ЦЕНТАР ЗА ПРИВАТНОСТ
Објаснување на Политиката за приватност
Ние навистина сериозно ја сфаќаме нашата политика за приватност. Оваа политика објаснува што, зошто и како ги прибираме и користиме вашите лични информации, на кој начин ги заштитуваме и како може да стапите во контакт со нас.
Политика за приватност
Sony Europe BV („Sony Europe“, „ние“ или „нас“) е компанија од групацијата Sony одговорна за обработка на податоците поврзани со електронските производи за широка потрошувачка и професионалните електронски производи, услугите и веб-сајтовите на Sony во Европа. Компанијата е регистрирана во Холандија.
Оваа политика објаснува за видовите на информации што може да ги собереме и задржиме, на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците (погледнете го делот „Споделување информации за вас“). Исто така, таа одредува на кој начин може да контактирате со нас доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации. Некои наши услуги имаат и сопствена политика на приватност која нуди детали за начинот на кој тие услуги ги користат вашите информации.
Ве молиме имајте предвид дека за обработката на податоци која се контролира надвор од Европа се одговорни други компании во групацијата Sony, како што е Sony Corporation во Јапонија, или ако се работи за други производи и услуги од Sony, тогаш компании како Sony Computer Entertainment и Sony Mobile.
-
Информациите што ги собираме
Накусо
Какви лични информации собира Sony Europe и од каде ги добива тие информации?
Sony Europe може да собира информации за вас на повеќе различни начини, на пример: кога пополнувате полиња за текст или кога вчитувате документи на интернет.
Информации што вие ни ги испраќате
Секогаш кога комуницирате со Sony Europe, од вас може да биде побарано да ни испратите информации поврзани со вас. На пример:
- За некои наши услуги треба да направите сметка, како што се нашите услуги My Sony или Заедница и Sony Professional Solutions Europe. При создавање на вашите сметки, можно е да побараме од вас да ни испратите различен вид на информации, како што е вашето име, датумот на раѓање, адреси на е-пошта, податоци за контакт, интереси и претпочитани поставки за вашата сметка и списанието
- Кога ќе купите, регистрирате, испратите за поправка или вратите некој од нашите производи преку интернет, можно е да го снимиме повикот и/или да побараме од вас да ни испратите информации како што се вашите податоци за контакт, датумот на испорака, местото каде што сте го купиле производот и информации за плаќањето
- Кога ќе се обратите во нашите сервисни центри за помош, ние може да ги зачуваме информациите за повикот, вклучувајќи го вашето име, производот(ите) што сте го купиле, причината за која се обративте кај нас и советот што сме ви го кажале
- Кога ќе се придружите на некоја наша програма за лојалност, ние може да собираме информации поврзани со вашето користење на програмата за лојалност и наградите што ќе ги добиете
- Кога учествувате во некои наши извлекувања на награди или натпревари, може да ги собереме информациите за вашето име, адреса, возраст, уметнички дела,
- Кога ќе нè посетите на некој јавен настап, како на пример, саем за трговија или изложба или, пак, учествувате во некоја од нашите анкети, ние може да побараме информации како што е вашата деловна картичка, име, податоци за контакт и интереси
- Кога ги користите нашите услуги на интернет, можно е да ги примиме содржините што ќе одлучите да ги вчитате на интернет, како на пример, написи за производи, коментари, фотографии и објавувања на форуми или, пак, податоци за вашите интереси и претпочитаните опции за кои одлучувате да ни кажете кога, на пример, ги избирате услугите што сакате да ги примите
- Кога учествувате во анкети и истражувања, може од вас да побараме информации како што е вашата адреса на е-пошта и информации за вас
Информации што може да ги собереме од други извори
Исто така, ние можеме да собираме информации од јавно достапни извори и трети лица, вклучувајќи и:
- Кога се обидувате да купите некој производ од нас, можно е да извршиме финансиска и кредитна проверка за да се осигуриме дека исплатата не е лажна и дека имате соодветен кредитен рејтинг
- Ако купите производи или услуги од центар на Sony или друг продавач, можно е да примиме одредени информации за вашето купување од страна на тој продавач
- Исто така, можно е да добиеме информации за вас и од други компании од групацијата Sony со кои комуницирате; поточно, кога ги поврзувате вашите сметки за одредени услуги од групацијата Sony (за повеќе информации за поврзаните сметки на Sony, погледнете го делот „Поврзани сметки на Sony“ подолу).
