Филмовите стануваат реални во вашиот дом

BRAVIA е создадена за филмови. Благодарение на филмскиот звук и неверојатните слики, вашиот дом се трансформира во ваше лично кино.

Дневна соба која се спојува со кино, во кое е прикажан живописен фантастичен стрелец.

Забава што ја сакате. Со помош од Google.

Google TV™ ги обединува филмовите, сериите и другите содржини од вашите апликации и претплати и ги организира специјално за вас.

Голем телевизор прикачен на ѕид, го прикажува интерфејсот на Google TV, каде што се гледа филмот The Super Mario Bros. Movie. Подолу се прикажани апликации за проследување.

Вистинската убавина на 4K во секое време

Убавината на 4K е во деталите. Со 4K X-Reality™ PRO, дури и вашите омилени HD-содржини се подобруваат поблиску до 4K-квалитет, откривајќи поостри текстури и реална острина во реално време.

Телевизор BRAVIA на кој е прикажана прекрасна слика во 4K од пеперутка која лета преку поле со шарени цвеќиња, а во заднина се гледаат планини и облаци.

Звук Dolby Atmos® и DTS:X® кој ја исполнува просторијата

Звук одозгора, од страна, од секаде. Слушајте звук што се движи над вас преку екранот, со поголема длабочина и јасност. Dolby Atmos® и DTS:X® ве привлекуваат подлабоко за вистинска амбиентална забава.

Визуелно претставување на телевизор BRAVIA во дневна соба со звук Dolby Atmos® и DTS®.

Google Cast™ 

Проследувајте од вашиот уред. Лесно проследувајте филмови, серии, фотографии и многу повеќе од вашиот телефон или таблет-уред, директно кон телевизорот.01
Телевизор BRAVIA прикажува сцена со кајакарство проследена од паметен телефон, користејќи Google Cast.

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот