Карактеристичен дизајн

Signature Series
 Серија на врвни аудио производи создадени за да се овозможи врвно доживување на музиката преку слушалки

Во потрага по најдобриот звук за аудиофилите кои го бараат најдоброто од идеалниот звук, инженерите и дизајнерите соработува за да создадат засилувач, плеер и слушалки кои нудат врвно музичко доживување. 

 Немојте само да слушате… Почувствувајте ја музиката

„Што бараат аудиофилите во идеалниот звук?“ Одговорот на Sony со Signature Series е репродукцијата на најфините звучни детали. Sony сакаше да постигне репродукција која е толку моќна што слушателите би го доживеале звучниот простор толку интимно што би можеле да помислат дека можат да ја почувствуваат температурата и чувството на воздухот. Целта беше да се испорачаат најфините детали на секој звук—од моментот пред започнување на свирката, до вдишувањето пред вокалот, сѐ до настапувањето на тишината. Звукот на Signature Series овозможува доживување кое е толку физичко што слушателите се чувствуваат задлабочени во широчината и длабочината на стерео звукот.

Откако изгради музичка култура околу слушалките, Sony доби визија да ги репродуцира најфините детали на звукот со компоненти со минимална големина. Користејќи го долгото искуство на Sony со аналогни и дигитални технологии за репродукција на висококвалитетен звук, напорно работевме за да дизајнираме серија производи кои ќе го подобрат доживувањето од одличниот квалитет на звукот. Нашата севкупна цел беше да го преобразиме доживувањето од слушање на музиката до нејзино чувствување. 

 Типичен дизајн за звук со врвен квалитет

Дизајнот беше целосно воден од желбата да се постигне врвен квалитет на звук без никаков шум. Материјалите беа избрани поради нивните акустични карактеристики. Куќиштето беше обликувано за оптимално пренесување на звукот. Дури и патот на сигналот во електронската плоча беше одреден од аудио потребите. Постојано се навраќавме на основите, барајќи ја оптималната форма, материјали и обработка на звукот, при што ја игнориравме вообичаените трошоци. Исто така се фокусиравме на елементите кои придонесуваат за одличен квалитет на звукот и усвоивме дизајн кој го извлекува максимумот од нивните карактеристики, притоа елиминирајќи ги сите непотребни работи за да создадеме едноставен, уникатен дизајн кој оддава чувство на звук со врвен квалитет. 

Ослободување од претходните замисли за дизајнот

За да испорачаме уште подобар квалитет на звук од минатите модели од високата класа, нашиот цел дизајнерски тим мораше да ги преиспита нашите убедувања околу тоа што претставува „добар дизајн“ и да го насочиме нашето внимание во друг правец. Инженерите и дизајнерите соработуваа уште од почетните фази на развојот за да добијат суштински структури, облици и идеи за да постигнат високо ниво на квалитет на звукот. Тоа бараше огромни напори, но беше незаменлив дел од процесот.

Tomoaki Takuma, главен уметнички директор

Дизајн инспириран од ветрот

MDR-Z1R

За MDR-Z1R, во голема мера се фокусиравме на дизајнот на куќиштето за да репродуцираме звучен простор кој е верен на оригиналниот звук. Куќиштето има значително влијание на квалитетот на звукот и може да создаде несакана резонанса или да го изобличи звукот. Се навративме на основите за да дизајнираме куќиште кое максимално ќе ја намали резонансата. Сликата на надуено едро ни даде насока за правецот во кој треба да се движиме. Се насочивме кон дизајнирање на куќиште кое, како и платното, природно ќе го прифаќа звучниот притисок што го создава мембраната. Овој концепт природно нè доведе до течниот, органски закривен дизајн на куќиштето. Благото закривување на единечниот слој максимално ги намалува вибрациите и ја елиминира резонансата.

Двојната структура на куќиштето со пропустлив акустичен отпорник и мрежестата заштита на жиците го контролира протокот на воздух низ куќиштето за да го репродуцира целосниот опсег на природниот звук. Оваа комбинација не само што репродуцира одличен звук, туку и ја овозможува нашата замисла за елиминирање на амбиенталниот шум.

слика од MDR-Z1R
слика од MDR-Z1R
слика од MDR-Z1R
слика од MDR-Z1R
Облици кои се наоѓаат во природата

Уште една карактеристика на MDR-Z1R е можноста за репродуцирање извонредно високи звучни фреквенции од 120 kHz. За да се добие најдоброто од оваа функција, воведовме нов дизајн за решетката пред мембраната, компонентата која го создава звукот. Во процесот на дизајнирање, согледавме дека едноставна форма на решетката со посебен акцент на издржливоста не би можела лесно да го репродуцира квалитетот на звукот со висока резолуција при 20 kHz или повеќе. Експериментиравме со неколку дизајни, барајќи ја совршената решетка која реалистично ќе ги репродуцира дури и најмалите разлики во звукот. Така дојдовме до низата на Fibonacci, шаблон кој постојано се среќава во природата. Обликот на решетката рамномерно ги репродуцира саканите звучни карактеристики низ целиот звучен опсег. Таа е изработена од цврста смола за да биде тенка и издржлива и за да се намали придушувањето на звукот од решетката при фреквенции со висока резолуција.