- При спроведување на деловни повици за продажба, можно е да користиме деловни податоци за контакт што се јавно достапни
- Кога спроведуваме истражувања и развој, можно е да користиме информации за вас што се јавно достапни
Информации што може да ги собереме поврзани со социјалните мрежи
Ако користите некоја од нашите апликации, страници или дополнителни компоненти за социјалните мрежи или, пак, користите некој од нашите производи или услуги што овозможуваат комуникација со социјалните мрежи, тогаш можно е да добиеме информации поврзани со вашите сметки за социјални мрежи.
На пример:
- ако се најавите на некој од нашите веб-сајтови или услуги користејќи ја вашата сметка за социјални мрежи, можно е да добиеме основни податоци од вашиот профил за социјални мрежи. Основните податоци што ги добиваме може да зависат од вашите поставки за приватност на сметката за социјални мрежи, меѓутоа, во нив може да спаѓа и вашиот ID-код за социјалната мрежа, името, сликата за профил, полот и локацијата. Исто така, можно е да добиеме и дополнителни информации од вашиот профил доколку ни дадете дозвола да пристапиме до нив
- Доколку кликнете „ми се допаѓа“, „+1“, „tweet“ или слично копче на некој од нашите веб-сајтови или услуги, можно е да го зачуваме фактот дека сте го направиле тоа. Покрај тоа, содржините што ги гледате може да бидат објавени на вашиот профил или канал за информации на социјалната мрежа. Можно е да добиеме информации за дополнителните интеракции со оваа објавена содржина (на пример, ако вашите контакти кликнат на линкот од објавената содржина), кои може да ги поврземе со податоците што ги зачувуваме за вас
- Ако кликнете „ми се допаѓа“, „+1“ или слично копче на некоја од нашите страници на сајтот од социјалната мрежа, можно е да добиеме информации за вашиот профил на социјалната мрежа, во зависност од вашите поставки за приватност на сметката за социјални мрежи
За повеќе информации и подетални податоци за начинот на кој можете да го контролирате пристапот до вашиот профил на социјалната мрежа, треба да ја погледнете политиката за приватност и другите совети што се достапни на веб-сајтот на социјалната мрежа.
Информации што може да ги собереме кога ги користите веб-сајтовите, производите и услугите од Sony
Некои од нашите веб-сајтови, производи што овозможуваат поврзување на интернет и онлајн услуги проследуваат информации до Sony Europe за начинот на кој ги користите, вклучувајќи и:
- Податоци за содржината што ја гледате и со која ракувате. На пример, кога го користите нашиот веб-сајт, можно е да собереме информации за вашата посета, како што е софтверот за вашиот пребарувач, кои страници ги гледате и на кои елементи „кликнувате“ или ги додавате во вашата корпа за купување
- Услугата, производот или записниците од серверот што содржат информации за вашето користење на нашите услуги, производи или веб-сајтови, како што е вашата IP-адреса, информации за пребарувачот (вклучувајќи команди за HTTP-кориснички агент), информации за барањето од HTTP-клиентот и времето и локацијата на вашите активности, домен, уред или поставки на апликацијата, грешките и активноста на хардверот
- Информации за уредот како што е ID-кодот на вашиот уред(и) и/или информации за физичката локација на вашиот уред. На пример, кога користите услуга или апликација за географска локација и сте дале согласност за споделување на вашата локација
- Интереси и претпочитани опции што ги посочувате при поставување на услугата или производот што овозможува поврзување на интернет
- Податоци од вашите поврзани сметки на Sony, како и времето и начинот на кој ги користите (за повеќе информации за поврзаните сметки на Sony, погледнете го делот „Поврзани сметки на Sony“ подолу).
- Комуникациите преку е-пошта помеѓу вас и нашите центри за повици или други вработени лица во Sony може да се следат и евидентираат.
Овие информации најчесто се собираат преку дигитални идентификатори како што се број на уред, колачиња на пребарувачот или вашата IP-адреса. Овие идентификатори се користат за распознавање на информациите што ги добиваме од вашиот пребарувач или уред од информациите за пребарувачот или уредот на друг корисник.
Можно е да ги поврземе собраните информации со некоја ваша сметка, ако на пример, се најавите на некоја услуга при собирање на информациите. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња за да дознаете повеќе детали.
-
Како Sony Europe ги користи информациите што ги собира
Накусо
Како Sony Europe ги користи информациите што ги собира и каква е правната основа за тоа.
