Додавајте, сортирајте и бришете канали со леснотија: Sony Channel Editor (Уредувач на канали од Sony)
Со задоволство ви го претставуваме активирањето на новата алатка за уредување канали!*
Алатката „Sony Channel Editor“ (Уредувач на канали од Sony) ви овозможува да го промените редоследот на каналите во списокот преку компјутерот. Оваа алатка е практична и лесна за користење. Едноставно следете го процесот од 3 чекори:
- Преземете го списокот од телевизорот на USB-меморија
- Уредете го редоследот на списокот на канали на компјутерот
- Вчитајте го во телевизорот
Алатката е достапна на страницата на вашиот ТВ -производ и е компатибилна со сите телевизори на Сони од 2012 година наваму, со исклучок на серијата W800:
Откако ќе ги совладате основните функции, зошто да не ги пробате и понапредните функции кои ги може оваа алатка?
Се надеваме дека ќе ви се допадне новата алатка; уредувајте колку што сакате
Срдечен поздрав,
Sony Europe
*Имајте го предвид следново: Алатката е достапна само на одредени јазици. Ако не е достапна на вашиот јазик, датотеката за преземање и алатката ќе бидат на англиски јазик.