Сите функции

Спремни за поврзување во секое време

Благодарение на приклучокот USB-C®01, слушалките IER-EX15C беспрекорно се поврзуваат со вашите уреди—од телефони до лаптопи и конзоли за игри. Едноставноста на жичното поврзување значи дека нема потреба од батерии, нема доцнење и нема испаѓање на сигналот.
Слика одблиску од приклучок USB-C, со ознака „Компатибилност со уреди со USB-C“

Богат бас. Јасни вокали.

Дизајниран за удобност и јасност, звучникот од 5 мм со флексибилната мембрана овозможуваат слушалките да бидат лесни, без намалување на квалитетот на звукот. И покрај својата големина, тој репродуцира моќен бас и кристално чисти вокали и извлекува максимум од сите музички жанрови.
Жичените слушалки за во уво IER-EX15C емитуваат илустрирани звучни бранови

Удобно поставување

Обликувани за вашите уши, со компактно куќиште со контура. Ушни влошки што се испорачуваат во големини XS, M и XL за природно и безбедно чувство при носењето.
Слика одблиску од жичните слушалки за во уво IER-EX15C, удобно вметнати во човечко уво

Интуитивно ракување

Далечинскиот управувач вграден во кабелот ви овозможува лесен пристап до неопходните функции. Тој се одликува со повеќефункционално копче, контроли за јачина на звук +/- и вграден микрофон. Повеќефункционалното копче ви овозможува да ја репродуцирате или паузирате музиката, да прескокнувате песни, да одговарате на повици, да го активирате вашиот гласовен помошник и да го вклучувате или исклучувате микрофонот.01 Сѐ што ви е потребно, со само неколку брзи притиснувања.
Слика одблиску од IER-EX15C со далечинскиот управувач вграден во кабелот

Помалку заплеткувања. Помалку непријатности.

Текстурираниот кабел го сведува заплеткувањето на минимум и овозможува полесно користење во движење. Неговата назабена завршна обработка е дизајнирана да биде отпорна на јазли, така што ќе трошите помалку време на отплеткување кабли.
Рака што ги држи слушалките IER-EX15C, уредно завиткани за да се покаже дизајнот отпорен на заплеткување

Лизгачот за кабел овозможува сѐ да остане на своето место

Благодарение на вградениот лизгач за кабел и приспособувачот за кабел, може детално да ја приспособувате должината на кабелот во зависност од вашите потреби. Тоа овозможува да се намали олабавувањето на кабелот при слушањето и заплеткувањето при складирањето и ви нуди едноставност, без разлика дали ги носите или ги пакувате слушалките.
Зумиран приказ на вградениот лизгач и приспособувач на кабел на слушалките IER-EX15C

Ваша боја. Ваш изглед. 

Изберете ја бојата што најмногу ви одговара—црна, бела, сина или розова.0 Без разлика дали повеќе сакате нешто неутрално или суптилна живописност, секоја боја е дизајнирана за секојдневно носење и има своја карактеристичност.
Слушалки IER-EX15C во црна, бела, сина и розова боја, поставени околу приклучоци USB-C

Целта е да се запре искористувањето на животната средина

Инспирирана од убавината на светот, компанијата Sony придонесува за зачувување на Земјата и нуди врвен квалитет на звук и врвни доживувања при слушањето. Со цел да постигнеме искористување на животната средина еднакво на нула низ целата групација на Sony до 2050 година, ќе ги забрзаме бројните еколошки иницијативи.
Цртеж од иницијативата „Road to Zero“ на Sony

Високо ниво на одржливост

Нашите производи не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина. За поединечните пакувања не се користи пластика.0 Ова е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
Слика од рециклирани материјали

Пристапност

Веруваме дека технологијата треба да го направи светот поинтерактивен, покреативен, позабавен и сеопфатен. Сеопфатниот дизајн што ги зема предвид потребите на луѓето и што го применуваме за нашите аудиопроизводи, ни помага да го пренесеме нашето доживување Kando на сите корисници, независно од нивната возраст, способност или опкружување.
Раскошен пејзаж и група различни луѓе кои ја симболизираат посветеноста на BRAVIA за одржливост на животната средина и пристапност за сите.