Нова димензија на бои

Слика од текстот TRUE RGB

Филмска ноќ, ден за спорт или секојдневно гледање - сите на сликата. True RGB ги прикажува боите со ново ниво на живописност, независно од кое место гледате, користејќи независно контролирани RGB LED-светилки во три бои.​

Кино

Ваш дом. Ваше кино

Опремен со функции дизајнирани за љубителите на филмови, BRAVIA ќе ја претвори вашата дневна соба во најдоброто кино - совршено за уживање во најдобрите филмски доживувања со вашите сакани.

Најдобро доживување на големиот екран

Телевизор со голем екран од Sony ги оживува филмовите и другите содржини со неверојатен квалитет на слика и богат и моќен звук.

Откријте ги телевизорите со големи екрани од Sony

Оригинална слика. Од студиото, на вашиот екран

Режимите Studio Calibrated од Sony нудат слика која ја пренесува реалноста од студијата на екраните, за да уживате во филмовите така како што замислиле креаторите и точно така како што е предвидено да ги гледате на сите ваши омилени платформи за проследување.

Откријте ги режимите Studio Calibrated

Пренесете го стандардот од кино салите во вашиот дом

Нашите телевизори се дизајнирани да ги исполнат истите стандарди кои го дефинираат доживувањето во кино. IMAX Enhanced®, Dolby Vision® и Dolby Atmos® се усогласени со стандардите за кино, и создаваат острина, длабочина и атмосфера со кои филмовите стануваат незаборавни. Исто така, може да уживате во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ во форматот IMAX Enhanced, преку BRAVIA и BRAVIA Theatre. Гледајте повеќе детали од акцијата со проширениот сооднос на слика што го нуди IMAX и уживајте во целосниот динамички опсег на филмската музика со звукот IMAX Enhanced од DTS:X.

Неверојатен квалитет. Неограничена забава

Откријте огромен избор на најновите филмови, класични хитови и скриени бисери од Sony Pictures. Изберете нови омилени содржини за додавање во вашата колекција, вклучени со вашиот телевизор BRAVIA. Доживејте ненадминат квалитет на слика и звук со технологијата Pure Stream и IMAX Enhanced на Sony Pictures Core.

Откријте го SONY PICTURES CORE

Мои филмски однапред поставени параметри. Приспособено според моментот

Избирајте помеѓу однапред поставените параметри за слика и звук, кои се оптимизирани за кино и дизајнирани за различни опкружувања за гледање, како различен период од денот или различна соба. Овие однапред поставени параметри го приспособуваат вашиот телевизор за да ви понуди најдобро доживување при гледањето филмови, во само еден чекор.

①: Однапред поставени параметри за слика каква што замислил режисерот ②: Однапред поставени параметри за остри дијалози

Слика

Подобрена слика. Извонредна во секоја сцена

Сите сцени стануваат реалистични со нашата технологија True RGB. Боите добиваат ново ниво на живописност, а се откриваат дури и дискретните детали помеѓу нивните нијанси - што ве вовлекува подлабоко во приказната.

True RGB, иднината на боите

Овозможено од новиот Backlight Master Drive - дизајниран благодарение на две децении иновација - True RGB од Sony независно ги придвижува LED-светилките со три бои. Испорачува досега невидена јачина на бои, прецизна градација на бои и значително поширок агол на гледање - со што уште повеќе се подобрува доживувањето при гледање филмови.

Откријте го True RGB од Sony
Лого за True RGB Лого за RGB Backlight Master Drive Pro

Зголемена прецизност на боите без отстапки

Sony ја обединува палетата на бои на нашиот врвен QD-OLED со големата светлина на Mini LED. Оваа комбинација создава поголем волумен на бои и можност за прикажување на боите со поголема прецизност.

Лого за RGB Backlight Master Drive Pro Лого за Luminance Booster Лого за RGB Triluminos Max

Погледнете ги скриените длабочини на нов начин

Од најсветлите бои до најтемната сенка, технологијата True RGB од Sony ги доловува дискретните детали на тоновите. Таа внесува поголема длабочина во приказната на екранот.