Sony Europe може да ги користи информациите што ги прибира за следните потреби:
Испорака на услуги
Кога користиме лични информации за да ви ги понудиме нашите производи и услуги, обработката се основа врз договор помеѓу вас и Sony Europe. Во овој контекст може да ги искористиме личните информации за:
- Да ви обезбедиме производ или услуга што сте ја побарале, вклучувајќи и проверка за лажна исплата, испорака на производот што сте го купиле или гаранција дека ќе имате придобивка од која било соодветна специјална понуда или промоција (и исполнување на своите обврски според кој било друг договор што го потпишала компанијата со вас)
- Да обезбедиме грижа за потрошувачите, гаранција, враќање на производи и други услуги по продажбата
- Да ги олесниме и проследиме вашите пребарувања и барања за информации кога нè контактирате за компанијата Sony Europe и нејзините производи и услуги
- Да обезбедиме услуга за помош при наплата. Кога ги користите нашите продавници на интернет, можно е да ги собереме податоците за сите производи што сакате да ги купите и вашата адреса на е-пошта додека го пополнувате формуларот за наплата. Доколку не го завршите купувањето, може да контактираме со вас користејќи ги овие податоци и да ви понудиме помош (во случај, на пример, да сте имале технички проблеми). Ова е изборна услуга. Може да изберете да не добивате е-пораки за помош при наплата во секое време, следејќи го линкот на крајот од секоја е-порака за помош.
Развој на производи и услуги
Ние работиме континуирано за да ги подобриме нашите производи и услуги. Оваа обработка ја засноваме врз нашите интереси за развој на производи и услуги за да можеме подобро да ги задоволиме барањата на корисниците, да обезбедиме квалитет на податоците, да создадеме соодветно управување со идентитети и да ја подобриме заштитата на мрежата и податоците, или според вашата претходна согласност. Во овој контекст, личните информации може да ги искористиме за:
- Обука на персоналот и гаранција за квалитет, особено кога станува збор за односите на персоналот со нашите потрошувачи во нашите центри за повици, е-пораки и други центри за поддршка
- Да ги оцениме нашите перформанси или да ве прашаме за мислење во врска со производите и услугите на Sony и за спроведување анкети за производите
- Да спроведеме активности за истражување и развој за создавање и подобрување на нови и постојни производи и услуги од Sony, препораки, реклами и други комуникации и за да дознаеме повеќе за потрошувачите.
Маркетинг
Кога ги користиме личните информации за маркетинг, тогаш обработката ја засноваме на нашите легитимни интереси да ги запознаеме нашите корисници и да ве информираме за најновите производи и услуги на Sony Europe, како и да го персонализираме вашето корисничко искуство, или на ваша претходна согласност, на пример за испраќање рекламни пораки и за персонализирање на вашето корисничко искуство.
Поточно, вашите информации може да ги собираме, складираме, следиме и да создадеме профил од нив за:
- Да ви испраќаме списанија и други комуникации преку е-пошта, доколку претходно дадете согласност за тоа или веќе имаме дозвола да го сториме тоа во согласност со важечкиот закон. Погледнете го делот за Рекламни комуникации подолу за да дознаете повеќе.
- Да реализираме наградни игри, натпревари и други промотивни понуди
- Да ви прикажуваме персонализирани содржини, препораки и реклами и поефикасно да ги насочуваме продавниците, услугите, содржините, препораките, рекламите и комуникациите на Sony. Ваквото персонализирање и насочување може да го забележите при користење на производите и услугите на Sony, кога ви испраќаме рекламни комуникации и кога ги користите нашите веб-сајтови и веб-сајтовите на трети страни и нивните услуги што ги прикажуваат нашите реклами или рекламите на нашите рекламни партнери (на пример, може да видите реклама за производ од Sony што неодамна сте го виделе на некој од нашите веб-сајтови). Персонализацијата и насочувањето кои ги гледате на нашите веб-сајтови, веб-сајтовите на трети страни или во нашите реклами и комуникации на интернет може да ги користат вашите AdID, пиксели, ознаки, како и колачињата или други дигитални алатки за следење што ги поставуваме ние или нашите рекламни партнери во улога на трети страни. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња за повеќе информации. Ваквото персонализирање и насочување може да се заснова и на слична публика создадена преку платформи за рекламирање (дополнителни информации погледнете подолу). Во други случаи, нашите услуги може да содржат специфични поставки за контролирање на персонализираните содржини, па затоа треба да ја прочитате политиката на приватност за соодветната услуга за повеќе информации.
- Да создаваме слична публика преку алатки од платформите за рекламирање за да идентификуваме други потенцијални корисници на Sony со слични интереси или демографија како тие идентификувани во вежбата за создавање слична публика и да испраќаме реклами до тие други потенцијални корисници на Sony.
- Да создадеме анонимна групна статистика за користењето на нашите веб-сајтови, производи, услуги и програми за лојалност, кои може да ги споделиме со трети страни и/или да ги направиме достапни за јавноста.
