ЦЕНТАР ЗА ПРИВАТНОСТ
Често поставувани прашања
Ако имате некое прашање во врска со приватноста, одговорот може да го пронајдете во нашиот дел за често поставувани прашања.
Често поставувани прашања
-
Што претставува приватноста?
Приватноста (позната под името "управување со лични податоци" или PIM) е дисциплина за ракување со лични податоци на строго контролиран начин, за да се исполнат следните цели:
- Да се биде транспарентен во врска со сите лични податоци кои се прибираат и намената за која ќе се употребат
- Да се заштитат податоците од случајни или злонамерни загуби, оштетувања, незаконска обработка или откривање
- За усогласување со законот
-
Зошто да се грижам за приватноста?
Вашите лични податоци се исклучително важни и постојат голем број опасности поврзани со несоодветно откривање и/или користење на вашите податоци, вклучувајќи:
- Кражба на идентитет
- Измама
- СПАМ
Според Британската услуга за спречување на измами (CIFAS), речиси две третини од сите измами претставуваат директен резултат на преземање на сметки, претставување со лажен идентитет и злоупотреба на личните податоци. За намалување на ризиците, мора многу внимателно да ракувате со вашите лични податоци и да ги откривате само доколку сте сигурни дека истите правилно ќе бидат користени.
-
Дали моите лични податоци се безбедни кај Sony?
Иако безбедноста на вашите лични податоци никогаш не може да биде 100% загарантирана, ние навистина сериозно ја сфаќаме приватноста и применуваме голем број мерки за минимизирање на ризиците, вклучувајќи:
- Ние користиме технологии со индустриски стандарди за заштита на нашите ИТ системи од случајна или намерна (злоупотреба) неправилна употреба
- Ние на нашиот персонал му нудиме обука за приватност, за да бидеме сигурни дека тие ги сфаќаат нивните обврски при ракување со вашите лични податоци и соодветните последователни процеси
- Ние вршиме проценки на ризиците и проценки за нарушување на приватноста при започнување на нов проект и при изнајмување на 3-ти страни за обработка на лични податоци во наше име
-
Што можам да направам за да ги заштитам моите лични податоци?
Постојат повеќе мерки кои може да ги преземете за да ги заштитите вашите лични податоци, на пример:
- Користете тешки лозинки за сите ваши сметки на интернет:
- Не користете лесни лозинки (како единечни зборови од речник)
- Не користете иста лозинка за повеќе сметки
- Користете многу долги лозинки (најмалку 10 знаци, но се препорачуваат многу подолги)
- Користете лозинки кои содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци на пр. $%^& итн.
- Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги
- Немојте веднаш да верувате во секој веб-сајт или e-mail порака која ќе побара од вас ги откриете вашите лични податоци. Проверете дали барањето е валидно и дека побараните лични податоци се апсолутно неопходни за услугите кои сакате да ги користите
- Користете тешки лозинки за сите ваши сметки на интернет:
-
Зошто Sony Europe направи портал за приватноста?
Порталот за приватност на Sony Europe има за цел да обезбеди едно место во кое можете да ги пронајдете сите информации кои ви се потребни за начинот на кој управуваме со вашите лични податоци. Постојат неколку клучни цели:
- Транспарентност, за да објасниме кои лични податоци ги прибираме и на кој начин ги користиме, што правиме за да ги заштитиме и начинот на кој може да стапите во контакт со нас
- Едноставно користење, за да ви овозможиме полесно да ги најдете информациите кои ги барате
-
Како може да се регистрирам за да добивам промоции и понуди од Sony преку e-mail?
Постојат повеќе начини за да се регистрирате за нашите возбудливи списанија, вклучувајќи:
- Преку веб-сајтот на My Sony
- Кога се пријавувате во некој од нашите натпревари
- Преку нашите центри за контакт (погледнете ги податоците за контакт на крајот од нашата политика на приватност)
Имајте предвид дека компаниите од групацијата Sony имаат сопствени списанија.
-
Како да го спречам Sony да ми испраќа промоции и понуди преку e-mail пораки?
Постојат повеќе начини за да не спречите да ви ги испраќаме нашите списанија, вклучувајќи и:
- Преку веб-сајтот на My Sony
- Кликнување на линкот за "откажување на регистрацијата" на дното од нашите e-mail пораки
- Преку нашите центри за контакт (погледнете ги податоците за контакт на крајот од нашата политика на приватност)
Треба да го имате предвид и следното:
- Ако се регистрирате за да добивате списанија преку повеќе e-mail адреси, ќе мора да ја откажете регистрацијата за секоја адреса посебно
- Компаниите од групацијата Sony имаат сопствени списанија, за кои Sony Europe B.V. не презема никаква одговорност. За да престанете да ги добивате нивните списанија, ќе треба да контактирате со соодветната компанија
-
Како да дознаам кој е одговорен за чување на моите лични податоци?
Одговорноста за вашите лични податоци треба да ви биде објаснета при прибирање на какви било лични податоци. Доколку се двоумите, обратете се кај нас и прашајте нè.
