Нашиот звучник во вид на лента, што е најдобар во палетата, нуди 360 Spatial Sound Mapping со 13 звучници и нова генерација на технологија за опкружувачки звук што создава прекрасен звук како во кино.
Добијте подобар опкружувачки звук од стандардниот. Со комбинацијата од физички и фантомски звучници, BRAVIA Theatre Bar 9 создава пошироко поле на опкружувачки звук за неверојатно уживање.
Уживајте во најдобриот опкружувачки звук за во домот. Технологијата 360 Spatial Sound Mapping создава 5 фантомски звучници пред вас и го рефлектира звукот од таванот и ѕидовите, создавајќи опкружувачки звук како во кино од еден звучник во вид на лента.
Отсега повеќе луѓе ќе можат да уживаат во истото доживување со опкружувачки звук. Користејќи фантомски звучници, технологијата 360 Spatial Sound Mapping постигнува поголема покриеност отколку стандардните системи за виртуелен опкружувачки звук.
Додајте изборни безжични задни звучници за уште попространо звучно поле. Заедно со задните звучници, Bar 9 создава максимум 11 фантомски звучници, вклучувајќи и звучници зад вас, за да создаде реално филмско доживување.0
Исполнете ги сите делови на просторијата со возбудлив филмски звук. Спојувањето на BRAVIA со BRAVIA Theatre ги пренесува чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом, создавајќи ненадминато аудиовизуелно доживување.123
Изберете различни комбинации на производи за да видите каков ефект ќе имаат врз вашиот филмски звук.
Внесете реален опкружувачки звук со квалитет како од кино во вашата дневна соба. BRAVIA Theatre Bar 9 не само што поддржува формати што се стандардни во индустријата како Dolby Atmos® и DTS:X®, туку има и сертификат за содржини IMAX® Enhanced.6
Уживајте во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ преку BRAVIA и BRAVIA Theatre, овозможено со технологијата IMAX Enhanced.56
Новата технологија за создавање повеќе канали за звук на Sony нуди богат опкружувачки звук дури и од стерео содржини. Нејзиниот иновативен алгоритам ги извлекува и одново ги дистрибуира индивидуалните звуци за да уживате во 3D-звук. При создавањето повеќе канали за звук, обработката за одвојување на звуците со AI ги открива човечките гласови и ги прави појасни.
Не е важно каде седите. Не е важно ни каква акустика има во просторијата. Оптимизацијата на звучното поле им овозможува на сите да уживаат во опкружувачки звук како во кино.
Ја олеснивме постапката за добивање опкружувачки звук. Оптимизацијата на звучното поле не само што го калибрира звукот врз основа на положбата на звучниците, туку и ги зема предвид акустиката на вашата просторија и положбата од која слушате.
Додавате задни звучници? Не грижете се за пронаоѓањето на совршената положба. Оптимизацијата на звучното поле го калибрира звукот врз основа на нивната локација и користи фантомски звучници за да го исполни секој празен простор во полето со опкружувачки звук.
Нема потреба да го преуредувате домот за да добиете акустика како во кино. Оптимизацијата на звучното поле ги анализира акустичките карактеристики на вашата просторија, а потоа врши напредна обработка на сигналите за да ги изедначи со карактеристиките на кино салите.
Уживајте во квалитетен опкружувачки звук каде и да седите. Направете калибрација со нашата апликација BRAVIA Connect за паметни телефони, а BRAVIA Theatre Bar 9 ќе ја открие вашата положба во собата и ќе го оптимизира звукот соодветно.0
Обработката на сигнали не е најважен фактор за одличен опкружувачки звук. И физичките звучници треба да понудат извонредни акустички перформанси, а BRAVIA Theatre Bar 9 нема да ве разочара.
Уживајте во јасен и широк опкружувачки звук од еден звучник во вид на лента. Bar 9 е опремен со нов 2-системски звучник со дополнителни високотонци за преден и централен канал, за да создаде поширок опкружувачки звук и прецизно звучно поле.
Нека не ве залажува тенкиот дизајн. Благодарение на четирите вградени вуфери и пасивните радијатори, Bar 9 создава длабок и моќен бас каков што може да очекувате од многу поголеми звучници.
За да добиете поамбиентален звук, страничните звучници ќе го исполнат вашиот животен простор со широк насочувачки звук, а beam-високотонците ќе го прошират звучното поле преку рефлектирање на насочувачкиот високофреквентен звук од ѕидовите.
Звучниците насочени нагоре го одбиваат звукот од таванот за да добиете прекрасен звук што се распространува над вас. 360 Spatial Sound Mapping создава фантомски звучници на таванот за уште поамбиентален звук.