Лого за RGB Backlight Master Drive Pro Лого за Smooth Color Gradation

Иста неверојатна слика од секое место на седење

Со X-Wide Angle Pro, бојата и контрастот остануваат живописни и природни кога гледате од страна и од напред, овозможувајќи реално доживување како во кино во целата просторија.

Лого за RGB Backlight Master Drive Pro Лого за X-Wide Angle Pro

Кристално чисти слики со технологија за зголемување на резолуција потпомогната со AI

Откријте ги деталите одново. XR Clear Image AI интелигентно ја зголемува резолуцијата на вашите омилени содржини до 4K со враќање на изгубените детали за време на процесот на пренесување. Со анализирање на квалитетот на оригиналните содржини, гарантира природни текстури, а деталите се зачувуваат без да се жртвуваат оригиналните содржини на креаторот. Динамичната анализа на кадри и поделбата на зоните работат заедно за да се намали шумот кој се добива при пренесување на сигнал, со што се добива појасна и поприродна слика.

https://dam.sony.net/is/image/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/fy26/images/logos/BLANK.png?$originalDimensions$&fmt=png-alphaalt

Дури и брзите движења се јасни, светли и остри

Заборавете на заматувањето. XR Motion Clarity™ ги анализира движењата низ повеќе кадри и прецизно го синхронизира задното осветлување со движењата на екранот за да гледате јасни и светли слики, независно колку се брзи движењата.

Дење или ноќе - сликата се приспособува автоматски

Нема потреба ништо да приспособите. BRAVIA го открива светлото околу вас и ја приспособува сликата - вклучувајќи го и тонот на бојата - автоматски, со што филмовите се удобни и како во кино во секое време.

Поединечно калибрирани. Доследно беспрекорни

Секој телевизор BRAVIA е внимателно дизајниран. Со фабричко калибрирање на секој панел поединечно, ги отстрануваме варијациите и гарантираме доследни и висококвалитетни перформанси на кои можете да им верувате.

Звук

Реален, возбудлив, филмски и драматичен звук

BRAVIA 7 II ве опкружува со богат звук кој ја исполнува просторијата и кој е реален и добро балансиран во однос на прекрасната слика на телевизорот.

Звук како во кино, совршено усогласен со сликите

Слушајте звук од соодветно место. Не само под екранот, туку и директно од самиот екран. Благодарение на Acoustic Multi-Audio+™, сликите што ги гледате и звукот што го слушате се совршено усогласени.

https://dam.sony.net/is/image/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/fy26/images/logos/BLANK.png?$originalDimensions$&fmt=png-alphaalt

Од стерео до простран 3D-опкружувачки звук - пошироко, појасно

Обичниот звук станува извонреден. Благодарение на нашата подобрена конверзија во 3D-опкружувачки звук, вклучувајќи го и ексклузивниот виртуелизатор, стерео звукот се распространува во поширок и попрецизен 3D-звук - најостар, најјасен и најреален досега.

①: Стандарден телевизор    ②: Нов телевизор со конверзија во 3D-опкружувачки звук

Кристално јасен глас. Со технологија за AI

Нема повеќе придушени гласови. Нашата нова технологија Voice Zoom 3™ препознава човечки дијалози користејќи машинско учење со AI и соодветно ја зголемува или намалува јачината на звукот за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно. Може да се користи и со нашите производи за домашно кино.

https://dam.sony.net/is/image/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/fy26/images/logos/BLANK.png?$originalDimensions$&fmt=png-alphaalt

Автоматски калибриран кон вашата соба за совршен звук

Вашата соба станува дел од дизајнот на звукот. BRAVIA го мери просторот и висината на таванот, а потоа автоматски го калибрира звукот. Испорачува совршено балансирано филмско доживување без стресно поставување.

