Покажете го вашиот креативен потенцијал со врвните перформанси и напредните функции како AF на очи во реално време врз основа на AI; новото следење во реално време со голема прецизност; брзото континуирано фотографирање и снимањето 4K HDR-видеоснимки (HLG) .
Иновативниот AF на фотоапаратот ја открива положбата на објектот брзо и сигурно, а потоа го следи движењето на објектот и остро го фокусира.
Не пропуштајте ниту секунда од случувањата со брзата внатрешна обработка и големата меѓумеморија. Фотографирајте со брзина до 11 fps со приказ по снимањето или до 8 fps за приказ во живо, со минимално доцнење на приказот, а притоа снимете 116 слики во JPEG (стандарден) или 46 слики во компресиран RAW-формат во една серија.
Кога ви треба апсолутна тишина при фотографирањето, бесшумното користење без звук на блендата ви овозможува да фотографирате со брзина до 8 fps со AF/AE со следење, дури и во режимот AF-C, со AF на очи во реално време или со следење во реално време, при што добивате повеќе опции за фотографирање.
Новата технологија за препознавање објекти врз основа на AI обработува огромни количини на податоци за да ги открие и следи дури и објектите што се движат со голема брзина.
Напредниот AF на очи во реално време ги препознава лицата на луѓето и ги фокусира нивните очи. Ако е избран режимот AF-C, AF на очи во реално време одржува стабилен фокус врз објектот во движење дури и ако дел од лицето е прикриен, лицето е осветлено одзади или е свртено надолу.
Сега во менито може однапред да изберете опции за лево око, десно око или автоматски, за да може да се фокусирате на кадарот. Овие опции може да се доделат на приспособените копчиња за да можете брзо да ги избирате при фотографирањето.
AF на очи во реално време за животни поддржува следење на животните и овозможува брзо, прецизно и автоматско откривање и следење на очите на животните - треба само половично да го притиснете копчето за блендата. Оваа нова функција значително ќе го подобри успешното фотографирање на животните во природа или миленичињата во домот - ситуации во кои досега прецизното позиционирање на фокусот беше предизвик.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
За спортски настани и други ситуации во кои објектите се движат брзо, постојаното одржување на фокусот може да биде разликата помеѓу доловување и пропуштање на важни и одлучувачки моменти.
Новосоздадениот алгоритам за препознавање објекти ги обработува просторните информации врз основа на боја, оддалеченост на објектот (длабочина), шема (светлина) и информациите за лица или очи со голема брзина во реално време.
Кога фотографирате објект кој е во движење во далечина, системот за следење го доловува целото тело, а фокусната површина се менува помеѓу лицето и очите во зависност од состојбата на тој објект.
Кога следењето со допир е активирано во менито треба само да го изберете објектот со допирање на екранот. Независно дали снимате фотографии или видеоснимки, фотоапаратот ќе почне автоматски да го следи објектот.
Благодарение на големиот сензор и најновиот процесор за обработка на слика, може да доловите сè што ќе посакате од секојдневието, со неверојатно остри и јасни слики и природни бои дури и при слаба осветленост.
APS-C-сензорот има бакарна инсталација и напредни електронски кола за обработка што ја зголемуваат ефикасноста за собирање светлина. Заедно со процесорот за обработка на слика, тие создаваат врвна резолуција на слика и поприродна репродукција на текстури.
Подобреното намалување на шум овозможува поостри и квалитетни слики дури и во темните сцени за кои треба голема чувствителност. Стандардната чувствителност ISO е зголемена до ISO 32000 (со проширена чувствителност ISO до макс. ISO 102400 за фотографии). Намалувањето на шумот е особено ефикасно во често користениот среден-до-висок опсег на чувствителност.
