Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
BRAVIA XR MASTER Series A90K
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
BRAVIA XR MASTER Series A90K
107 см (42")|121 см (48”)
Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.
Обединувајќи го нашиот OLED-екран со XR OLED Contrast Pro, овој телевизор ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да уживате во ненадминати црни тонови и максимална светлина. Во комбинација со Cognitive Processor XR™, ги подобрува сликите на ист начин како што фокусираат вашите очи за да не пропуштите ниту детаљ во светлите површини или длабоките сенки.
Acoustic Surface Audio+™ користи специјални механизми за да го претвори екранот во повеќеканален звучник. Ќе слушате прецизно усогласен звук со акцијата на екранот, а сликите и звукот ќе бидат во хармонија и ќе создадат прекрасно доживување.
Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете.
Телевизорите BRAVIA XR се дизајнирани за врвни доживувања и не се штетни за средината. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за телевизорите и пакувањата. За задниот капак на A90K е користен SORPLAS™ од Sony со стапка на рециклирање до 85%. Нашите технологии за задно осветлување, BRAVIA CAM и сензори нудат висок квалитет на слика и мала потрошувачка на енергија.
XR OLED Contrast Pro ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да создаде извонредно реални слики дефинирани со апсолутно црни тонови и максимална светлина. Овој OLED-телевизор, опремен со сензор за температура и екран со силно осветлување, го користи нашиот Cognitive Processor XR™ за да ја утврди температурата на екранот и прецизно да ја контролира светлината заради истовремено осветлување на точките во светлите површини.
Благодарение на Cognitive Processor XR™, XR Triluminos Pro му овозможува на A90K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.
Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со квалитет до 4K. Нашиот Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики.
XR OLED Motion и Cognitive Processor XR™ спречуваат заматување преку откривање и вкрстена анализа на важни визуелни елементи од последователните слики. Создава и вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните за да добиете јасни и остри движења, дури и во динамички сцени.
Страничното гледање телевизија нуди подеднакво задоволство како и централното гледање. Нашиот самоосветлувачки OLED-екран создава доследни и реални бои, без разлика што гледате.
Звукот излегува директно од екранот со Acoustic Surface Audio+™. Двата механизми за придвижување вибрираат и го претвораат целиот екран во звучник за да создадат моќна акустика што се движи заедно со сликата, за да слушате реални звуци и јасен дијалог. Централниот сабвуфер го засилува басот за да создаде врвен филмски звук во домот.
Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.
Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA XR со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат ново и ненадминато аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.
Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина.
Компактниот A90K нуди прекрасна OLED-слика и звук благодарение на Cognitive Processor XR™ и е идеален за играње игри. Неговата компатибилност со различни функции за игри вклучени во HDMI 2.1 ќе ви овозможи возбудливо доживување при играњето игри.
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со BRAVIA CAM, што се продава посебно, за да добиете уште повозбудливо доживување при гледањето. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Звукот е појасен, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Со BRAVIA CAM секогаш имате најдобро место за седење во домот. Препознава каде седите и соодветно ги оптимизира сликата и звукот. Достапни се и контроли со гестикулации и други нови искуства што чекаат да ги откриете.
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.
Дознајте за BRAVIA CAM
Пристапете лесно до сите ваши омилени содржини и услуги. Гледајте повеќе од 700.000 филмови и серии на едно место. Google TV ви ги нуди и организира омилените содржини од сите ваши апликации и претплати.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Далечинскиот управувач е редизајниран за полесна контрола. Нашиот нов врвен далечински управувач е лесен за користење, има поедноставни копчиња и задно осветлување за да имате одлична прегледност дури и во темнина. Овој далечински управувач со компактен и алуминиумски дизајн има префинет изглед и е удобен за држење во рака.
Веќе никогаш нема да го изгубите далечинскиот управувач. Изговорете „OK Google, find my remote“ или притиснете го копчето на телевизорот за да го активирате изгубениот управувач. Далечинскиот управувач ќе почне да ѕвони и трепка за да можете брзо да го најдете.
Дизајниран со рамна површина со ниски копчиња и специјален полиуретански слој, нашиот далечински управувач лесно се брише и чисти. Сите копчиња се специјално обложени со антибактериски материјал.
Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.
Нашиот минималистички дизајн во вид на плоча со рамна метална површина ќе ве задлабочи во вашите омилени филмови и игри. Прилагодливиот држач ви овозможува да го ставите овој компактен OLED-телевизор на полица или на работна маса и да го користите како телевизор или како идеален монитор за игри.
Изгледот може да се разликува според големината на телевизорот.
Повеќенаменскиот 2-насочен држач нуди стандардно поставување и поставување за звучник во вид на лента. Благодарение на прилагодливиот држач, телевизорот може да се користи и како монитор за игри на работна маса.
Одликувајќи се со технологии што ја задржуваат намерата на креаторите, вклучувајќи и голем избор на режими калибрирани од креаторите, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. Тој е Calman Ready и креаторите можат да го калибрираат за уредување снимени материјали.
Уживајте во содржини од Netflix со спектакуларен квалитет, така како што ги замислиле креаторите. Netflix Adaptive Calibrated Mode е создаден специјално за содржини од Netflix, а заедно со функцијата за оптимизација според амбиенталното осветлување кај телевизорите BRAVIA XR, ви овозможува да уживате во омилените серии преку оптимизирање на светлината на сликата според осветлувањето во вашата соба.
Уживајте во повеќе содржини како што замислиле нивните креатори. Со BRAVIA CORE Calibrated Mode, сите стандардни и IMAX Enhanced™-филмови се прилагодуваат според оптималните поставки за слика за да добиете извонредно филмско доживување во домот.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот