ИД на напис : 00235859 / Последна промена : 10.12.2019

Добре дојдовте во Android™ 9 Pie (важи за модел на телевизори од 2018 година)

    Оваа страница содржи објаснувања за клучните карактеристики на најновиот оперативен систем Android. Имајте предвид дека оваа страница важи само за сериите AF9 и ZF9.

    Dolby Atmos: Android-P Dolby Atmos: Android-P

    Редизајнирани менија Брзи поставки и cтруктурирани менија Поставки


    Брзо пристапете до менито Брзи поставки директно преку копчето ACTION MENU (Мени со акции) на далечинскиот управувач. Исто така додавајте или отстранувајте апликации по ваша желба.
    Структурирани поставки: Сите опции за Поставки сега се во седум категории, што го олеснува наоѓањето на тоа што ви е потребно.

    Поддржува Apple AirPlay / HomeKit


    Со Apple AirPlay, може да проследувате филмови, музика, игри и фотографи на телевизорот директно од iPhone, iPad или Mac.

    Вградена поддршка за Dolby Atmos преку вградените звучници во телевизорот


    Сега може да уживате во Dolby Atmos во изворното аудио директно од телевизорот.
    Дополнително, моделите што се компатибилни со Режим на звук автоматски ќе се префрлат на Dolby Audio за да може да уживате во содржината со Dolby Atmos.

    Дополнителни придобивки


    Промени во менијата и интерфејсот

    Нови функции

    Други промени

    Карактеристика што не е поддржана повеќе


    Промени во менијата и интерфејсот


    Структурирани mени Поставки

    Сите опции во Поставки сега се групирани во седум категории.

    • Гледање ТВ: поставките за емитување како што се поставување канали, снимање, преводи, родителска контрола, кабелски/сателитски приемник (само модели што се компатибилни со инфрацрвен приемник) и др.
    • Приказ и звук: поставувања за приспособување на сликата и звукот
    • Мрежа и интернет: поставувања за поврзувања на интернет и домашна мрежа
    • Сметки и најавување: поставувања за сметки на Google
    • Апликации: поставувања за апликации
    • Претпочитани вредности за уредот: други поставувања за уредот како што се датумот и времето, јазикот, пристапноста, вградено Chromecast и др.
    • Далечински уреди и галантерија: поставувања за далечинско управување и поврзувања со уреди со Bluetooth

    Додадени се и предлози за да се конфигурираат поставките што биле прескокнати при првичното поставување.


    Побрза промена на списокот на канали и целосен ТВ-водич

    Со притискање на копчето TV на далечинскиот управувач сега се прикажува списокот на канали на ТВ мени).

    Кога ќе изберете Контрола на ТВ во долниот лев агол од ТВ мени, ќе се прикажат функциите што се достапни додека гледате телевизија, како што се Слика во слика и Додади во Омилени.

    Може да го притиснете копчето (надолу) на далечинскиот управувач за да се прикаже програмскиот водич и копчето (нагоре) за да се вратите на ТВ мени. Додека се наоѓате во програмскиот водич, сѐ уште ќе може да ја гледате програмата што сте ја гледале во малиот екран што се појавува.


    Подобрени поставувања на инфрацрвениот приемник (само за модели што се компатибилни со инфрацрвен приемник)

    Името Поставување на IR Blaster е променето во Поставување кабелски/сателитски приемник.
    За да пристапите до менито за управување со кабелскиот/сателитскиот приемник (дигитален приемник), сега треба да го притиснете копчето TV на далечинскиот управувач наместо копчето ACTION MENU (Мени со акции). Ако кабелскиот/сателитскиот приемник (дигитален приемник) е поставен со користење Поставување на редослед на канали во Поставување кабелски/сателитски приемник, ќе се прикаже ТВ во живо и ќе се прикаже списокот на програми што може да ги гледате кога ќе изберете ТВ во живо.

    Покрај тоа, ако извршите Поставување кабелски/сателитски приемник за модели за Обединетото Кралство, ќе може да го користите копчето REC (Cнимање) на далечинскиот управувач за да го снимате внесувањето од конфигурираните уреди и копчето TITLE LIST (Список на наслови) за да се прикаже Список на снимени наслови.


    Претходно конфигурирано мени за работа на HDMI IN

    За да пристапите до Почетен екран (мени), Опции и Слика во слика, сега треба да го притиснете копчето DISPLAY (EU/PA: (Избор на влез)) на далечинскиот управувач наместо копчето ACTION MENU (Мени со акции).
    Picture-in-picture (Слика во слика) е променето во иконата (Слика во слика).


    Подобрени функции за Список на снимени наслови

    Избриши и Заштити за снимени наслови, кои се прикажуваа со притискање на копчето ACTION MENU (Мени со акции) на далечинскиот управувач сега се извршуваат со користење на (Избриши) на Список на снимени наслови и копчињата во боја.


    Го додава менито Престартувај

    Менито Престартувај се прикажува на екранот на телевизорот со притискање и задржување на копчето за вклучување и исклучување на далечинскиот управувач за телевизорот неколку секунди.

    Менито за влезови сега може да се приспособува


    Покрај поврзаните уреди за телевизија и HDMI, сега може да изберете USB-уреди од новото мени. Исто така, може да додадете нови апликации и да го промените распоредот на апликациите што често ги користите.


    Нови функции


    Апликациите Видео/Албум/Музика се комбинирани во апликацијата Медија плеер

    Видеата, фотографиите и музиката сега може да се прегледуваат како список во апликацијата Media Player.

    Поддршка за HEVC 100/120Hz

    Го поддржува форматот HEVC 100/120Hz за видеорепродукција преку USB.


    Други промени


    Ажурирани икони на почетниот екран

    Дизајнот на некои икони е променет, а иконата за Тајмер е додадена во горниот десен агол од екранот Почеток .


    Дополнителна функционалност на вграден микрофон

    Изборот на иконата за микрофон на Почетниот екран и на другите екрани сега го користи вградениот микрофон наместо микрофонот на далечинскиот управувач.


    Осветлената LED-сијаличка покажува кога е активирано откривањето „Ok Google“ , во вградениот микрофон, кога телевизорот е вклучен и е во режим на подготвеност

    Трепкањето на осветлената LED-сијаличка (со жолта боја), што се појавува кога “Ok Google” ќе се открие на вградениот микрофон, сега се појавува не само за време на режимот на подготвеност, туку и кога телевизорот е вклучен.


    Додавање на Режим за преминување

    Режимот за преминување сега може да доставува компресирано аудио до аудиосистеми и звучници.
    БЕЛЕШКА: Кога е поставен режимот за преминување, можно е звуците како што се тоновите на копчињата на телевизорот или говорните одговори да не се репродуцираат, а можно е и карактеристиката за препознавање глас на вградениот микрофон да не е толку ефикасна.


    Опцијата за Претпочитан сателит ги прикажува имињата на давателите на услуги

    Ставките што се прикажуваа како Претпочитан сателит на ТВ мени се променети во имињата на операторите за полесна идентификација.


    Карактеристика што не е поддржана повеќе


    Карактеристиката за фиксно прикажување на телетекст е отстранета

    Карактеристиката (Задржи го текстот), што се извршуваше со притискање на копчето (Избор на влез) на далечинскиот управувач додека се прикажуваше телетекст, е отстранета.


    *iPhone, iPad, Mac, AirPlay и HomeKit се трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и во други земји.