Каде да го најдам името на моделот и серискиот број?
Името на моделот ви овозможува да добивате информации и услуги за вашиот уред. Името на моделот и серискиот број може да ги најдете на неколку места, во зависност од производот:
- Ознака на задниот или долниот дел од уредот
- Оригиналното пакување и отпечатениот прирачник со инструкции во него
- Менито на системот во производи со кориснички интерфејс (на пр. телевизори или фотоапарати)
Кликнете на категоријата производи подолу за да ги најдете моделот и серискиот број на вашиот уред. Ако видот на вашиот уред не е наведен, погледнете ја документацијата или пакувањето испорачани со вашиот производ.
Што е разликата помеѓу име на модел и сериски број?
- Име на модел е комбинација од бројки и букви (на пр. KD-55XG9505 или WH-1000XM4).
- Серискиот број содржи само бројки (на пр. 6007041). Тоа е единствен идентификатор што означува еден уред.
Изберете го видот на вашиот уред
Телевизори
Името на моделот може да го најдете на етикета на задниот дел од телевизорот. Ако не можете да ја проверите етикетата со сериски број (на пр. вашиот телевизор е монтиран на ѕид), проверете го менито Settings (Поставки) на телевизорот или неговото оригинално пакување.
Најдете ја етикетата на задниот дел од телевизорот Проверете го менито Settings (Поставки) Проверете на оригиналното пакувањеШто значи името на моделот на телевизорот?
Секое име на моделот на телевизор не претставува само случајна низа на бројки/букви. Името содржи информации за моделот.
Погледнете неколку примери за правилни имиња на модели на телевизори:
- KDL-32WD756
- KD-75XE9405
- KD-65AF9
- Првиот дел од името на моделот (пред цртичката) ја означува резолуцијата на телевизорот: 2K (KDL) и 4K (KD).
- Бројките по цртичката ја означуваат големината на екранот во инчи (на пр. 32, 75 или 65).
- Последната низа букви и бројки (на пр. WD756, XE9405 или AF9) претставува одредена серија на производи, што е важно за услугите за поддршка и поправка.
- Последната буква ја означува разликата во бојата на рамката и држачот.
- Ако првата буква во последната низа на букви и бројки е „A“, тогаш телевизорот е дел од нашата OLED-палета (на пр. KD-48A9S или XBR-65A9F).
ЗАБЕЛЕШКА: кога пребарувате информации на веб-сајтот за поддршка на Sony, користете го името на моделот на телевизорот за да ја најдете страницата за вашиот модел.
Проектори
Името на моделот и серискиот број можете да ги најдете на ознаката на задниот или долниот дел од проекторот
За некои проектори, можно е да ги најдете името на моделот и серискиот број во менито следејќи ги чекорите подолу. Ова е особено корисно ако ознаката со името на моделот и серискиот број на проекторот се нечитливи или недостапни.
- Вклучете го проекторот.
- Притиснете го копчето MENU на испорачаниот далечински управувач.
- Притиснете го копчето со стрелка нагоре или стрелка надолу за да изберете Information (Информации).
- Притиснете го копчето Select (Избери) за да го прикажете името на моделот и серискиот број.
Слушалки со лента за на глава
Името на моделот и серискиот број обично може да ги најдете на лентата за на глава или во перничето за глава, како што е прикажано на сликата подолу
Потполно безжични слушалки
Името на моделот и серискиот број се наоѓаат на долниот дел од футролата за полнење, како што е прикажано подолу.
WF-1000XM3
WF-1000X
ЗАБЕЛЕШКА: некои слушалки немаат сериски број на нив.
Фотоапарати и видеокамери
Серискиот број и името на моделот може да ги најдете на долниот дел од фотоапаратот или на ознаката на оригиналната кутија.
Долен дел на фотоапаратот
Серискиот број и името на моделот на фотоапаратот или видеокамерата може да ги најдете на долниот дел од уредот.
- Име на моделот (на пр. ILCE-9, NEX-5, DSC-W270 или DCR-SX15E)
- Сериски број
Дигитален фотоапарат
Видеокамера
Фотоапарат Alpha (α) DSLR
Оригинална кутија
Серискиот број и името на моделот може да ги најдете и на ознаката на оригиналната кутија. Локацијата на серискиот број е означена со црвена боја на сликата подолу.
Објектив
- Име на моделот (на пр. SEL135F18GM или SEL2470GM)
- Сериски број
Други дигитални уреди за обработка на слики
- Дигитални печатачи и рамки за фотографии: името на моделот и серискиот број се наоѓаат на задниот или долниот дел од уредот (на пр. DPF-D810).
- Уред за складирање дигитални фотографии: името на моделот и серискиот број се наоѓаат на долниот дел од уредот (на пр. VRD-MC6).
Телефони Xperia
Како да го најдете името на моделот
Следете ги чекорите подолу за да го најдете името на моделот во опцијата Settings (Поставки) на вашиот телефон.
- Одете во
Settings (Поставки).
- Овој чекор може да се разликува во зависност од верзијата на Android на вашиот телефон. Одете во About phone (Повеќе за телефонот). Ако не можете да ја видите оваа опција, одете во System (Систем) → About phone (Повеќе за телефонот).
- Името на моделот обично е наведено кај информациите за телефонот во „Модел“ (на пр. „Модел: L4113“ соодветствува на Xperia 10).
Како да го најдете IMEI-бројот
Бројот за меѓународен идентитет на мобилна опрема (IMEI) е единствен број за идентификација или сериски број на вашиот мобилен уред. Применете еден од методите подолу за да го најдете вашиот IMEI-број.
1. Употребете го бирачот на телефонот
Следете ги чекорите подолу за да го најдете IMEI-бројот и името на моделот со помош на бирачот на телефонот.
- Во менито Home (Почетен екран), допрете ја иконата за бирачот на телефонот.
- Најдете и допрете ја иконата на тастатурата за бирање.
- Внесете го следниов код: *#06# за да пристапите до информациите за IMEI.
Можете да го погледнете следното видео за да дознаете како да пристапите до IMEI-бројот со помош на бирачот на телефонот.
2. Употребете ја апликацијата Support
Следете ги чекорите подолу за да го најдете IMEI-бројот и името на моделот со помош на апликацијата Support.
- Во менито Home (Почетен екран), допрете ја иконата за Application (Апликација) на екранот.
- Најдете ја и допрете на апликацијата
Support.
- IMEI-бројот може да го најдете во делот Информации за уредот .
3. Проверете во опцијата Settings (Поставки) на телефонот
Следете ги чекорите подолу за да го најдете IMEI-бројот во опцијата Settings (Поставки) на телефонот.
- Одете во
Settings (Поставки).
- Следниот чекор зависи од верзијата на Android на вашиот телефон. Патеката може да се разликува на постари верзии на Android.
- System (Систем) → About phone (Повеќе за телефонот).
- About phone (Повеќе за телефонот) → Status (Статус) → IMEI information (Информации за IMEI).
- IMEI-бројот е наведен кај информациите за телефонот.
4. Проверете ја оригиналната кутија на телефонот
IMEI-бројот и името на моделот се отпечатени на ознаката на оригиналната кутија од вашиот телефон.
Како да го најдам IMEI-бројот ако мојот телефон не се вклучува
Кај поновите уреди Xperia, IMEI-бројот е запишан во внатрешниот дел на отворот за SIM-картичка на лежиштето со ознака. Следете ги чекорите подолу за да го проверите отворот за SIM-картичка:
ЗАБЕЛЕШКА: следните методи може да се разликуваат во зависност од моделот на уредите.
- Отстранете го држачот за SIM-картичката за да пристапите до лежиштето со ознака.
- Кај некои модели, IMEI-бројот се наоѓа во отворот за мемориска картичка. Извлечете го лежиштето со нокот или со отворена спојница (или нешто слично).
- Кај уредите со заден капак што се отстранува, IMEI-бројот се наоѓа под задниот капак.
Таблети
Името на моделот и серискиот број се прикажани на сликата подолу.- Име на моделот (на пр. SGPT121DE/S или SGPT113BE/S)
- Сериски број
Таблет S

