ЦЕНТАР ЗА ПРИВАТНОСТ
Придобивки од колачињата
Поради многубројни причини, ние користиме колачиња и слични технологии во нашите веб-сајтови и е-пораки за да ги испорачаме нашите услуги и да го подобриме вашето доживување. Оваа политика ги објаснува категориите на колачиња што ги користиме ние и нашите партнери, која е нивната намена и на кој начин може да ги промените вашите претпочитани опции.
Политика за колачиња
Sony Europe B.V. е компанијата од групацијата Sony која е одговорна за веб-сајтовите поврзани со услугите и електронските производи од Sony за широка потрошувачка во Европа. Sony Europe B.V. е регистрирана во Холандија и има регистрирана канцеларија во Вејбриџ во Обединетото Кралство.
Оваа политика ги објаснува технологиите кои ги поставуваме за прибирање на податоци поврзани со користењето на нашите веб-сајтови и нашата комуникација преку e-mail. Овие технологии се користат кај речиси секој веб-сајт и се дел од речиси секоја рекламна e-mail порака испратена преку интернет и се познати под името “колачиња” и “веб патокази”.
Ве молиме имајте предвид дека за веб-сајтовите од Sony надвор од Европа се одговорни други компании во групацијата Sony, како што е корпорацијата Sony во Јапонија, или ако се работи за други производи и услуги од Sony, тогаш компании како Sony Computer Entertainment и Sony Mobile. Овие компании можат да имаат сопствени политики поврзани со користењето на колачиња и веб патокази кои се достапни на нивните веб-сајтови.
Што претставуваат колачињата, како се користат на нашите веб-сајтови, информации за колачиња од 3ти страни и на кој начин се менуваат вашите претпочитани опции за колачиња
-
Што е тоа колаче?
короче говоря
Објаснување што претставуваат колачињата
Колачето претставува мало количество на податоци, кое најчесто содржи и уникатен идентификатор. Колачињата може да се испратат до вашиот пребарувач кога ќе ги посетите нашите веб-сајтови. Тие се складираат во вашиот веб-пребарувач во вашиот уред
Некои колачиња се складираат само за време на вашата посета на нашите веб-сајтови. Овие колачиња се познати како привремени колачиња. Другите, познати како трајни колачиња, може да останат складирани во вашиот компјутер по вашата посета, а нашите веб-сајтови ќе можат да пристапат до нив при секоја ваша повторна посета на нашите веб-сајтови.
Некои колачиња, кои се складираат кога ги посетувате нашите веб-сајтови, може да бидат складирани и користени од страна на други компании. На пример:
- Кога на некој од нашите веб-сајтови е прикажано копчето "ми се допаѓа" и слични копчиња од некоја социјална мрежа, таа социјална мрежа може да складира и користи сопствени колачиња за да го направи копчето функционално, но и поради други причини (погледнете ја политиката на приватност/колачиња на таа социјална мрежа за да дознаете повеќе информации)
- Кога користиме некој рекламен партнер, тој рекламен партнер може да складира и користи сопствени колачиња со цел да можеме и ние и партнерот да ви испраќаме реклами во врска со производите и услугите од Sony кои ги пребарувате на нашите веб-сајтови
-
Како се користат колачињата на нашите веб-сајтови и во комуникацијата преку e-mail пораки?
короче говоря
Какви видови на колачиња се користат и за што се користат?
-
Основни колачиња
Основните колачиња може да се користат со цел да ви овозможиме да ги добивате услугите кои сте ги побарале преку нашите веб-сајтови. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да ви бидат испорачани.