- Да користиме оценки за производи, коментари или содржини што сте ги вчитале на нашите веб-сајтови или услуги и да ги направиме овие материјали достапни за јавноста, да ги објавиме или рекламираме на друго место, вклучувајќи ги и нашите реклами. При секоја нова објава или одговор на некоја објава или тема од форумите на веб-сајтот на Sony Europe, покрај обезбедувањето на услугата на овој форум, можно е да го зачуваме и името на форумот, времето и датумот на вашата објава или тема со податоците од вашата сметка. Ова го правиме со цел подобро да ги разбереме „типичните корисници“ на нашите форуми и да ги избереме или прилагодиме нашите рекламни комуникации според вашите активности на форумот. Ние не ја користиме содржината на вашите објави или теми на форумот за овие дополнителни причини.
Безбедност
Информациите што сме ги собрале од следењето на нашите веб-сајтови, онлајн услуги и е-пораки може да ги користиме за безбедносни потреби. Овие информации може да се предадат на полицијата или други соодветни власти. Овој процес го основаме врз нашите интереси за да ве заштитиме вас и вашата компанија, системи, вработени и партнери или, пак, врз правната обврска да соработуваме со надлежните власти.
Спречување и истражување измами
Sony Europe може да ги искористи личните информации за спречување измами и за истражување на прекршоци или на нашите политики. На пример, може да ги искористиме вашите информации, како што е ID-кодот на вашиот уред, за да провериме дали ваучерите или попустите што се однесуваат на која било промоција или кампања се користат со цел да се направи измама, но и за да провериме дали се врши измама при плаќањето. Во тој случај, обработката на лични податоци ја основаме врз нашите интереси за спречување измами и за обезбедување само придобивки за нашите корисници.
Личните информации може да ги искористиме и заради усогласување со применетите закони, правила и судски одлуки и заради усогласување со важечки правни барања за информации од таквите правни установи. Вашите лични информации може да ги искористиме за примена или одбрана на законските права на која било компанија од групацијата Sony или на правилата и условите на кој било производ или услуга на Sony. Во тој случај, обработката ќе ја основаме врз правната обврска под која подлежи Sony Europe или врз нашите интереси за одбрана на нашите законски права.
Други причини
Комбинирање на информациите што ги собираме
Можно е да ги поврземе или комбинираме информациите што ги собираме од различни извори наведени погоре во делот „Информациите што ги собираме“ (каде што спаѓаат информациите што ги добиваме од други компании на групацијата Sony поврзани со користење на други производи и услуги од групацијата Sony). Информациите може да се поврзат преку уникатни идентификатори, како што се колачиња или број на сметка (особено при поврзување на сметки од Sony - за повеќе информации за поврзаните сметки на Sony, погледнете го делот „Поврзани сметки на Sony“ подолу). Или, пак, може да одлучиме да комбинираме две или повеќе бази на податоци и да добиеме една база на податоци за потрошувачите.
Ова може да го направиме заради поголема практичност за вас и/или нас (на пример, да ви овозможиме полесно регистрирање за нова услуга), а тоа ќе ни овозможи да ви понудиме уште подобра поддршка за корисници секогаш кога ќе се обратите кај нас и да ви понудиме подобри и персонализирани услуги, содржини, рекламни комуникации и реклами.
-
Споделување информации за вас
Накусо
Како се споделуваат вашите информации во рамките на Sony и со 3-тите страни?
Споделување информации од страна на Sony Europe
Генерално, Sony Europe не продава, изнајмува, ниту открива информации за вас на трети страни без ваша согласност. Сепак, постојат неколку исклучоци:
Други компании од групацијата Sony
Можно е да откриеме информации за вас на други компании од групацијата Sony. Тие можат да ги комбинираат овие информации со други податоци за вас кои веќе ги имаат. Доколку не ви ја достават нивната политика за приватност, тие можат да ги искористат вашите лични податоци за причини објаснети во оваа политика.
Центри на Sony
Ако одлучите да купите производи или услуги од некој центар на Sony (без разлика дали тоа ќе биде во продавница, преку нашиот веб-сајт или преку телефон), Sony Europe може да ги сподели информациите за вашето купување со тој центар на Sony. Информациите за вашето купување може да се комбинираат со други податоци за вас како потрошувач што ги содржи тој центар на Sony, како што се податоци за други извршени купувања и тие ќе се обработат согласно политиката на приватност на центрите на Sony што е достапна на нивните веб-сајтови.
Даватели на нашите услуги
Можно е да користиме даватели на услуги од трети страни (за обработка на податоци или контрола на податоци) за обработка на вашите лични податоци заради причини наведени погоре. На пример, за пополнување нарачки, испорачување пакети, испраќање писма по пошта и е-пораки, испраќање текстуални пораки (SMS), обезбедување помош при рекламирање, обработување исплати преку кредитни картички, обезбедување услуги за проверка на измами и обезбедување услуги за потрошувачите.
