Ажурирање на софтвер за подобрување на безбедноста на телевизори со Android од Sony од 2015, 2016 и 2017 година
Почитувани и ценети купувачи,
Издадовме ажурирања на софтверот за да ја подобриме безбедноста на одредени телевизори BRAVIA за да одговориме на потенцијална безбедносна ранливост на функцијата mmap, што е еден од повиците на системот Unix. Во моментов, нема потврден начин за да се нападне ранливоста.
Ако телевизорот не се ажурира автоматски, преземете ја и инсталирајте ја најновата верзија на ажурирањето.
Решение
Ако вашиот телевизор е поставен автоматски да добива ажурирања кога ќе се поврзе на интернет, тогаш треба да е веќе ажуриран. Тоа е стандардно поставување за засегнатите модели.
За да потврдите дека телевизорот веќе е ажуриран, посетете го делот Downloads (Преземања) на страницата за производот за вашиот модел. Кликнете на врската Firmware update (Ажурирање на фирмвер) за подетални информации за тоа како да ја проверите верзијата на софтверот. Ако телевизорот не е веќе ажуриран, следете ги упатствата за да го преземете и да го инсталирате ажурирањето.
Засегнати модели:
Серија на телевизори | Потребна верзија на фирмвер |
Серии W75C, W80C, W85C, S80C, S85C, X80C, X83C, X85C, X90C, X91C, X93C, X94C, SD85, XD85, XD93 и XD94 | v5.381 или понова |
Серии XD70, XD75, XD80, SD80, XD83, ZD9, XE80, XE83, XE85, XE90, XE93, XE94 и A1 | v6.5629 или понова |
Не сте сигурни на која серија телевизори припаѓа вашиот модел? Еве неколку примери:
- KDL-75W855C
- KD-65X9305C
- KD-55XD8577
- KD-65ZD9
- KD-75XE9405
- KD-55A1
Известување:
MWR Labs го пријави овој безбедносен ризик. Би сакале да им се заблагодариме за нивната поддршка.