Супериорен звук, вистински квалитет - запознајте се со нашето најнапредно уживање при слушањето преку слушалки.
One Signature Sound
Подобрување на доживувањето на звукот со висока резолуција, од нешто што го слушате во нешто што го чувствувате.
Нашата технологија S-Master без повратна врска ја задржува острината на оригиналниот звук. Новото електронско коло на D.A. хибридниот засилувач ја зголемува прецизноста и квалитетот на звукот со аналоген засилувач за проследување. Аналогниот засилувач ја коригира грешката при конверзија предизвикана од промените во засилувањето.
Доловете ја секоја нота и нијанса со DSEE HXTM
Уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со квалитет близок на звукот со висока резолуција. Нашата нова технологија DSEE HX™ за зголемување на резолуцијата се одликува со четири дополнителни режими, покрај стандардните: женски вокал, машки вокал, ударни и жични инструменти, за оптимална репродукција на звукот.
Персонализирање на звукот со новата технологија за преработка на DSD
Со двојно попрецизна конверзија од претходните модели, новата технологија за преработка на DSD ви овозможува да ги конвертирате сите музички извори од PCM формат во DSD 11,2 MHz. Технологијата користи интегрирано FPGA (Field Programmable Gate Array) коло за да ги претвора сигналите во звучниот формат DSD.
Беспрекорна репродукција на музика
За да се добие максимумот од новото D.A. Хибридно електронско коло на засилувачот, нашите инженери го создадоа засилувачот со помош на напреден FPGA процесор. Тоа им овозможи целосно да ја прилагодат технологијата и да создадат нешто навистина уникатно.
Познат звук сличен со аналогниот
Нашиот линеаризатор на DC фаза ја репродуцира карактеристиката на фаза на типичните аналогни засилувачи. Тој се усогласува со карактеристиките на фаза на аналогните засилувачи за да понуди звук сличен со аналогниот.
TA-ZH1ES е прецизно изработен однадвор навнатре за да се максимизира аудио квалитетот.
Дознајте повеќе за технологијата и инспирацијата зад нашиот најдобар неподвижен засилувач за слушалки.
Уживајте во PCM 32-бита/768 kHz и DSD 22,4 MHz звучните формати.
Приклучокот за балансирано поврзување со Φ 4,4 е новиот стандард за балансирано поврзување за слушалки. Можноста за јасно одделување на каналите што тој ја нуди овозможува прецизна репродукција и широк звучен простор.
Засилувачот се одликува со неколку приклучоци кои поддржуваат широк опсег на влезни уреди, меѓу кои и Walkman® уреди, телевизори и Playstation® конзоли.
Засилувачот се одликува со можност за поврзување повеќе излези за слушалки, вклучувајќи балансирано (4,4 мм, мини приклучок со 3 пина x2 и XLR4) и небалансирано (стандарден стерео приклучок, стерео мини приклучок).
Запознајте се со Signature Series
Не се задоволувајте со ништо помалку од најдоброто со целосната палета на Signature Series производи. Создадени за врвен квалитет на звук, тие ги надминуваат нормите за звук за да ја подобрат секоја нота.
КОМПЛЕТИРАЈТЕ ЈА ЗБИРКАТА ОД SIGNATURE SERIES