Нашите соработници за обработка на податоци работат само во согласност со нашите инструкции, според оваа политика и подлежат на соодветни обврски за доверба и безбедност.
Рекламни партнери од трети страни
Од локациите каде што преземате и/или користите какви било апликации и/или услуги на Sony, ние може да ги споделиме вашите лични податоци што ги собираме за вашето користење на апликациите и услугите со нашите рекламни партнери за тие да можат подобро да ги насочат и/или персонализираат рекламите што се прикажуваат во сите услуги на Sony или, пак, која било друга апликација што ја користите (независно дали е од Sony или не). Некои наши рекламни партнери од трети страни работат независно, што значи дека ќе ги користат податоците согласно правилата на нивните политики за приватност. Исто така, може да ги контролирате персонализираните реклами преку поставките за колачиња на вашиот пребарувач (за повеќе информации погледнете ја нашата Политика на колачиња)
Списанија од трети страни
Ако побарате или се согласите да добивате информации или списанија од некој наш деловен партнер, можно е да ги дадеме вашите податоци на таа трета страна за да може да ви одговори на вашето барање.
Правни и деловни причини
Можно е да ги искористиме и/или откриеме информациите за вас на трети страни:
На државни органи и агенции за применување на законот за спречување измами, за усогласување со законот и исполнување разумни барања од таквите органи
На трети страни (вклучувајќи и професионални советници) за применување или бранење на законските права на која било компанија од групацијата Sony или правилата и условите на кој било производ или услуга од Sony
На откупувач или продавач во улога на трета страна и неговите и нашите професионални советници, поврзани со корпорациски настан како што е спојување, деловно преземање или неспособност за плаќање
Анонимна статистика
Ние подготвуваме анонимни, групни или општи податоци (вклучувајќи „општа“ статистика) заради голем број причини наведени погоре. Бидејќи сметаме дека не може да бидете идентификувани од овие информации, можно е да ги споделиме со некоја трета страна (како што се нашите партнери, рекламни компании, индустриски органи, медиумите и/или јавноста).
Споделување информации од ваша страна
Голем број наши онлајн услуги ви овозможуваат да вчитувате и споделувате пораки, фотографии, видеоснимки и други содржини и линкови со други лица и/или да создадете јавно достапен профил за вашата сметка. На пример:
Областа за заедници и форуми на нашиот веб-сајт ви овозможува да објавувате коментари (со името на вашата сметка) што можат да ги видат останатите корисници на таа услуга
Други услуги кои ви овозможуваат да споделите линк, кој доколку се кликне може да му овозможи пристап на примателот до вашите содржини вчитани на интернет
Не треба да очекувате дека информациите, што ги правите да бидат достапни за останатите преку онлајн услугите на Sony Europe, ќе останат приватни или доверливи. Содржините и линковите што ги споделувате може, на пример, да се проследат до други приматели. При користење на вакви услуги мора секогаш да бидете дискретни.
-
Поврзани сметки на Sony („Едно најавување“)
Накусо
Што се поврзани сметки на Sony и на кој начин се користат?
Што се поврзани сметки на Sony
Вашите сметки за различни онлајн услуги од Sony можат да се поврзат со цел да ги користите истите податоци за најавување (адреса на е-пошта и лозинка) за да пристапите до сите сметки („Едно најавување“). Исто така, помеѓу поврзаните сметки се врши синхронизација и на други основни податоци од нив, за да можете поедноставно да управувате со вашите сметки.
Како компаниите од групацијата Sony ги користат?
Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој ги користиме информациите за вашата поврзана сметка(и) и начинот на кој вие ги користите нашите онлајн услуги.
Другите онлајн услуги од Sony се управувани од страна на различни компании од групацијата Sony. Политиката на приватност за секоја услуга ќе ве извести на кој начин оваа услуга ќе ги искористи податоците од вашата сметка и која компанија од групацијата Sony е одговорна (политиката на приватност за секоја услуга може да ја најдете на нејзиниот веб-сајт).
Сепак, компаниите од групацијата Sony најчесто ќе ги користат информациите за вашите поврзани сметки на Sony за следните потреби:
Поврзување на сметки / синхронизирани основни податоци за сметките
Основните податоци за сметките ќе ги споделуваме со други компании од групацијата Sony во следните случаи:
- Основните податоци за сметките ќе ги споделуваме со други компании од групацијата Sony во следните случаи:
- менување на вашите основни податоци за сметката (бидејќи овие податоци се синхронизираат, промените автоматски ќе се извршат низ сите ваши поврзани сметки).
