Личните податоци
се сите податоци поврзани со единствена и препознатлива личност и опфаќа:
- Податоци кои можат да се искористат за препознавање на одредена личност
- Атрибути на веќе препознаена личност
- Податоци или атрибути кои сами по себе не можат да идентификуваат некоја личност, но може да бидат тесно поврзани со други податоци кои ги поседува Sony или некоја трета страна или, пак, јавни податоци за идентификување на некое лице
Примери во кои спаѓаат име, адреса, телефонски број, e-mail адреса, број на здравствено осигурување, број на кредитна картичка, број на возачка дозвола или друг број за идентификација кој го издава владата, број на сметка во банка, раса, физички способности, интереси, методи на користење, членови од семејството, приходи, оддел и пол на вработениот, во случај кога во одделот може да има само едно вработено лице од еден пол.
Политика на приватност
претставува изјава или правен документ кој открива на кој начин компанијата прибира, користи, открива и управува со личните податоци кои ги доставуваат индивидуалните лица (како на пример потрошувач, партнер, вработено лице или потенцијално вработено лице). Бидејќи ова е правен документ, политиката на приватност има за цел да обезбеди транспарентност за овие процеси за ракување со информации, па затоа треба да биде напишана на јасен и едноставен јазик.
Контролор на податоци
контролорот на податоци претставува организација која одлучува на кој начин и зошто треба да се “обработат” личните податоци (овде спаѓа користење, складирање и бришење на податоците). Контролорот на податоци е одговорен за личните податоци, а треба да се погрижи и за обработката на податоци целосно да ги исполни потребните услови од применливото право.
Обработувач на податоци
обработувачот на податоци претставува организација која е обврзана со договор да обработува лични податоци во име на контролорот на податоци. Одговорноста за податоците останува кај контролорот на податоци, но обработувачите на податоци имаат договорни обврски да се погрижат процесот на обработка да се изврши во согласност со условите на контролорот на податоци.
Sony Europe B.V.
Sony Europe B.V. е компанија од групацијата Sony која е одговорна за услугите и електронските производи од Sony за широка потрошувачка, како што се BRAVIA телевизорите, VAIO компјутерите и Sony store online, во Европа. Ние сме регистрирани и нашата главна канцеларија се наоѓа во Обединетото Кралство.
3-ти страни
Овие компании не се дел од Sony, но се обврзани со договор да извршуваат одредени функции во наше име, како на пример исполнување на наредби, испорачување на пакети, испраќање пошта и e-mail пораки, испраќање на текстуални пораки (SMS), обезбедување на помош при рекламирање итн.
Шифрирање
шифрирањето, како што е шифрирањето Secure Sockets Layer (SSL), претставува систем за заштита на податоци кој се користи при прибирање или префрлување на чувствителни податоци, како што се податоци за кредитни картички или други лични податоци. Шифрирањето е дизајнирано да ги направи податоците неразбирливи за сите останати, освен одредените приматели.
Колачиња
Ова се мали делови на податоци што се сместуваат во вашиот уред. Колачињата се користат поради многу причини, вклучувајќи и активирање одредени функции на веб-сајтови, кои ни помагаат да разбереме кои делови од нашите веб-сајтови се најпопуларни, каде одат посетителите на веб-сајтовите и колку време поминуваат таму.
Линк за откажување на регистрација
доколку сакате да ја откажете регистрацијата преку e-mail порака која ви била испратена, следете го линкот за "откажување на регистрацијата" и/или инструкциите наведени (најчесто) на крајот од пораката. Ако користите повеќе од една e-mail адреса за да купувате или контактирате со нас, потребно е да ја откажете регистрацијата за секоја e-mail сметка која ја користите.
Веб патокази
веб патоказите, познати и под името “single pixel” или “clear gif” технологија или, пак, активни ознаки, ни покажува кои посетители притиснале на клучните елементи (како што се линкови или графика) на веб-страницата или e-mail адресата на Sony.
