Извонредно јасни повици

Јасен звук при секој повик. Интелигентното просторно филтрирање го издвојува вашиот глас од шумот во заднина, за секогаш да бидете слушнати - дури и кога зборуваат други луѓе. Треба да го стишите звукот? Направете го тоа веднаш, директно преку вашите слушалки.

Фокусирани на вашиот глас

Опремени со систем со шест микрофони со просторно филтрирање врз основа на AI, слушалките WH-1000XM6 ќе се фокусираат на вашиот глас и ќе го филтрираат шумот во заднина, за секој збор да се слуша остро и јасно, дури и во бучни опкружувања.
Човек прикажан во профил, кој носи црни слушалки WH-1000XM6 додека држи паметен телефон.

Интелигентно намалување на шум

Алгоритамот за намалување шум оптимизиран со AI ги намалува звуците во заднина, а воедно го издвојува вашиот глас. Благодарение на микрофоните со просторно филтрирање и технологијата за прецизно откривање гласови, сите зборови се слушаат јасно, дури и во бучни опкружувања.
 

1 = со шум
2 = без шум

Споредба на звучни бранови форми каде што е прикажано намалувањето на шумот: на левиот панел се прикажува глас со шум во заднина, а на десниот панел се прикажува истиот глас кој е изолиран по филтрирање на шумот.

Без шум од ветер

Подобрената структура и подоброто поставување на микрофоните ги минимизираат пречките од ветерот за да го намалат шумот во вашите повици и да овозможат појасно и поудобно доживување при слушањето.
Приказ од задна страна на слушалките WH-1000XM6 во црна боја.