Со домашно кино

Со BRAVIA Theatre, домот се претвора во кино

Исполнете ги сите делови на просторијата со возбудлив филмски звук. Спојувањето на BRAVIA со BRAVIA Theatre ги пренесува чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом за ненадминато аудиовизуелно доживување.

Сеопфатен филмски звук, подобар од стандардниот виртуелен опкружувачки звук

Тоа е револуционерно. Нашата технологија 360 Spatial Sound Mapping создава фантомски звучници како дополнување на физичките звучници, за да создаде распоред на звучници како во кино и реална забава како од кино во вашиот дом.

Лесно проширете го вашето кино: Сабвуфер и задни звучници

Додајте што сакате - сабвуфер, задни звучници или и двете - директно кон BRAVIA за идеален звук како во кино. Уживајте во посилен бас, поголема моќ и пошироко опкружувачко поле - трансформирајќи ги филмовите во поголемо и поопширно филмско доживување. Лесна надградба без сложеноста на целосен систем за домашно кино.

Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® и DTS:X® преку спојување на нашиот пренослив звучник или BRAVIA Theatre U со BRAVIA за да добиете простран опкружувачки звук. Може да се користи и со одредени слушалки од Sony.

Една слика, паралелна репродукција на звук

Нашиот телевизор со истовремена репродукција на звук ви овозможува да слушате серија на вашите слушалки, а вашиот партнер да ја слуша истата серија преку звучниците на телевизорот. Исто така, може посебно да ја менувате јачината на звукот преку уредите со Bluetooth.

Совршено се вклопува со долгнавестиот звучник од Sony

Долгнавест звучник кој припаѓа заедно со вашиот телевизор. Дизајниран да се совпаѓа со формата и стилот, двата елементи се спојуваат во единечно и префинето присуство кое ја разубавува вашата соба без да биде упадливо.

Паметно

Забавата што ја сакате. Со помош од Google

Google TV™ ги обединува филмовите, сериите и другите содржини од вашите апликации и претплати и ги организира специјално за вас.

Дознајте

Содржина

Над 10.000 апликации и игри, директно на вашиот телевизор

Вклучете и пронајдете, во исто време. Со наменските копчиња за вашите омилени апликации може да го прескокнете загревањето на телевизорот и веднаш да почнете да гледате.

Control

Рамномерна контрола преку новиот далечински управувач или апликација

Контролирајте го BRAVIA на ваш начин. Користете го новодизајнираниот далечинскиот управувач, кој е создаден преку инклузивен процес на дизајнирање, користејќи повратни информации и од слепи луѓе и од луѓе со нормален вид, кој е направен од рециклирана пластика и кој е опремен со функција за пронаоѓање, или, пак, користете ја апликацијата BRAVIA Connect на вашиот паметен телефон. И со двете опции може да ја приспособувате јачината на звукот, поставките или, пак, да го проверите поставувањето, без да ви се потребни менијата на екранот.

Кажете што сакате да гледате

Пронајдете ги омилените содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за гласовна контрола на далечинскиот управувач за да започнете.​

Лого за Google TV.

Поврзување со Alexa

Поврзете ги вашите уреди што ја поддржуваат Alexa за беспрекорно контролирање на телевизорот BRAVIA без користење на рацете. Со Alexa може да го вклучувате вашиот телевизор, да менувате канали, да ја контролирате јачината на звукот и многу повеќе.

Поврзете

Google Cast™

Проследувајте од вашиот уред. Лесно проследувајте филмови, серии, фотографии и многу повеќе од вашиот телефон или таблет-уред, директно кон телевизорот.

Компатибилност со Apple AirPlay 2

Проследувајте без напор од вашиот iPhone, iPad или Mac кон вашиот телевизор. Гледајте филмови од апликации или од Safari. Споделувајте фотографии со пријателите во просторијата.

Технологија за пристапност на Google TV

Може да користите функции за отчитување, транскрипција на звук, пристап преку други уреди и многу повеќе, за да ја зголемите пристапноста на вашиот уред со Google TV.