MDR-Z1R се дизајнирани за исклучителен квалитет на звукот, но ниту удобноста не е заборавена. Ушните перничиња од мека овча кожа со 3D изолација и ергономски дизајн овозможуваат ушите да ви бидат суви и најголема удобност при носењето. 

Нудиме не само извонредно аудио доживување, туку и уникатна приказна

Во Signature Series не се применуваат никакви дизајнерски лукавости. Во суштина, секој елемент има своја функција. Се одлучивме на ваков чекор за корисниците да дознаат колку и зошто е одличен квалитетот на звукот, само погледнувајќи го производот. Сакаме корисниците да уживаат во ова ненадминато доживување во квалитетниот звук заедно со уникатната приказна која производот ја раскажува.

Shogo Yashiro, уметнички директор

Доловување на текот на звукот преку обликот

NW-WM1Z

Навраќајќи се на Walkman® со ново нагласување на врвниот квалитет на звукот, се вративме пред таблата за цртање за повторно да ја опремиме електронската плоча и да ги редизајнираме материјалите на куќиштето на NW-WM1Z. За да добиеме уште подобар квалитет на звукот, сакавме тек на звукот кој ќе создава најмало количество шум. За да го минимизираме шумот, ја приспособивме внатрешноста за да го насочиме звучниот сигнал директно од меморијата на единицата до горниот приклучок за слушалки. Ваквата конфигурација на електронската плоча јасно се отсликува во уникатната положба на двата приклучоци за слушалки на двете страни од горниот дел на куќиштето. Резултатот беше препознатлив дизајн кој не само што е олицетворение на директниот тек на звукот, туку и, со своето тенко куќиште, овозможува корисникот полесно да го држи и ги заштитува копчињата од удари и потреси. 

слика од NW-WM1Z
слика од NW-WM1Z
слика од NW-WM1Z
слика од NW-WM1Z
Цврсто како метална плочка

Особено бевме пребирливи околу материјалите кои ги избравме за куќиштето на NW-WM1Z, користевме бакар без кислород за да го извлечеме максимумот од акустиката. Прецизната обработка ја истакнува цврстината на внимателно избраниот метал. Ги заобливме рабовите за куќиштето да биде поиздржливо и отпорно на вдлабнувања. Куќиштето на NW-WM1Z е обложено со злато за да се добие најдоброто од природната убавина на овој материјал, кој е познат по произведувањето висококвалитетен звук.

Исто така развивме и нов кориснички интерфејс, усвојувајќи аналоген мерач кој го прикажува нивото на јачина на звук и спектрален анализатор кој ја прикажува звучната фреквенција. Дури и мерните единици на мерачот за јачина на звук се многу внимателно изработени, за корисниците да може и визуелно да уживаат во звукот со врвен квалитет.

Назад кон почетоците на првата генерација на Walkman®

Се навративме на почетоците на револуционерниот концепт на Sony за пренослива музика, првата генерација на Walkman®, за да создадеме нови вредности со NW-WM1Z, стремејќи се кон врвно доживување на квалитетот на преносливиот звук, преработено за модерните стилови на слушање. Квалитетот на звукот е на прво место и сметам дека него дефинитивно го добивме со овој нов модел.

Tanaka , дизајнер 

Ѕид за елиминирање на изобличувањето и вибрациите

TA-ZH1ES

TA-ZH1ES е неподвижен засилувач за слушалки специфично дизајниран да ги подобри перформансите на нашите слушалки. За целосно да се елиминира изобличувањето во електронската плоча, куќиштето мора цврсто да ја поддржува и да ја заштитува електронската плоча. Тоа се постигнува со алуминиумско куќиште со дебелина до 12 мм, беспрекорно обликувано со пресување за исклучителна цврстина која нуди звук со врвен квалитет, без изобличување. Горната плоча е изработена од комбинација од алуминиум и челик, со мали дупчиња на површината за контрола на несаканата резонанса. Околу горната плоча е оставен отворен простор, со што се истакнува импресивната дебелина на страните на куќиштето и се добива дополнителна функционалност за ослободување на топлината. 

слика од TA-ZH1ES
слика од TA-ZH1ES
слика од TA-ZH1ES
слика од TA-ZH1ES
Во потрага по дизајн со највисока вредност на куќиштето

Нашата потрага по врвен квалитет на звук без какво и да е изобличување нè доведе до извонредното алуминиумско куќиште. Наместо да ги продупчиме дупките за приклучокот за слушалки од внатре, како што вообичаено се прави, ние ја обработувавме дебелата алуминиумска предна плоча од надвор навнатре, оставајќи само минимално вдлабнување околу приклучоците. На овој начин добивме изглед кој ја истакнува цврстината на материјалот и додава естетска вредност на куќиштето.

Комбинирање на реалистичниот звук и практичноста

Како можеме да им помогнеме на корисниците интуитивно да ракуваат со облик и распоред кој е создаден пред сѐ за да се постигне одличен квалитет на звук? Тоа беше клучно при создавањето на дизајнот за Signature Series кој ги комбинира клучните функции со практичноста за да се добие производ кој им овозможува на корисниците навистина удобно да го доживеат звукот со врвен квалитет.

Deguchi , дизајнер

Добредојдовте во Signature Series, доживувањето на звукот кое Sony го откри во својот обид да ги воодушеви вистинските аудиофили кои чувствуваат страст кон совршениот звук.