Името на моделот се наоѓа на задниот дел од уредот во долниот лев агол (на пр. SGP-T112US/S).
Таблет P

Внимателно отстранете го долниот/задниот капак. Името на моделот се наоѓа во горниот лев агол, во внатрешниот дел на преградата (на пр. SGP-T211US/S).
Таблет Xperia

Името на моделот се наоѓа на задниот дел од таблетот, како што е прикажано на сликата (на пр. SGP-T121US/S).
Приемници и засилувачи Долгнавести звучници Безжични звучници Walkman, Hi-Fi и радио
Hi-Fi-приемници и засилувачи
Името на моделот и серискиот број се наоѓаат на предниот или задниот дел од уредот.
- Име на моделот (на пр. STR-DE597 или STR-DN610)
- Сериски број
Уреди за проследување медиуми
Името на моделот се наоѓа на предниот или задниот дел (на пр. SMP-N100).
Долгнавест звучник
Името на моделот и серискиот број се наоѓаат на долниот или задниот дел од уредот.
- Име на моделот (на пр. HT-CT790 или HT-S350)
- Сериски број
Безжични звучници
Името на моделот (на пр. SRS-HG1) и серискиот број обично може да ги најдете на долниот дел од безжичниот звучник.
WALKMAN
Моделот и серискиот број обично се наоѓаат на задниот дел од уредот, како што е прикажано на сликата подолу.
- Име на моделот (на пр. NWZ-W252, NW-E003F)
- Сериски број
Водоотпорен WALKMAN
Примери за правилни имиња на модели: NW-WS623, NW-WS413.
Името на моделот и серискиот број на водоотпорните модели на WALKMAN обично се наоѓаат блиску до ушните влошки од двете страни на уредот, како што е прикажано на сликата подолу.
Радио часовници
Името на моделот се наоѓа на предниот дел од уредот (на пр. ICF-C707)
.Мини / Микро аудиосистеми за на полица

Името на моделот (на пр. MHC-EC68PI) се наоѓа на предниот дел од главниот плеер, а не на звучниците бидејќи тие имаат свое име на модел.
Аудиоуреди
- Името на моделот и серискиот број се наоѓаат на долниот дел од производот.
- Името на моделот (на пр. CFD-S70 е напишано на надворешниот дел.
- Ознаката со серискиот број се наоѓа во внатрешниот дел на капакот од преградата за батерии. Отворете го капакот од преградата за батерии за да го видите серискиот број.
Приклучни станици
Името на моделот се наоѓа на предниот или долниот дел (на пр. RDP-XF100iP).
Далечински управувачи Blu-ray Disc-плеери: Компјутери Аудиосистеми за автомобили и GPS
Далечински управувачи
Името на моделот се наоѓа на долниот или горниот дел од контролорот (на пр. RM-EZ4).
Blu-ray Disc-плеер
Името на моделот (на пр. BDP-S580) се наоѓа на предниот и задниот дел од плеерот. Серискиот број се наоѓа на етикетата од производот на задниот дел, како што е прикажано на сликата подолу.
- Име на модел
- Сериски број
Систем за домашно кино Blu-ray Disc
Името на моделот се наоѓа на предниот дел од главниот плеер (на пр. BDV-E500W).
Blu-ray Disc-плеер со опција за интернет-телевизија
Името на моделот се наоѓа на предниот и задниот дел (на пр. NSZ-GT1)
Пренослив Blu-ray Disc-плеер
Името на моделот се наоѓа на предниот дел или на капакот од лежиштето за дискови (на пр. BDP-SX1000)
Лаптопи
Методот за наоѓање на името на моделот зависи од датумот на издавање на производот. Кликнете на соодветниот линк подолу.
За лаптопи издадени во 2010 година или понови За лаптопи издадени во 2009 година За лаптопи издадени помеѓу есента 2000 г. и пролетта 2009 г. За лаптопи издадени пред летото 2000 годинаVAIO® Tap 20
Името на моделот се наоѓа на задната десна страна (на пр. SVJ-202190X).
VAIO® Duo
Кога компјутерот е отворен, името на моделот се наоѓа на десната страна зад екранот (на пр. SVD-11213CXB).

Десктоп компјутери
Имињата на моделите на десктоп компјутерите започнуваат со буквите: „PCV“, „VGC“, „VPC“ или „SVJ“ и се наоѓаат на мала ознака на предниот дел од компјутерот (куќиште).
- Најдете ја малата ознака на предниот дел од куќиштето (на пр. VGC-RC210G).
- На сè-во-едно компјутерите, бројот се наоѓа на предниот десен дел од компјутерот (на пр. VPC-L137FX).


ЗАБЕЛЕШКА: бројот на „моделот“ наведен на сивата етикета на задниот дел од компјутерот нема да ви даде точни информации.
Моделот можете да го најдете и на следните начини:
Преку (My) Computer (Мој компјутер) Преку VAIO CareАудиоприемници
Име на модел
Името на моделот се наоѓа на предниот панел (на пр. CDX-GT200).
Сериски број
Серискиот број се наоѓа на долната страна од аудиосистемот за автомобил. Не можете директно да пристапите до него, како што може да видите на сликите подолу. Ако ви е потребен серискиот број, се препорачува обучен техничар да го извади аудиосистемот за автомобил од лежиштето за стерео уредот за автомобил.
Локација на серискиот број на долната странаЗвучници/Галантерија:
Името на моделот и серискиот број се наоѓаат на пакувањето и во прирачникот (на пр. XS-LD126P5).
GPS
Името на моделот се наоѓа на задниот дел, долниот дел или во преградата за антена (на пр. NV-U74T).
Диктафони Читачи Професионални производи
Дигитални диктафони
Во зависност од моделот, името на моделот и серискиот број на вашиот дигитален диктафон може да ги најдете на задниот или на долниот дел од уредот.
ICD-SX2000
- Име на моделот (ICD-SX2000)
- Сериски број
ICT-TX800
- Име на моделот (ICT-TX800)
- Сериски број
Читач
Серискиот број со 7 цифри се наоѓа на ознаката со ID на производот на кутијата. Неговата локација е означена на сликата подолу.
PRS-T1, T2
Доколку е применливо, внимателно отстранете ја изборната футрола (PRSA-CL10) или футролата со светло (PRSA-CL22). Серискиот број со 7 цифри се наоѓа на задниот дел од уредот.
PRS-T3
Внимателно отстранете ја футролата или изборната футрола со светло (PRSA-CL30). Погледнете го поглавјето “Отстранување/поставување на стандардната футрола” во водичот за корисници. Серискиот број со 7 цифри се наоѓа на задниот дел од уредот.
Професионални производи
Посетете ја веб-страницата за професионални производи од Sony за да најдете повеќе информации за следните категории:
- Професионални фотоапарати
- Емитување и продукција
- Проектори
- Професионални екрани
- Архивирање и управување со содржини
- Аудио
- Паметни системи
- Медицина