Слушајте ја музиката како што треба. Создадени заедно со светски познати инженери за снимање звук, овие слушалки нудат прецизност како во музичко студио и ги репродуцираат сите нијанси и ноти, така како што замислил уметникот.
Специјално дизајнираниот звучник нуди остар звук кој можете речиси да го допрете - високите тонови треперат, вокалите дишат и сите детали се репродуцираат прецизно. Благодарение на оптимизираните електронски кола и врвните материјали, звукот се репродуцира лесно, чисто и балансирано.
Куполата направена од композитен материјал со карбонски влакна со голема цврстина и уникатно дизајнираната структура на звучната намотка ги истакнуваат најситните детали во сите фреквенции, за вокалите да звучат побогато, инструментите да бидат подефинирани и сите песни да содржат повеќе емоции.
Новосоздадената технологија за D/A-конверзија и обликување на шумот со можност за предвидување, која ја користи нашиот процесор QN3 за HD-поништување шум, овозможува подобро предвидување и приспособување на комбинираниот излезен сигнал, а притоа ги намалува изобличувањата, ја зголемува енергијата на басот и создава остар звук со брз одзив за реална репродукција на вашата музика.
Дијалозите, звучните ефекти и музиката во заднина со 2-кан. стерео звук, во филмските содржини кои ги гледате преку услугите за проследување, се претвораат во звучно поле како во кино кое нуди огромно уживање. Со подобрување на динамичкиот бас и моќниот звук, звукот се шири надвор од вашите слушалки за да создаде доживување како во кино. 360 Reality Audio Upmix for Cinema овозможува стерео звукот да се репродуцира како просторен звук во вашите слушалки, користејќи ја технологијата 360 Spatial Sound на Sony.0
Ако сакате нови опции за забава освен музика и филмови, слушалките WH-1000XM6 користат нови сензори и технологија за просторен звук за да создадат реален звук за игри со изменета реалност, како што е „Ingress“ од Niantic.0
Ако ја играте играта „Ingress“ со WH-1000XM6, сензорот и технологијата за просторен звук ќе ви понудат ново доживување: користејќи следење на главата, звукот се пренесува од различни насоки за да се усогласи совршено со случувањата на екранот.
Следењето на главата овозможува реалистично и возбудливо доживување при слушањето, преку автоматско прилагодување на звучните полиња заради компензација на движењата на вашата глава. Звуците ќе се усогласат прецизно со вашите слушалки, дури и кога се движите, за максимално да потонете во содржините кои ги слушате, доколку ги поврзете со компатибилни уреди и услуги.0
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и нашата апликација Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формите на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.
Напредниот алгоритам за лична оптимизација ни нуди уште поголем преглед на просторот, оддалеченоста и висината на звукот, овозможувајќи ви да уживате во вашата музика уште повеќе.0