички и фантомски звучници, за да создаде пошироко поле на опкружувачки звук и уште повеќе да ве задлабочи во филмот.
Уживајте во најдобриот опкружувачки звук за во домот. Технологијата 360 Spatial Sound Mapping создава 5 фантомски звучници пред вас и го рефлектира звукот од таванот и ѕидовите, создавајќи опкружувачки звук како во кино од еден звучник во вид на лента.
Отсега повеќе луѓе ќе можат да уживаат во истото доживување со опкружувачки звук. Користејќи фантомски звучници, технологијата 360 Spatial Sound Mapping постигнува поголема покриеност отколку стандардните системи за виртуелен опкружувачки звук.
Додајте изборни безжични задни звучници за уште попространо звучно поле. Заедно со задните звучници, Bar 7 создава максимум 11 фантомски звучници, вклучувајќи и звучници зад вас, за да создаде реално филмско доживување.0
Подобрете го вашето домашно кино со овие надградби. Двата сабвуфери нудат моќни ниски фреквенции, а задните звучници го прошируваат полето на опкружувачкиот звук. Дајте им на сите филмови поголем обем и поголемо влијание.01
Внесете реален опкружувачки звук со квалитет како од кино во вашата дневна соба. BRAVIA Theatre Bar 7 не само што поддржува формати што се стандардни во индустријата како Dolby Atmos® и DTS:X®, туку има и сертификат за содржини IMAX® Enhanced.1
Уживајте во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ преку BRAVIA и BRAVIA Theatre, овозможено со технологијата IMAX Enhanced.12
Не е важно каде седите. Не е важно ни каква акустика има во просторијата. Оптимизацијата на звучното поле им овозможува на сите да уживаат во опкружувачки звук како во кино.
Не грижете се за пронаоѓањето на совршената положба на звучниците. Каде и да ги ставите, оптимизацијата на звучното поле ќе ги калибрира соодветно, користејќи фантомски звучници за да создаде идеално поле со опкружувачки звук.
Нема потреба да го преуредувате домот за да добиете акустика како во кино. Оптимизацијата на звучното поле ги анализира акустичките карактеристики на вашата просторија, а потоа врши напредна обработка на сигналите за да ги изедначи со карактеристиките на кино салите.
Уживајте во квалитетен опкружувачки звук каде и да седите. Направете калибрација со нашата апликација BRAVIA Connect за паметни телефони, а BRAVIA Theatre Bar 7 ќе ја открие вашата положба во собата и ќе го оптимизира звукот соодветно.0
Обработката на сигнали не е најважен фактор за одличен опкружувачки звук. И физичките звучници треба да понудат извонредни акустички перформанси, а BRAVIA Theatre Bar 7 нема да ве разочара.
Уживајте во јасен и широк опкружувачки звук од еден звучник во вид на лента. Bar 7 има систем со нови 2-системски звучници, наменски вуфери и високотонци за левиот и десниот преден канал, со кои создава поширок опкружувачки звук и прецизно звучно поле.
Звучниците насочени нагоре го одбиваат звукот од таванот за да добиете прекрасен звук што се распространува над вас. 360 Spatial Sound Mapping создава фантомски звучници на таванот за уште поамбиентален звук.
Страничните звучници го одбиваат широкиот насочувачки звук од ѕидовите, а притоа ја исполнуваат целата ваша просторија со распространувачки звук и ја збогатуваат забавата со вистинско чувство на возбуда.
Овој систем со централен звучник со целосен опсег нуди јасни и природни дијалози, за совршено да ги слушнете сите зборови.
Нека не ве залажува тенкиот дизајн. Благодарение на вградените вуфери и пасивните радијатори, Bar 7 создава длабок и моќен бас каков што може да очекувате од многу поголеми звучници.
Уникатната правоаголната форма на звучникот максимално ја зголемува површината на мембраната за да создаде моќен бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок, овозможувајќи помалку изобличувања и поголема острина на вокалите.
BRAVIA Theatre Bar 7 создава опкружувачки звук на едноставен начин. Од почетното поставување до контрола преку паметен телефон, вложете минимален напор за да уживате максимално.
Апликацијата BRAVIA Connect за паметни телефони ќе ве води чекор по чекор за сè, почнувајќи од поврзување, до калибрација и секојдневна контрола.123
Дознајте за апликацијата BRAVIA ConnectЗа поврзување ви требаат само HDMI-кабел и кабел за напојување. Достапни се и други приклучоци, како HDMI IN. Инструкции за целосно поставување и калибрација на звукот ќе добиете од апликацијата BRAVIA Connect.
Отворете ја кутијата и ќе пронајдете QR Code на горната страна. Со брзо скенирање ќе бидете пренесени до водич за поставување, кој овозможува едноставно поставување без напор, за лесно да почнете да го користите производот веднаш откако ќе го извадите од кутијата.4
Пренесете ги чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом. Поврзете го BRAVIA Theatre Bar 7 со телевизор BRAVIA за да добиете ненадминато аудиовизуелно доживување и да уживате во сите сцени како никогаш досега.
Нема повеќе придушени гласови. Во комбинација со компатибилен телевизор BRAVIA, нашата нова технологија Voice Zoom 3™, која применува машинско учење со AI, ги препознава човечките гласови и ја зголемува или намалува нивната јачина, за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно.0
Контролирајте го опкружувачкиот звук лесно преку далечинскиот управувач на вашиот телевизор BRAVIA. Поставките за звук на звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA заради лесна контрола на функциите како звучно поле и јачина на звукот.12
Испорачаниот разделник овозможува позиционирање на звучникот во вид на лента врз држачот на телевизорот за да добиете интегриран изглед што заштедува простор.34
Извлечете максимум од целата ваша забава. BRAVIA Theatre Bar 7 ги поддржува најновите формати, па затоа нуди потполно ново ниво на филмови и игри.
Опремен со приклучок HDMI 2.1, BRAVIA Theatre Bar 7 го зачувува оригиналниот квалитет на слика на сите извори, дури до 8K HDR-квалитет.
Уживајте во вашите игри. Уживајте во звукот од конзолата PlayStation®5, кој се движи над вас, и во поставките за слика оптимизирани со автоматско мапирање на HDR-тоновите и режимот на слика со автоматски жанр, кога ќе го приклучите производот со компатибилни телевизори BRAVIA™. Исто така, овој производ поддржува VRR, ALLM и SBTM за пореални игри.0
Од филмови до листи за репродукција, BRAVIA Theatre Bar 7 поддржува повеќе режими за звук - создавање повеќе канали за звук, повеќеканален стерео звук и конверзија - па затоа независно какви содржини репродуцирате, ќе добиете реален звук кој ќе ја исполни вашата соба.
Технологијата на Sony за создавање повеќе канали за звук нуди богат опкружувачки звук дури и од стерео содржини. Нејзиниот иновативен алгоритам ги извлекува и одново ги дистрибуира индивидуалните звуци за да уживате во 3D-звук. При создавањето повеќе канали за звук, обработката за одвојување на звуците со AI ги открива човечките гласови и ги прави појасни.
Multi Stereo го подобрува вашето доживување при слушањето преку репродукција на истиот звук преку предните (Л/Д/центар) и задните звучници, а со тоа ги засилува сите звуци во просторијата. Почувствувајте го одекнувањето на звукот со поголем интензитет, кој го засилува секој момент.0
Ова не важи само за филмовите. Може да слушате и музика со подобрен и висококвалитетен звук. Вградената поддршка за Spotify Connect™ и Apple AirPlay ви овозможува да ги репродуцирате сите ваши омилени песни.
Проследувајте аудиосодржини безжично. Технологијата Bluetooth® ви овозможува полесно уживање во музика, podcast-содржини и многу повеќе од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп.
Користејќи Edge-AI, DSEE Ultimate™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време и ги обновува акустичките детали за да создаде побогато доживување при слушањето.
Производите BRAVIA се дизајнирани да се хармонизираат со потребите на луѓето, а притоа да водат сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да користат уреди од Sony и ги прошируваме нашите иницијативи за животната средина преку употреба на рециклирани пластики во нашите производи. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.
Нашата иницијатива Road to Zero има за цел да го намали влијанието врз животната средина во секоја фаза од нашето деловно работење. Правиме напори да го сведеме влијанието врз животната средина на нула до 2050 година, преку иновации и одржливост.
Аудиопроизводите за во домот од Sony не само што се дизајнирани за одлични аудиодоживувања во домот, туку и ја земаат предвид животната средина. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за нашите пакувања и да користиме рециклирани материјали за нашите производи.
Приближно 75% од пакувањето е направено од рециклирана хартија и хартиени материјали за да се минимизира употребата на нерециклирана пластика, и приближно 87% од текстилниот материјал кој се користи за звучниците е направен од рециклирано платно.0
BRAVIA Theatre е дизајниран да се хармонизира со потребите на луѓето, а притоа да води сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност, за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да ги користат уредите од Sony, и уште повеќе ги прошируваме нашите напори за животната средина преку поодговорна употреба на материјалите и одржливо производство. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.
За да можат луѓето со оштетен вид да ги постават нашите долгнавести звучници, достапна е испакната квадратна рамка која ги насочува корисниците до QR Code за апликацијата BRAVIA Connect, која нуди поддршка за читање на информациите на екранот. Благодарение на функцијата за читање на информациите за поставување и за далечинска контрола, повеќе нема потреба да го памтите распоредот на копчињата или редоследот на елементите на екранот. Исто така, опипливите точки на задниот панел ќе ве одведат до приклучокот eARC HDMI за поврзување со телевизор.12
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.