За користење на овој телевизор се потребни задолжително ажурирање на софтверот од Google при поставувањето на телевизорот и согласност за правилата за користење на услугата и политиката за приватност на Google.

Дизајн

Хармонично присуство. Совршено се вклопува во вашиот простор

Транспарентниот централен држач му придодава лесен и лебдечки изглед на BRAVIA 7 II. Благодарение на опцијата за криење на каблите и рамката со брановидна шема која го одекнува звукот, дизајнот создава хармонија и го претвора телевизорот во составен дел на вашиот ентериер.

Хармонично присуство, кое изгледа софистицирано од секој агол и во секое опкружување

Нашиот нов концепт на дизајн ги спојува забавата и функционалноста со совршен баланс. Држачот Mirage ги сокрива каблите за да овозможи чист изглед без неред, а лебдечкиот дизајн создава елегантен и модерен изглед, кој е поинаков од изгледот на стандардните држачи на телевизорите. Потенките рабови на сите страни го комплетираат елегантниот и префинет дизајн.

Изберете модел
Фатете ја рачката за да го вклучите телевизорот

Држачот Mirage. Дискретен и беспрекорен

Цврстина во комбинација со леснотија. Држачот Mirage комбинира тенок челик со транспарентен заоблен панел, со што се создава илузија на лебдење.

Лесно ги сокрива каблите

Новодизајнираните столбови му овозможуваат на држачот да се вклопи во опкружувањето со дискретна софистицираност. Каблите се дискретно интегрирани во дизајнот на држачот, што овозможува баланс од функционалност и подобрена естетика, како и чист изглед од предната страна без неред.​

Беспрекорно на вашиот ѕид

BRAVIA може да се постави прилепено до ѕидот, со што беспрекорно се надополнува ентериерот, а сликата е центарот на вниманието.

Модерна и елегантна рамка

Суптилна по дизајн. Рамката има фина брановидна текстура која се вклопува со просторите за живеење, а елегантната рамка на сите четири страни гарантира непречено гледање за поголема задлабоченост.

Игри

Perfect for PlayStation®5

Бидете во центарот на случувањата со BRAVIA. Раскошни сцени, амбиентален звук и ексклузивни функции што внесуваат реалистичност во вашите омилени игри како никогаш досега.

Автоматски HDR со мапирање на тонови

Автоматското мапирање на HDR-тоновите веднаш ги оптимизира поставките за HDR при почетното поставување на вашата конзола PS5® и PS5® Pro. Дури и во темните сенки и во премногу светлите површини, ќе гледате врвни детали и реални бои.

Режим на слика со автоматски жанр

BRAVIA автоматски преминува во режимот за игри кога се приклучени конзолите PS5® и PS5® Pro за да го минимизира доцнењето и да го максимизира одзивот. Се враќа во стандарден режим кога гледате филмови за да прикаже пораскошни сцени.

Проследувајте игри од PlayStation® на вашиот BRAVIA

Контролирајте ја вашата конзола PlayStation® далечински, секаде каде што имате компатибилен телевизор BRAVIA што е поврзан на интернет. Апликацијата PS Remote Play ви овозможува да ја контролирате вашата конзола PS5®, PS5® Pro или PS4™ од друга просторија или локација, на пример, куќата на некој ваш пријател.

Сите неопходни функции за игри на едно место

Сè е лесно со Мени за игри 2. Проверувајте го вашиот статус, менувајте ги поставките и пристапувајте до помошните функции од едно место. Исто така, може да барате видеоснимки на YouTube и да ја изберете опцијата за приказ на повеќе слики од игри на YouTube веднаш.

Поддршката за Dolby Vision® внесува реалистичност во игрите

Еве како треба да изгледа светот на вашите игри. Неверојатно живописни бои, реален контраст во светли и темни површини, интензивна светлина. Со Dolby Vision®, играњето игри достигнува потполно ново ниво на длабочина и реалност.

