Функцијата за автоматско префрлување ви овозможува непречено да избирате дали звукот ќе се репродуцира од слушалките LinkBuds или изборен LinkBuds Speaker. Треба само да ги ставите слушалките во нивната футрола кога сте во близина на LinkBuds Speaker, и репродукцијата ќе продолжи преку LinkBuds Speaker. Штом ги извадите слушалките од футролата, репродукцијата автоматски ќе продолжи преку нив за да може да слушате музика во движење0.
Quick Access
Директен пристап до вашата музика со допир, без потреба да го допирате паметниот телефон012. Почнете да уживате во вашата музика без напор.
Создава аудиодоживување кое е приспособено само за вас, преку откривање на тековната ситуација и сцената, како одење, трчање и вежбање.
Репродуцира музика автоматски
Уживајте во музиката токму тогаш кога ви е потребна, со вклучување на функцијата „носете за да слушате“ која се приспособува според сцената. Репродукцијата започнува автоматски кога ќе ги ставите слушалките - нема потреба да го допирате паметниот телефон - и ќе слушате соодветна музика која се одредува според вашите секојдневни рутини или според вашите активности, како секојдневна прошетка, вежбање во сала или патување. Со Voice Cue, пак, ќе добивате известувања за важни информации како закажани термини и потсетници, за да може секогаш да бидете поврзани и со реалноста и со забавата, каде и да сте0.
Со функцијата за широка површина за допир, може да допрете двапати или трипати пред кое било од вашите уши за да ја контролирате репродукцијата на музиката, без потреба да ги допирате самите LinkBuds за да ракувате со нив01.
Моментална пауза. Моментална репродукција.
Само извадете ги слушалките од вашите уши и музиката ќе запре. Сензорот за близина знае кога носите една или две слушалки. Вратете ги слушалките во ушите и музиката ќе продолжи.
Контролирајте ги слушалките со гестикулации со глава
Ракувајте со слушалките користејќи обични гестикулации со глава, како одговарање или отфрлање повици0 или, пак, активирајте автоматска репродукција12 со наведнување или поместување на вашата глава.
Контролирајте со вашиот глас
Добијте помош без да ги користите рацете - само изговорете „Hey Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник0. Слушајте музика, поврзете се со пријателите, добивајте известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе, кога слушалките се поврзани со вашиот паметен телефон. Или, пак, може да ги користите вградените гласовни контроли за јачина на звук и репродукција кога слушалките се поврзани со кој било уред1.
Зборувајте и слушајте го само амбиенталниот звук
Поставете ја функцијата Speak-to-Chat да ја паузира музиката автоматски штом почнете да разговарате со некого, за да слушате само амбиентални звуци додека разговарате0 - ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира1.