ИД на напис : 00199687 / Последна промена : 27.06.2019

Продолжува: Ажурирање на фирмвер за безжични слушалки со елиминирање шум WI-1000X/WH-1000XM2 – 3 јули 2018 година

    На 17 мај 2018 година, Sony издаде ажурирање на фирмвер 2.0.0 за WI-1000X/WH-1000XM2. Сепак, во ретки случаи, дознавме дека може да настане губење на звукот во двете страни од слушалките по завршување на ажурирањето. Затоа, веднаш го прекинавме преземањето на фирмверот.

    Сега, сакаме да ве информираме дека ќе ја продолжиме услугата за преземање со подобрена верзија 2.0.1, којашто го решава проблемот споменат погоре.

    Ако веќе сте ги ажурирале слушалките на верзија 2.0.0 и кај вашиот производ се појавил проблемот со губење на звукот, ние ќе го поправиме бесплатно.
    Контактирајте со овластен сервисен центар на Sony. 

    Ако сте ја инсталирале претходната верзија на фирмверот 2.0.0. и сѐ функционира нормално, тогаш не е неопходно да ажурирате на верзијата 2.0.1.
    Во овој случај, пораката за ажурирање нема да се појави на екранот од апликацијата Sony | Headphones Connect」.

    Искрено се извинуваме за предизвиканите непријатности и ви благодариме за разбирањето и соработката.