Погледнете ја разликата што ја прави поништувањето на шумот
Повеќе музика, помалку шум во заднина
Благодарение на двата микрофони во секоја слушалка и технологијата за два сензори за шум што го доловуваат амбиенталниот звук, може да го блокирате надворешниот шум каде и да одите, а единственото нешто што ќе го слушате ќе биде вашата музика.
Слушајте попаметно
Вградениот процесор V1 помага во елиминирање на надворешните звуци со мало доцнење во обработката за да овозможи најефикасно поништување на шум досега.
Стишете го ветерот
Структурата за намалување на шумот предизвикан од ветер околу микрофонот го намалува шумот во заднина и овозможува јасни разговори и музика без прекини.
Поприроден амбиентален звук
Во режимот за амбиентален звук, слушалките ULT WEAR дозволуваат да навлезат повеќе амбиентални звуци, благодарение на прецизните микрофони насочени нанапред и наназад, за да можете да уживате во природно доживување при слушањето и да бидете поврзани со вашето опкружување. Освен тоа, апликацијата Sony | Sound Connect ќе ви овозможи да го приспособувате амбиенталниот звук во 20 нивоа, а може да ја користите и функцијата за фокусирање гласови за да разговарате без да ги вадите слушалките.
Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Таа препознава дури и локации што често ги посетувате, како што е вашето работно место, салата за вежбање или омилениот кафе бар, а потоа избира режим на звук што е соодветен за ситуацијата.