Супериорен звук, вистински квалитет - запознајте се со нашето најнапредно уживање при слушањето преку слушалки.
One Signature Sound
Подобрување на доживувањето на звукот со висока резолуција, од нешто што го слушате во нешто што го чувствувате.
Откријте ја функционалната убавина на бакарот без кислород
NW-WM1Z е сместен во висококвалитетно позлатено куќиште од бакар без кислород. Со голема примена во производството на инструменти, бакарот овозможува плеерот да има уникатен и природен, акустичен звук. Неговата спроводливост и цврстина ги овозможуваат ненадминатите аудио перформанси на Walkman®.
Создадени со помош на напредни техники на плетење, плетените кабли со четири жици изработени со KIMBER KABLE® се одликуваат со рачна изработка за беспрекорна висока моќност и врвни перформанси на звукот.
Новосоздадениот FT CAP (полимерски кондензатор) го регулира напојувањето, оптимизирајќи го за моментална, чиста моќ, кога и да ви е потребна.
Fine Sound Register, монтиран на површината, овозможува рамномерно и ефикасно распределување на напојувањето до електронските компоненти за непроменлив квалитет на звукот.
Дознајте повеќе за технологијата и инспирацијата зад нашиот врвен Walkman®.
Уживајте во секоја нота така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција
Уживајте во најситните детали на звукот со висока резолуција и студиски квалитет, кој се одликува со подобар квалитет од CD. Страста за музика ги обединува сите компоненти, почнувајќи од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. Звукот со висока резолуција обично користи висока фреквенција на семплирање од 96 kHz или 192 kHz при 24-бита.
Потпирајќи се на богатото искуство со технологијата на дигитални засилувачи, нашите инженери го создадоа NW-WM1Z со детална акустика и природен квалитет на звукот; што резултира со уникатно уживање при слушањето.
Новата технологија на дигитален засилувач S-Master™ HX, создадена специјално за Walkman®, е подобрена за да биде компатибилна со стандардниот DSD формат, балансираниот формат и форматот со висока моќност. Таа го намалува изобличувањето и шумот низ широк опсег на фреквенции - за добивање на богат и сеопфатен звук.
NW-WM1Z поддржува аудио фајлови во стандарден DSD (Direct Stream Digital) формат, кои се обработуваат во почетокот на процесот за обработка. Тоа значи дека тие ги задржуваат сите автентични детали на оригиналната снимка.
Овој Walkman® се одликува со еден приклучок за балансирано поврзување, дизајниран за новиот кабел за балансирано поврзување со 4,4 Φ. Тоа ги одделува левиот и десниот звучен сигнал, притоа минимизирајќи ја загубата на сигналот при пренос и деградацијата на звукот што произлегува од неа.
Доловете ја секоја нота и нијанса со DSEE HX
Понесете го чувството од концертите со себе и уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со квалитет близок на звукот со висока резолуција. Технологијата за зголемување на резолуцијата на DSEE HX користи алгоритам за да ја анализира вашата музика и ги заменува изгубените информации, така што квалитетот е речиси на ниво на висока резолуција. Изберете помеѓу 4 дополнителни режими од стандардните за да го извлечете најдоброто од вашата музика.
Чисто пренесување на звукот
Нашиот линеаризатор на DC фаза ефективно репродуцира широк опсег на звуци. Тој применува дигитална обработка на сигналите за да се усогласи со карактеристиките на фаза на разните видови аналогни засилувачи за да понуди почист звук сличен со аналогниот. Изберете помеѓу шесте поставки за карактеристики на фаза.
Ракувањето со NW-WM1Z Walkman® станува природно благодарение на интуитивната практичност на уредот и функциите оптимизирани за секојдневниот живот.
Музиката ќе продолжи да се репродуцира додека вие сакате, со репродукција на звук со висока резолуција до 30 часа (FLAC 96 kHz/24-бита) и MP3 до 33 часа (128 kbps).
NW-WM1Z се одликува со 256 GB вградена меморија за фајлови за никогаш да не ви снема музика.
Екранот на допир со брз одзив од 10,2 см (4") и класичниот дизајн на интерфејсот се прилагодени да ги задоволат потребите дури и на најстрасните аудиофили.
Едноставната, речиси инстинктивна контрола со странично копче ви овозможува лесно да ја контролирате вашата музика.
Никогаш не останувајте без слободен простор за вашата музичка библиотека и складирајте ги фајловите со највисок квалитет со отворот за Micro SD.
LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.
Не се задоволувајте со ништо помалку од најдоброто со целосната палета на Signature Series производи. Создадени за врвен квалитет на звук, тие ги надминуваат нормите за звук за да ја подобрат секоја нота.
КОМПЛЕТИРАЈТЕ ЈА ЗБИРКАТА ОД SIGNATURE SERIES