Корисничка поддршка
Ако имате поврзани сметки за услугите на Sony, секој повик и е-порака од Sony или друг центар за поддршка за тие услуги може да пристапи до вашите основни податоци за сметката, со цел да одговори на вашите барања. Како што е наведено погоре, промените што ги вршите преку службата за корисничка поддршка автоматски ќе се извршат во сите ваши поврзани сметки.
Новости, натпревари и понуди од Sony
Можно е да ви биде понудена можност да се регистрирате за добивање информации за новостите, натпреварите и понудите од групацијата Sony. Доколку се регистрирате, компаниите од групацијата Sony може да ви ги испраќаат нивните новости, натпревари и понуди и може да ги искористат податоците од вашите поврзани сметки од Sony за да ги направат овие информации поважни за вас.
Анализа на потрошувачите
Групацијата Sony може да ги собира и анализира информациите во врска со вашите поврзани сметки (на начин кој нема директно да ве идентификува) за развој на производи и услуги, деловни промоции и истражувања, а резултатите да ги сподели со други компании од групацијата Sony и со трети страни (дури и ако не користите ниту една нивна услуга).
Користење и откривање податоци заради правни и корпоративни причини
Секоја компанија од групацијата Sony може да ги искористи и/или открие податоците за вашите поврзани сметки на Sony:
На државни органи и агенции за применување на законот за спречување измами, за усогласување со законот и исполнување разумни барања од таквите органи
На трети страни (вклучувајќи и професионални советници) за применување или бранење на законските права на која било компанија од групацијата Sony или правилата и условите на кој било производ или услуга од Sony
На откупувач или продавач во улога на трета страна и неговите и нашите професионални советници, поврзани со корпорациски настан како што е спојување, деловно преземање или неспособност за плаќање
Вашите права во однос на поврзаните сметки
Откако ќе ги поврзете вашите сметки, компанијата од групацијата Sony што раководи со која било услуга до која пристапувате ќе продолжи да ја контролира вашата сметка за таа услуга (и сите податоци што се прибираат додека ја користите таа услуга) согласно нејзината политика за приватност. Поврзувањето на вашите сметки нема да го промени тоа.
Ако сакате да се повикате на кои било права за лични податоци (наведени во делот „Пристап до вашите информации и вашите права“ подолу) поврзани со некоја сметка, тогаш ќе треба да се обратите во соодветната компанија од групацијата Sony што ја контролира таа сметка согласно нејзината политика за приватност.
Во случај да сакате да откажете или поништите една или повеќе поврзани сметки, тогаш ќе треба да ја следите постапката за откажување сметки за секоја поединечна сметка или услуга што сакате да ја откажете. Не е можно да откажете една или повеќе поврзани сметки ако контактирате само со една компанија од групацијата Sony. Секоја компанија од групацијата Sony може да обработува и спроведува барања за откажување сметки само за нивните услуги.
-
Меѓународни преноси на вашите информации
Накусо
На кој начин Sony Europe врши пренос на вашите информации во други земји?
Sony Europe е дел од групацијата Sony која претставува глобална организација. Заради причини објаснети во оваа политика, вашите информации (вклучувајќи ги и податоците од вашата поврзана сметка - за повеќе информации за поврзаните сметки на Sony погледнете го делот „Поврзани сметки на Sony“ погоре) може да се пренесат во компании од групацијата Sony (вклучувајќи ги и давателите на услуги кои работат во нивно име) и други трети страни во земји каде што не постојат закони со исто ниво на заштита на податоци како оние во земјата каде што живеете.
Sony Europe користи различни правни механизми, вклучувајќи ги и стандардните клаузули за договори на ЕУ, за да се осигури дека вашите права и заштита ќе ги придружуваат вашите податоци. Затоа сите компании од групацијата Sony (и нивните овластени компании за обработка на податоци) ќе се усогласат со внатрешната политика на Sony Europe за обработка на лични информации која е во согласност со најважните принципи за заштита на податоци за правилно ракување со личните информации и за обезбедување соодветно ниво на заштита за личните информации.
Ве молиме контактирајте нè доколку сакате да добиете дополнителни информации за меѓународниот пренос на податоци. Податоците за контакт се наведени на крајот од оваа политика.
-
Рекламни комуникации
Накусо
Како Sony Europe ги користи вашите лични информации за да ви испрати рекламни комуникации и на кој начин може да ги промените вашите претпочитани опции за рекламирање?
Кога ќе ни ги испратите вашите податоци за контакт, на пример, кога купувате производ, се јавувате во нашите центри за поддршка за корисници или правите сметка за некоја од нашите услуги, ќе ви биде понудена можност да изберете (или во одредени случаи каде што дозволува применетиот закон, да не изберете) да добивате разни списанија и други комуникации преку пошта, е-пошта, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од Sony Europe и/или останатите компании од групацијата Sony. Овие комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги од Sony, вклучувајќи и надградби и специјални понуди во кои може да учествувате.