Различни функции на HDMI 2.1

Нашите телевизори нудат 4K со 120 fps, променлива стапка на освежување и автоматски режим со мало доцнење, за да овозможат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри.

Два реда слики, на еден е прикажано 4K/60 fps, а на другиот 4K/120 fps

4K / 120 fps

Две слики од видеоигри, една со вклучен режим VRR, а другата со исклучен режим VRR

Променлива стапка на освежување (VRR)​

Две слики од автомобил во видеоигра, една слика има исклучен режим за игри, а другата има вклучен режим за игри

Автоматски режим со мало доцнење (ALLM)​

Животна средина и пристапност

Дизајниран земајќи ја предвид планетата, паметен избор за сите

Производите BRAVIA се дизајнирани да се хармонизираат со потребите на луѓето, а притоа да водат сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да користат уреди од Sony и ги прошируваме нашите иницијативи за животната средина преку употреба на рециклирани пластики во нашите производи. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.

Дознајте

Животна средина

Засилена светлина. Ефикасно напојување

Уживајте во широка палета на бои и максимална светлина со помала потрошувачка на енергија, во зависност од корисничките поставки. Технологијата за задно осветлување од Sony директно ја засилува секоја боја, а тоа ги исполнува сите сцени со неверојатна реалистичност - на брилијантен и енергетски ефикасен начин.​

Проверете ги еко поставките. Погледнете колку енергија трошите

Лесно менувајте ги еко поставките - посебно или одеднаш. Еко контролна табла 2 нуди сè на едно место, а може и да ја следи енергијата што ја трошите заради оптимална ефикасност.

Изработен од рециклирана пластика

Рециклирани материјали користиме за куќиштето и далечинскиот управувач на нашите телевизори. Држачот за приклучоците содржи SORPLAS™, што е ексклузивна рециклирана пластика од Sony.

Попаметно пакување: Помалку мастило, помали димензии

Дури и пакувањето може да направи разлика. Со користење помалку мастило и со намалување на големината на картонот, го намалуваме и нашето влијание врз животната средина, без отстапки во квалитетот.

Пристапност

Далечински управувач за секого

Новодизајниран далечински управувач кој сите може да го користат. Создаден со повратни информации од корисници со попреченост, се одликува со поголеми копчиња, впечатливи форми и подобар простор меѓу копчињата за навигацијата со допир да е полесна. Новата задна страна со брановидна текстура го подобрува држењето и удобноста, а функцијата за пронаоѓање на далечински управувач помага при лоцирање на истиот - практично за сите корисници, вклучувајќи ги и слепите лица или лицата со нарушен вид.​

Повеќе детали тука

Функции за отчитување и за зголемување текст

Функцијата за отчитување ви овозможува да го разгледате водичот за ТВ-програми или да ги промените поставките на телевизорот без да гледате во екранот, а функцијата за зголемување текст ќе прикаже зголемена верзија од фокусираниот текст во долниот или горниот дел на екранот. Функцијата за сооднос на текстот не зголемува само специфичен текст, туку го зголемува целиот текст на екранот, до најмногу 130%.

Пристапен за сите

За да можат луѓето со оштетен вид или без вид да го постават звучникот во вид на лента полесно, достапни се опипливи точки што означуваат QR-код за апликацијата BRAVIA Connect што нуди поддршка за читање на информациите на екранот. Опипливите точки на задниот панел означуваат eARC HDMI-приклучок за поврзување со телевизор.

Инверзија на бои

Функцијата за инверзија на боите прави инверзија на светлината на боите за да ги претвори светлите површини во темни, а темните површини во светли. Ако текстот се чита полесно со темна или светла боја во заднина, тогаш променете ја бојата на заднината со помош на функцијата за инверзија на бои. Оваа функција може да се вклучи или исклучи според потребите. Функцијата за корекција на боите овозможува приспособување на боите на екранот за поддршка на гледачите со далтонизам, вклучувајќи деутераномалија (црвено-зелено), протаномалија (црвено-зелено) и тританомалија (сино-жолто).

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот