Целта е да се запре искористувањето на животната средина
Инспириран од убавината на светот, Sony придонесува за зачувување на Земјата, а сепак им овозможува на креаторите да создаваат поубави и покреативни содржини. Со цел да постигнеме искористување на животната средина еднакво на нула низ целата групација на Sony до 2050 година, ќе ги забрзаме бројните еколошки иницијативи.
Високо ниво на одржливост
Нашите производи не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина. За слушалките ULT WEAR0 се користи рециклирана пластика, а за нивните пакувања не се користи пластика1. Ова е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
Пристапност
Веруваме дека технологијата треба да го направи светот поинтерактивен, покреативен, позабавен и сеопфатен. Сеопфатниот дизајн што ги зема предвид потребите на луѓето и што го применуваме за нашите аудиопроизводи, ни помага да го пренесеме нашето доживување KANDO на сите корисници, независно од нивната возраст, способност или опкружување.