Исто така, Sony Europe може да ги искористи вашите информации за поефикасно персонализирање и насочување на своите рекламни комуникации, како што е наведено во оваа политика. Кога користиме профили на корисници за директни рекламни цели, тогаш во секое време имате право да приговорите на овој вид обработка на вашите лични информации, или да ја повлечете вашата согласност, доколку претходно сте дале согласност. Можете да нè контактирате преку податоците за контакт во делот „Контактирајте нè“ подолу за да ги промените вашите претпочитани опции.
Претпочитаните опции за рекламни комуникации може да ги промените во секое време:
- Ако сакате да го поништите членството преку е-пораката што ви била испратена, тогаш следете го линкот за „поништување на членството“ и/или инструкциите наведени (најчесто) на крајот од таа е-порака. Но, имајте предвид дека:
- Ако користите повеќе адреси на е-пошта за купување или за контактирање со Sony Europe, тогаш ќе биде потребно да го откажете членството за секоја адреса на е-пошта посебно
- Овој метод ќе ви овозможи да го откажете само членството за добивање списанија или други комуникации што сте ги добивале, а доколку сакате да се откажете од сите наши рекламни комуникации треба да искористите некој од другите методи
- Ако сте се регистрирале во Sony Europe на интернет и имате сметка „MySony“, тогаш може да се најавите и да ги измените вашите претпочитани опции за рекламни комуникации во поставките на сметката
- Можете да контактирате со нас користејќи ги податоците во делот „Контактирајте нè“ подолу за да ги промените вашите претпочитани опции за рекламни комуникации
Ве молиме имајте предвид дека повремено може да ви испраќаме важни информации за производите и услугите на Sony Europe што ги користите или сте ги користеле (како што се потврди за нарачки, соопштенија за безбедност на производи и промени на услугите) или за вашите сметки. Овие е-пораки не зависат од вашите претпочитани поставки за рекламни комуникации.
-
Безбедност на вашите информации
Накусо
Како Sony Europe ги заштитува личните информации и што може да направите за да се заштитите?
Што правиме за да ги заштитиме вашите информации
Ние преземаме повеќе чекори за заштита на вашите информации од случајно или незаконско уништување, губење, изменување, неовластено откривање или пристапување, применувајќи го и следното (таму каде што е потребно):
- шифрирање со Secure Sockets Layer (SSL) при собирање или пренесување чувствителни информации, како што се податоци за кредитни картички (SSL-шифрирањето е наменето да ги спречи сите лица да ги читаат податоците, освен нас)
- ограничување на пристапот до информациите што ги собираме од вас (на пример, пристапот до информациите им е дозволен само на работниците на кои им се потребни вашите информации за да ги извршат своите деловни активности)
- поставување физичка, електронска и процедурална заштита согласно индустриските стандарди
Што треба да направите за да ги заштитите вашите информации
Како општа најдобра практика на интернет, се препорачува лицата да посветат големо внимание на корисничките сметки и да следат некои основни правила:
- Не користете лесни лозинки (како единечни зборови од речник)
- Не користете иста лозинка за повеќе сметки
- Користете многу долги лозинки (најмалку 10 знаци, но се препорачуваат многу подолги)
- Користете лозинки што содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци, на пр. $%^& итн.
- Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш немојте да ги запишувате или споделувате со никого) и редовно менувајте ги
-
• Колачиња и веб-патокази
Накусо
Што се колачиња и веб-патокази и на кој начин се користат?
Нашите веб-сајтови користат технологии што се широко распространети во индустријата, како што се „колачиња“ и „веб-патокази“, за собирање информации за користењето на нашите веб-сајтови и комуникациите преку е-пошта. На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб-сајтовите или е-пораките и можат да го препознаат пребарувачот следниот пат кога ќе ги посетите нашите веб-сајтови. Повеќе информации за нашата употреба на колачиња и веб-патокази може да најдете во нашата Политика за колачиња.
-
Пристап до вашите информации и вашите права
Накусо
Како може да пристапите до вашите лични податоци и кои се вашите права?
Ако сакате копија од личните информации што ги складираме за вас во нашата база на податоци за потрошувачи, ве молиме обратете се кај нас користејќи ги податоците наведени во делот „Контактирајте нè“ подолу.
Ова е дополнително на вашите законски права, вклучувајќи го и правото на пристап до копија од вашите лични информации, правото да побарате бришење или ажурирање на сите погрешни лични податоци и правото да приговорите, во некои случаи, на нашата обработка на вашите лични податоци. Овие права можете да ги искористите така што ќе нè контактирате користејќи ги податоците наведени во делот „Контактирајте нè“ подолу.
