Млада жена носи слушалки LinkBuds Open и седи во фотелја.

Звук со голема реалистичност

Уживајте во добро балансиран и висококвалитетен звук со јасни фреквенции од среден до висок опсег, благодарение на нашиот Integrated Processor V2 и специјално дизајнираниот прстенест звучник од 11 мм.

Музика, така како што треба да звучи

Нашиот уникатен прстенест звучник од 11 мм мораше да надмине тешки предизвици во дизајнот за да може да обезбеди висококвалитетен звук. Мембраната со многу приспособлива форма и моќниот неодимиумски магнет беа специјално избрани за репродукција на јасни звуци со средни и високи фреквенции.
Пресек на слушалка LinkBuds Open.

Извонреден баланс на звукот

Нашиот Integrated Processor V2 нуди реално доживување при слушањето преку репродукција на деталите во вашата музика со минимално изобличување. Приспособувањето на звукот е намерно дизајнирано да биде одлично балансирано, од ниските па сè до високите фреквенции, со природни и јасни вокали.
Чип за обработка Integrated Processor V2 од Sony.

Зачувајте го оригиналниот звук

Ако е извршена компресија на оригиналниот извор на музика, тој ги губи високофреквентните елементи што ги збогатуваат песните. Нашиот процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE™) верно ги обновува за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка.
Лого за DSSE™.

Извонредно јасни повици без шум

Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови и напредната обработка на аудиосигнали, соговорникот ќе може јасно да го чуе вашиот глас при повиците, дури и кога сте во бучно опкружување. Нашиот алгоритам за намалување шум е создаден со машинско учење со AI користејќи над 500 милиони примероци од гласови заради намалување на амбиенталниот шум и јасно нагласување на вашиот глас во различни опкружувања.
Млад маж ги носи слушалките LinkBuds Open и разговара на телефон.

Ново аудиодоживување за AR-игри

Ако сакате нови опции за забава освен музика и филмови, слушалките LinkBuds Open користат нови сензори и технологија за просторен звук за да создадат реален звук за игри со изменета реалност, како што е „Ingress“ од Niantic0.

Ако ја играте играта „Ingress“ со LinkBuds Open, сензорот и технологијата за просторен звук ќе ви понудат ново доживување: користејќи следење на главата, звукот се пренесува од различни насоки за да се усогласи совршено со случувањата на екранот.

Градски светилки, ноќно небо и маж кој стои на рид и носи светилка на главата, а во преден план се гледа логото Ingress Prime.

Функција за следење на главата

Со помош на компатибилни паметни телефони и услуги, следењето на главата создава реалистично и возбудливо доживување при слушањето, преку автоматско прилагодување на звучните полиња заради компензација на движењата на вашата глава. Звуците ќе се усогласат прецизно со акцијата на екранот на вашиот паметен телефон, дури и кога се движите, за максимално да потонете во содржините што ги гледате.

Слика на која е прикажано како функционира следењето на главата без 360 Reality Audio.

Стандардна употреба

При користење стандардни слушалки, кога ја движите главата, звукот се движи со слушалките. Тоа го поместува звукот од неговата положба во просторот, што го попречува 3D-ефектот и присуството.
Слика на која е прикажано како функционира следењето на главата со 360 Reality Audio.

Со функција за следење на главата

Со функцијата за следење на главата, кога ја движите главата, звучното поле ја задржува својата оригинална положба во 3D-просторот, за да овозможи реално доживување при гледањето и слушањето.

Дознајте како функционира следењето на главата

Почувствувајте ја реалната моќ на следењето на главата со оваа симулација. Ставете слушалки и погледнете го видеозаписот за да дознаете повеќе и да слушнете како следењето на главата ќе го направи вашето слушање пореалистично.
Млада жена носи слушалки, а околу неа се прикажува графика која покажува како функционира 360 Reality Audio.

Сертифицирани слушалки за уникатно доживување

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.