Уникатната правоаголната форма на звучникот максимално ја зголемува површината на мембраната за да создаде моќен бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок, овозможувајќи помалку изобличувања и поголема острина на вокалите.
BRAVIA Theatre Bar 9 создава опкружувачки звук на едноставен начин. Од почетното поставување до контрола преку паметен телефон, вложете минимален напор за да уживате максимално.
Апликацијата BRAVIA Connect за паметни телефони ќе ве води низ почетните поставки, ќе ви помогне во решавањето на проблемите и ќе ви овозможи да ги контролирате јачина на звукот, звучното поле и многу повеќе. Исто така, ќе ве известува за ажурирања на софтверот и ќе ви овозможи да контролирате компатибилни телевизори.12
Дознајте за BRAVIA ConnectТреба само да го приклучите Bar 9 во струја, да го поврзете во приклучокот HDMI на телевизорот и да го вклучите напојувањето. Приклучоците LAN, HDMI IN и HDMI OUT (eARC) ќе ви овозможат да уживате во ново доживување со просторен опкружувачки звук.
За да можат луѓето со оштетен вид или без вид да го постават звучникот во вид на лента полесно, достапни се опипливи точки што означуваат QR-код за апликацијата BRAVIA Connect што нуди поддршка за читање на информациите на екранот. Опипливите точки на задниот панел означуваат eARC HDMI-приклучок за поврзување со телевизор.3
Испорачаниот разделник овозможува позиционирање на звучникот во вид на лента врз држачот на телевизорот за да добиете интегриран изглед што заштедува простор.45
Пренесете ги чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом. Поврзете го BRAVIA Theatre Bar 9 со телевизор BRAVIA за да добиете ненадминато аудиовизуелно доживување и да уживате во сите сцени како никогаш досега.
Преминете на вистинско филмско доживување. Acoustic Center Sync му овозможува на Bar 9 да го користи вашиот компатибилен телевизор BRAVIA како централен звучник. На тој начин, звукот излегува од екранот и е прилагоден да биде дел од интегриран систем на звучници.3
Нема повеќе придушени гласови. Во комбинација со компатибилен телевизор BRAVIA, нашата нова технологија Voice Zoom 3™ што применува машинско учење со AI ги препознава човечките гласови и ја зголемува или намалува нивната јачина, за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно.32
Контролирајте го опкружувачкиот звук лесно преку далечинскиот управувач на вашиот телевизор BRAVIA. Поставките за звук на звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA заради лесна контрола на функциите како звучно поле и јачина на звукот.34
Извлечете максимум од целата ваша забава. BRAVIA Theatre Bar 9 ги поддржува најновите формати за звук и слика, па затоа нуди потполно ново ниво на филмови, игри и музика.
Опремен со приклучок HDMI 2.1, BRAVIA Theatre Bar 9 го зачувува оригиналниот квалитет на слика на сите извори, дури до 8K HDR-квалитет.
Уживајте во игрите. Уживајте во звук што се движи над вас од конзолата PlayStation®5, оптимизирани поставки за слика од автоматскиот HDR со мапирање на тонови и режимот на слика со автоматски жанр кога ќе приклучите компатибилни телевизори BRAVIA™ и конзоли PS5® во овој производ. Исто така, овој производ поддржува VRR, ALLM и SBTM за пореални игри.1
Внесете реалистичност во вашата музика како никогаш досега. Уживајте во песните како што замислиле изведувачите, со звук со висока резолуција. Или, пак, слушајте 360 Reality Audio што ќе ви овозможи да се чувствувате како на музички настап во живо.2
Збогатете ја вашата музика со звучно поле какво што заслужува. Со BRAVIA Theatre Bar 9 може лесно да ги проследувате омилените песни и да уживате во сите детали со подобрен и висококвалитетен звук.
Ова не важи само за филмовите. Може да слушате и музика со подобрен и висококвалитетен звук. Вградената поддршка за Spotify Connect™ и Apple AirPlay ви овозможува да ги репродуцирате сите ваши омилени песни.
Проследувајте аудиосодржини безжично. Технологијата Bluetooth® ви овозможува полесно уживање во музика, podcast-содржини и многу повеќе од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп.
Користејќи Edge-AI, DSEE Ultimate™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време и ги обновува акустичките детали за да создаде побогато доживување при слушањето.
Аудиопроизводите за во домот од Sony не само што се дизајнирани за одлично аудиодоживување во домот, туку и не се штетни за животната средина. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за нашите производи и пакувања.0
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.