На пример, овие колачиња може да се користат на нашите веб-сајтови за:
- Функционирање и зачувување на производите кои сте ги ставиле во вашата "корпа за купување" при користење на нашите онлајн продавници, како што е Sony Store Online
- Да ви овозможат пристап до заштитените области на нашите веб-сајтови без постојано да се најавувате на услугата
- Запомнување на претходните активности кои сте ги извршиле (како што е пополнување на формулар на интернет) при враќање на претходната страница за време на истата сесија
-
Колачиња за перформанси
Ние може да користиме колачиња за перформанси кои прибираат информации за начинот на кој се користат нашите веб-сајтови, реклами и e-mail пораки, како и за да нè известат доколку настане некаква грешка. Овие колачиња може да се користат за прибирање на детални технички информации, како што се последните посетени веб-сајтови, бројот на посетени страници, дали сте отвориле одредени e-mail пораки, на кои делови од нашиот веб-сајт или e-mail пораки сте кликнале и временскиот период помеѓу две кликнувања. Иако овие информации може да се поврзат со податоци како вашата IP адреса, домен или информации за пребарувачот, тие се анализираат само во група со податоци од други корисници, а не на начин кој може директно да ве идентификува.
На пример, овие колачиња може да се користат на нашите веб-сајтови за:
- Анализирање и подобрување на перформансите на нашите веб-сајтови, реклами и e-mail пораки
- Управување на перформансите и дизајнот на нашите веб-сајтови
- Пресметување на бројот на одговори од нашите реклами за подобрување на ефикасноста на нашето рекламирање
- Броење на грешките кои настануваат на нашите веб-сајтови за подобрување на нашата услуга и справувањето со жалбите
-
Функционални колачиња
Ние може да користиме функционални колачиња кои не се основни, но овозможуваат разни корисни функции на нашите веб-сајтови.
На пример, овие колачиња прибираат информации за вашата интеракција со услугите што се достапни на веб-сајтот, а може да се користат на нашите веб-сајтови за:
- Запомнување на претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на веб-сајтот, како што се земја/јазик, вашите интереси и приказот на веб-сајтот (на пример, изгледот, големината на фонтот, боите итн.), со цел да не ги избирате повторно
- Запомнување одговори на прашања кои ви ги поставуваат нашите веб-сајтови, како на пример одбивање да учествувате во прашалник за задоволството на корисниците, со цел да не ви бидат поставени повторно
- Откривање дали некоја услуга веќе ви била понудена, како што е понудата за онлајн помош во живо
- Обезбедување на информации за да овозможите некоја изборна услуга да функционира, како што е гледање на видео записи на интернет или коментирање на некој блог
- Да ви обезбедиме извештаи за локалното време или информации за сообраќајот преку прибирање на информации за регионот во кој се наоѓате во моментот (доколку се согласите да споделувате такви информации)
-
Колачиња за таргетирање, рекламирање или социјални медиуми
На нашите веб-сајтови може да користиме колачиња за таргетирање или рекламирање со цел да ви праќаме реклами и рекламни комуникации што се поважни според вас и вашите интереси. Овие колачиња може да приберат детални информации за вашите навики за пребарување на нашите веб-сајтови (како, на пример, производите и услугите на кои сте кликнале). Исто така, може да се користат за да препознаат кога повторно посетувате некој од нашите веб-сајтови и/или посетувате веб-сајт што е дел од мрежата на некој од нашите рекламни партнери или продавачи.
На пример, овие колачиња може да се користат на нашите веб-сајтови за:
- • Прибирање информации за производите и услугите од Sony што сте ги пребарувале или додале во корпата за купување, доколку е можно, на нашите веб-сајтови, со цел:
- Компаниите од групацијата Sony да ви обезбедат содржини, препораки и реклами на нивните веб-сајтови кои ве интересираат повеќе
- Компаниите од групацијата Sony да ги персонализираат и насочат поефикасно нивните e-mail пораки и други директни рекламни комуникации
- • Нашите рекламни партнери и продавачи да ви понудат реклами на нивните веб-сајтови и/или веб-сајтовите во нивната рекламна мрежа за производите и услугите од Sony што се посоодветни за вас
- Да се ограничи колку пати гледате одредена реклама, како и да се помогне во мерењето на ефикасноста на рекламната кампања
Исто така, ние може да пристапиме до колачињата за пренасочување што се испраќаат до вашиот уред преку веб-сајтовите на нашите деловни партнери. Овие колачиња се користат за препознавање на сите пренасочувања што ги вршат нашите деловни партнери кон нашите веб-сајтови и дали посетата на тие пренасочени посетители резултира со купување на производ или услуга од Sony. Овие информации може да бидат споделени со нашите деловни партнери, но само на анонимен начин, а не на начин на кој може директно да бидете идентификувани.