Иако обработката ја засноваме врз вашата согласност, вие имате право да ја повлечете согласноста во секое време, без тоа да влијае врз законитоста на обработката што се засновала врз вашата согласност пред повлекувањето на согласноста.
Исто така, за одредени податоци што ги обработуваме, имате право на преносливост на податоците, т.е. право да ги добиете вашите лични информации во структуриран и често користен формат што може да се прочита машински и да ги префрлите вашите лични информации во друг контролор за податоци.
Овие права може да ги искористите така што ќе нè контактирате користејќи ги податоците наведени во делот „Контактирајте нè“ подолу. Од вас може да биде побаран некаков доказ за идентификација за да можеме да потврдиме дека вие го поднесувате барањето.
Ако сте загрижени дека не сме постапиле во согласност со вашите законски права или важечките закони за приватност, можете да се обратите во канцеларијата на комесарот за информации (www.ico.gov.uk) (регулатор кој е одговорен за заштита на податоците во Обединетото Кралство, каде што се наоѓа Sony Europe). Или, пак, ако живеете надвор од Обединетото Кралство, можете да се обратите кај вашите локални власти за заштита на податоци.
-
Задржување на личните информации
Ние ќе ги задржиме вашите лични информации сè додека постојат разумни причини за тоа, а се наведени во оваа политика за приватност или заради усогласување со кои било закони и правила што се однесуваат на задолжителното задржување на одреден вид информации.
-
Линкови до другите веб-сајтови
Накусо
Дали оваа политика за приватност важи и за веб-сајтовите што ги посетуваме преку кликнување на линковите од нашиот веб-сајт?
Некои наши веб-сајтови може да содржат линкови до други веб-сајтови со кои не управува Sony Europe, вклучувајќи и веб-сајтови со кои управуваат останатите компании од групацијата Sony.
Компанијата Sony Europe се обидува да се поврзе само со сајтовите што ги имаат истите високи стандарди за почитување на приватноста како и Sony Europe и нема да биде одговорна за содржините, безбедноста или практикувањето на приватноста на тие веб-сајтови. За да дознаете како ќе се искористат вашите лични податоци, треба да ги погледнете политиките за приватност и колачиња што се прикажани на тие веб-сајтови.
-
Приватност на децата
Накусо
Како Sony Europe ракува со личните податоци на децата?
Сите лица на возраст под 16 години се сметаат за деца од страна на Sony Europe. Ние не бараме и не собираме лични податоци од или за децата намерно, без согласност од родител или старател.
Ако Sony Europe дознае дека личните податоци што биле испратени се однесуваат на деца, без согласност од родител или старател, тогаш Sony Europe ќе вложи напори за:
- Да ги избрише тие лични податоци од своите датотеки колку што е можно побрзо
- Да се погрижи, онаму каде што не е можно нивно бришење, овие лични податоци да не се употребат за никакви цели, ниту пак да се откријат на трети страни
Секој родител или старател кој има прашања во врска со нашата обработка на лични податоци што се поврзани со нивното дете треба да се обратат кај нас користејќи ги податоците наведени во делот „Контактирајте нè“ подолу.
-
Контактирајте нè
Накусо
Како може да се стапи во контакт со Sony Europe во врска со личните податоци?
Sony Europe, холандска компанија со деловна адреса Taurusavenue 16, 2132LS Hoofddorp, the Netherlands, има функција на контролор за вашите лични податоци.
Контактирајте нè на следните начини:
1. Преку нашиот веб-формулар:
/support/en/contacts/pim/email
2. Преку е-пошта:
Исто така може да нè контактирате преку електронска пошта на privacyoffice.SEU@sony.com
3. Преку пошта:
Ако живеете во ЕУ
Испратете ни писмо на нашата деловна адреса наведена погоре или на адресата The Privacy Office c/o Sony Europe Legal Department, The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XW, United Kingdom.
Ако живеете во Обединетото Кралство
Испратете ни писмо во филијалата во Обединетото Кралство на адресата The Privacy Office c/o Sony Europe Legal Department, The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XW, United Kingdom.
4. Преку телефон:
Доколку се јавувате од Англија, Велс и Шкотска, ве молиме завртете 0844 8466 555
Од 9:00 до 18:00 ч., од понеделник до петок.
4p по минута од стандардна BT-линија, трошоците од други мрежи се различни.
Доколку се јавувате од Северна Ирска или Ирска, ве молиме завртете (00 353) 1 413 1771. Од 9:00 до 18:00 ч., од понеделник до петок.