ИД на напис : 00236443 / Последна промена : 11.12.2019

Ажурирање на фирмвер: Добре дојдовте во Android™ 9 Pie за телевизори со Android од Sony од 2018-2019 (серии AF9, ZF9, AG9, ZG9, XG85/XG87 и XG95) - започнува на 11 декември 2019 година

    Со задоволство ве известуваме дека Android™ 9 Pie ќе започне постепено да се доставува на соодветни телевизори што се поврзани на интернет од 11 декември 2019 година. 

    Овој фирмвер постепено ќе се доставува во текот на празниците и во новата година. Конкретниот датум на добивање на автоматското ажурирање зависи од моделот и земјата – од неколку седмици до неколку месеци. 

    Во првата фаза, ова ажурирање ќе се објави директно на применливи LCD-модели (серии ZF9, ZG9, XG85/XG87 и XG95). Моделите од серијата BRAVIA OLED Master (серии AF9 и AG9) ќе го добијат ова ажурирање во втората фаза, на почетокот од 2020 година. 

    За да бидете во тек со датумот на издавање за моделите од сериите AF9 и AG9, означете ја оваа страница. Како алтернатива, инсталирајте ја нашата мобилна апликација Support by Sony за да добивате активни известувања кога ќе бидат достапни ажурирани информации.

    Ова ажурирање го воведува Android™ 9 Pie, обезбедува клучни карактеристики, подобрени перформанси на телевизорот и стандарди за компатибилност, а ги подобрува и постојните функционалности:

    • Сега се поддржани Apple AirPlay / HomeKit*
    • Вградена поддршка за Dolby Atmos преку вградените звучници во телевизорот
    • Редизајнирани менија Брзи поставки и структурирани менија Поставување
    • Ги решава проблемите со репродуцирањето содржини од Netflix или Dolby Vision со ултра висока дефиниција (UHD) 4K кога се поврзани слушалки A2DP со Bluetooth
    • Ги поправа проблемите со звукот кога се репродуцираат одредени аудиоформати преку ARC и ја подобрува вкупната компатибилност со одредени уреди ARC

    ЗАБЕЛЕШКА: За целиот список на карактеристики и придобивки, одете до нашите страници за претставување на Android 9 Pie:

    Препорачаниот начин за да го добиете ова ажурирање е да обезбедите дека поставувањето за Automatic software download (Автоматско преземање софтвер) на телевизорот е поставено на ON (Вклучено). Потоа телевизорот треба да го добие ажурирањето автоматски во следните седмици или месеци.

    Sony секогаш ги зема предвид повратните информации од клиентите, се залага за иновации и севкупен квалитет на производот.
     

    [Важи за модели од следниве серии на телевизори]

    • Телевизори со Android од Sony од 2018 година: Серии AF9 и ZF9 
    • Телевизори со Android од Sony од 2019 година: Серии AG9, ZG9, XG85/XG87 и XG95


    Не сте сигурни на која серија телевизори припаѓа вашиот модел? Еве неколку примери:

    • KD-65AF9
    • KD-65ZF9
    • KD-55AG9
    • KD-55XG8505
    • KD-85ZG9


    *iPhone, iPad, Mac, AirPlay и HomeKit се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и во други земји.