Колачињата за социјални медиуми се користат кога споделувате информации преку копчето за споделување содржини на социјални медиуми или копчето „ми се допаѓа“ на нашите веб-сајтови или апликации или, пак, кога ги гледате нашите содржини на или преку веб-сајт на социјална мрежа како Facebook или Twitter. Овие колачиња прибираат информации за вашата интеракција со Sony на социјалните мрежи, како на пример, [дали имате сметка на социјалните медиуми и дали сте најавени на таа сметка кога ги гледате содржините од Sony].
- • Прибирање информации за производите и услугите од Sony што сте ги пребарувале или додале во корпата за купување, доколку е можно, на нашите веб-сајтови, со цел:
-
-
Информации за колачињата од трети страни
короче говоря
Дознајте повеќе за колачињата кои може да бидат поставени на нашите веб-сајтови, но не се под контрола на Sony Europe
Вашето користење на нашите веб-сајтови може да резултира со складирање на одредени колачиња што не се под контрола на Sony Europe. Ова може да се случи кога веб-сајтот што го посетувате користи аналитика од трети страни или алатка за автоматизирање/управување со рекламирањето (како што се алатките што ги нудат Google и Oracle) или содржи содржини што се прикажуваат од веб-сајт на трета страна, на пример, YouTube или Facebook. На овој начин ќе добиете колачиња од услугите на таа трета страна. Sony Europe може да не го контролира складирањето или пристапот до овие колачиња. Ви препорачуваме да ги погледнете политиките на приватност и колачиња за овие услуги и да дознаете како овие трети страни користат колачиња и дали вашите податоци во колачињата ќе се префрлат во трета земја. Листата на трети страни што поставуваат колачиња на нашите веб-сајтови е достапна тука.
-
Споделување со трети страни
короче говоря
Дознајте повеќе за начинот на кој може да ги споделиме информациите од колачињата со трети страни
Кога работиме на продажбата на нашите производи со нашите партнери за продажба, можно е да споделиме и добиеме информации од колачињата со нив. Ова го правиме за да ги поврземе информациите за корисниците на нашите веб-сајтови со корисниците на веб-сајтовите на нашите партнери за продажба. Тоа овозможува подобро искуство при купувањето кога пребарувате на нашите веб-сајтови, испраќање посоодветни реклами и поголемо задоволство кај потрошувачите.
-
Веб патокази
короче говоря
Што се веб патокази и на кој начин се користат?
Веб-патоказите, познати и како технологија „single pixel“ или „clear gif“ или, пак, активни ознаки, може да се користат на нашите веб-сајтови и во нашите комуникации. Оваа технологија ни покажува кои посетители кликнале на важните елементи (како што се линкови или графика) на некоја веб-страница или е-порака. Кога ќе ни побарате да ви испратиме промотивни информации или списание, ние може да употребиме веб-патокази за да дознаеме кои е-пораки ќе ги отворите. Овие информации ги користиме за да ги оптимизираме нашите содржини, услуги и комуникации.
Веб патоказите најчесто функционираат заедно со колачињата и може да се исклучат преку деактивирање на колачињата (како што беше објаснето во претходниот дел). Одредени софтвери за e-mail пораки и веб пребарувачи може да се конфигурираат да спречат автоматско преземање на слики. Тоа ќе го спречи и функционирањето на веб патоказите, сè додека не одлучите да ги преземете сликите.
-
Задржување на колачињата
короче говоря
Колку долго ги чуваме податоците од колачињата?
„Повеќе за колачињата на овој веб-сајт