Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Прочитајте го текстот за ова видео

Серија A75K

OLED-слики со црни тонови и реален звук
СИТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ

A75K | BRAVIA XR | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

A75K Series
Слика од A75K | BRAVIA XR | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

139 см (55")|164 см (65")

Лист со информации за производот

2mодели

Наградувани
Лого за CES® Innovation Awards 2022 Best of Innovation
CES2022 Best of Innovation Awards Honoree, награда за BRAVIA CAM
Лого за CES® Innovation Awards 2022 Honoree
CES2022 Innovation Awards, награда за BRAVIA CORE
Нова генерација на слика и звук со когнитивна интелигенција

Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои. 

Извонредно јасни црни тонови за реална длабочина и текстура

Обединувајќи го нашиот OLED-екран со XR OLED Contrast Pro, овој телевизор ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да уживате во ненадминати црни тонови и максимална светлина. Во комбинација со Cognitive Processor XR™, ги подобрува сликите на ист начин како што фокусираат вашите очи за да не пропуштите ниту детаљ во светлите површини или длабоките сенки.

Музичар на концерт кој свири виолина со звучни бранови
Екранот е звучник, а сликите и звукот се во хармонија

Acoustic Surface Audio™ користи специјални механизми за придвижување за да го претвори екранот во звучник. Ќе слушате прецизно усогласен звук со акцијата на екранот, а сликите и звукот ќе бидат во хармонија и ќе создадат прекрасно доживување.

Кажете што сакате да гледате со гласовното пребарување

Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете. 

Слика одблиску од жена со далечински управувач која контролира телевизор со нејзиниот глас
Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите со BRAVIA XR
Совршен за PlayStation®5
Лого за „Патот кон достигнување на нулата“
Обнови, рециклирај и намали - дизајн за животната средина 

Телевизорите BRAVIA XR се дизајнирани за врвни доживувања и не се штетни за животната средина. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за телевизорите и пакувањата. Задниот капак на A75K е од рециклирана пластика. Технологиите за задно осветлување, BRAVIA CAM и сензорите нудат квалитетна слика и мала потрошувачка на енергија.

XR Picture
Јасни црни тонови за реална длабочина и текстура

XR OLED Contrast Pro ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да создаде извонредно реални слики дефинирани со апсолутно црни тонови и максимална светлина. Овој OLED-телевизор, опремен со сензор за температура и екран со силно осветлување, го користи нашиот Cognitive Processor XR™ за да ја утврди температурата на екранот и прецизно да ја контролира светлината заради истовремено осветлување на точките во светлите површини. 

Широка палета на бои за реални тонови и нијанси

Благодарение на Cognitive Processor XR™, XR Triluminos Pro му овозможува на A75K да прикаже повеќе од милијарда бои како во реалниот свет. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.

Слика одблиску од овошје како бобинки и праски
Слика одблиску од пердуви на птица
Обновување изгубени текстури, сите содржини подобрени до 4K

Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со приближен квалитет до 4K, независно од содржината или изворот. Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и ги обновува изгубените текстури и детали. 

Паметна обработка на движењата за јасни динамички движења

XR OLED Motion и Cognitive Processor XR™ спречуваат заматување преку откривање и вкрстена анализа на важни визуелни елементи од последователните слики. Создава и вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните за да добиете јасни и остри движења, дури и во динамички сцени.

Слика од жена на скејтборд во скејтпарк
Слика од луѓе кои гледаат два екрани од различни агли што прикажуваат реални бои од сите страни
Прекрасни бои од сите агли

Страничното гледање телевизија нуди подеднакво задоволство како и централното гледање. Нашиот самоосветлувачки OLED-екран создава доследни и реални бои, без разлика што гледате.

Дознајте за технологиите за слика
 
XR-звук
Слика од звучни бранови од телевизорот со Acoustic Surface Audio
Екранот е звучник, а звукот прецизно ја следи сликата

Двата механизми за придвижување создаваат акустика што се движи заедно со сликата. Комбинацијата од овие звучници создава појасен звук, од бас па сè до високи фреквенции, овозможувајќи му на A75K да ви понуди филмско доживување во домот.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.