© Architectes Rudy Ricciotti et Roland Carta / Mucem
lumière : Yann Kersalé-Snaik
Алгоритмите за обработка на слика земени од фотоапаратите за целосна слика овозможуваат репродукција на пореалистични бои. Тоновите на човечката кожа изгледаат поприродни, а подобрена е и репродукцијата на боите на растенијата.
Од обработка на сите точки без соединување на точки за снимање видеоснимки со висока резолуција 4K па сè до опциите HDR (HLG) и S-Log/S-Gamut и снимањето забавени и брзи движења - α6400 е опремен со напредни функции за снимање креативни видеозаписи.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Фотоапаратот нуди нов вид на фотографирање со интервал што всушност е континуирано фотографирање со пауза од 1-60 секунди помеѓу снимање на фотографиите. Од тие фотографии може да направите видеоснимки со забрзани движења користејќи компјутер и апликацијата Viewer од Imaging EdgeTM.
Ако снимате видео блогови, LCD-екранот што се врти за 180 степени ќе биде практичен за обликување на кадарот на вашите снимки. За снимање звук, освен приклучокот за надворешни микрофони, достапен е и изборен адаптер за XLR (се продава посебно) што овозможува користење на професионални микрофони за подобар квалитет на звукот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Со фотоапаратот може да снимате забавени движења (до 5x) и брзи движења (до 60x). Снимањето Full HD-видеоснимки со голема брзина од 120 fps може да се искористи за создавање висококвалитетни снимки со забавени движења со обработка по снимањето. Снимањето видео преку прокси сервер нуди полесно уредување и прегледување, а со Photo Capture може да извлекувате слики од снимените видеоснимки.
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
LCD-екранот од 3,0 инчи што може да се врти за 180 степени нуди многу повеќе од прикажување на сцената пред вас - ви нуди брза контрола врз повеќе функции на фотоапаратот, со интуитивни команди на допир.
Подлогата на допир овозможува рамномерно поместување на тековната положба за фокусирање додека гледате низ визирот. Лизгајте со прстот врз екранот сè додека не ја пронајдете саканата точка што сакате да ја фокусирате.
Кога сакате да го поместите фокусот, дури и во периферните делови на кадарот, фокусот на допир ви овозможува да го направите тоа со допирање на екранот. Со блендата на допир може да го поставите фокусот и да ја активирате блендата со еден допир.
Со функцијата за следење со допир треба само да го допрете екранот за да активирате следење во реално време за фотографии или видеоснимки. Фотоапаратот веднаш ќе го заклучи фокусот врз објектот и постојано ќе го одржува во фокус.
Многубројните функции за прилагодување, земени од моделите за целосна слика, ви нудат поголема флексибилност и контрола врз начинот на работа на вашиот фотоапарат.
На осумте копчиња и контроли на фотоапаратот може да се додели секоја од 89-те функции, односно по една различна функција во зависност од тоа дали фотографирате, снимате или прегледувате содржини.
„Моето вртливо копче“ ви овозможува да доделувате често користени функции на контролното вртливо копче и контролното тркалце. „Моето мени“ ви овозможува да регистрирате до 30 различни елементи од менито за брз пристап до често користените елементи.
На екранот за прилагодени поставки има слика со функциите на фотоапаратот што ви прикажува на кое копче или преклопник доделувате функција, а кога го поставувате менито со функции може да ја погледнете структурата на доделените функции.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor® CMOS сензор од тип APS-C (23,5 x 15,6 мм)
- Број на точки (ефективни)
- Прибл. 24,2 милиони точки
- Точка на фокусирање
- 425 точки (AF со откривање на фаза) / 425 точки (AF со откривање на контраст)
- ISO чувствителност
- Фотографии: ISO 100-32000 (ISO-броевите до ISO 102400 можат да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница), Видеоснимки: Еквивалент на ISO 100-32000, АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница)
- Отвор за мемориска картичка
- Повеќе отвори за Memory Stick Duo/SD мемориска картичка
- Тип на монитор
- 7,5см (тип 3,0) широк тип TFT