Сцена од жена на кревет во дневна соба која гледа телевизија и слуша опкружувачки звук со XR Surround
Најдобри перформанси со аудио опрема од Sony

Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA XR со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат ново и ненадминато аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.

Жена разговара на телефон на улица со многу луѓе, прикажано е како Voice Zoom 2 го прави говорот полесен за слушање
Voice Zoom™2 ги подобрува гласовите и создава јасни дијалози

Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина. 

Откријте технологии за звук
 
Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.

Преминете на уште подобро гледање, оптимизирано со BRAVIA CAM

Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со BRAVIA CAM, што се продава посебно, за да добиете уште повозбудливо доживување при гледањето. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Звукот е појасен, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Нови начини за уживање во телевизијата со BRAVIA CAM

Со BRAVIA CAM секогаш имате најдобро место за седење во домот. Препознава каде седите и соодветно ги оптимизира сликата и звукот. Достапни се и контроли со гестикулации и други нови и забавни искуства што чекаат да ги откриете.

Видеоразговори со пријателите и семејството на голем екран

Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.

Слика од вљубен пар во дневна соба кои мавтаат на пријател за време на видеоразговор

Дознајте за BRAVIA CAM
 

Функции на паметните телевизори
Слика одблиску од жена со далечински управувач која контролира телевизор со нејзиниот глас
Сè што сакате да гледате, на едно место

Пристапете лесно до сите ваши омилени содржини и услуги. Гледајте повеќе од 700.000 филмови и серии на едно место. Google TV ви ги нуди и организира омилените содржини од сите ваши апликации и претплати. 

Зголемете ги омилените содржини од телефонот

Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.

Слики од мачка и човек во кану проследени од паметен телефон кон телевизор
Слика што прикажува дека сите поврзани уреди може да се контролираат преку еден паметен далечински управувач
Контролирајте ги вашите уреди со еден далечински управувач

Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.

Откријте паметни технологии
 
Дизајн
Минималистички дизајн, реална слика

Овој OLED-телевизор со рамна метална површина има прекрасен дизајн што го задржува вашето внимание кон екранот и прикажува реална слика независно што гледате.

Вистинскиот изглед може да се разликува во зависност од големината на телевизорот.

Повеќе забава со врвен квалитет, како што замислил креаторот

Одликувајќи се со технологии што ја задржуваат намерата на креаторите, вклучувајќи и голем избор на режими калибрирани од креаторите, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. Тој е Calman Ready и креаторите можат да го калибрираат за уредување снимени материјали.

Слика од вљубен пар во дневна соба кои гледаат Netflix на телевизор BRAVIA монтиран на ѕид. При притиснување на копчето за вклучување и исклучување на Adaptive Calibrated Mode под сликата, ќе забележите дека светлината се менува за да се усогласи со опкружувањето.
Слика од вљубен пар во дневна соба кои гледаат Netflix на телевизор BRAVIA монтиран на ѕид. При притиснување на копчето за вклучување и исклучување на Adaptive Calibrated Mode под сликата, ќе забележите дека светлината се менува за да се усогласи со опкружувањето.
ВКЛУЧЕНО
ИСКЛУЧЕНО
Гледајте Netflix со филмски квалитет што се оптимизира автоматски

Уживајте во содржини од Netflix со спектакуларен квалитет, така како што ги замислиле креаторите. Netflix Adaptive Calibrated Mode е создаден специјално за содржини од Netflix, а заедно со функцијата за оптимизација според амбиенталното осветлување кај телевизорите BRAVIA XR, ви овозможува да уживате во омилените серии преку оптимизирање на светлината на сликата според осветлувањето во вашата соба.

Ја оптимизира сликата на сите ваши омилени содржини

Уживајте во повеќе содржини како што замислиле нивните креатори. Со BRAVIA CORE Calibrated Mode, сите стандардни и IMAX Enhanced™-филмови се прилагодуваат според оптималните поставки за слика за да добиете извонредно филмско доживување во домот.

Слика од логото за BRAVIA CORE
Лого за Assistive Technology
Помошна технологија на Google TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Спецификации и функции

Уживајте во извонредната OLED-забава со слика со голем контраст и сеопфатен звук, благодарение на Cognitive Processor XR™.

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот