Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција
Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Беспрекорен звук со висока резолуција

Надополнете го вашиот Hi-Fi систем со компактниот аудио плеер MAP-S1 – тој нуди звук кој е поблиску до оригиналната снимка благодарение на звукот со висока резолуција. Процесор за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) го обновува квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Поврзете ги сите ваши звучници и засилувачи - се испорачува со вграден CD плеер.

Моќност од 100W
Излезна моќност

Освен компактни димензии, овој систем нуди и моќност од 100W.

NFC со еден допир
Поврзување преку NFC и Bluetooth®

Проследувајте музика безжично со допирање на вашиот паметен телефон со NFC наспроти MAP-S1 за да воспоставите врска.

USB приклучоци
Надополнете го вашиот систем

Два излези за вашите звучници, како и аналоген влез и излез. Поврзете го вашиот паметен телефон, таблет уред или компјутер во предниот или задниот USB приклучок.

Слушајте ја вашата музика во најдобро издание

Без разлика дали станува збор за звук со висока резолуција, CD дискови или MP3 – слушајте ја вашата музика со највисок можен квалитет на звукот. MAP-S1 поддржува формати на звук со висока резолуција, како DSD, FLAC, WAV и ALAC, како и форматите MP3, Apple AAC, ATRAC и Windows WMA – обновувајќи го нивниот квалитет речиси до оригиналната снимка.

Како функционира звукот со висока резолуција

Звукот со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема и попрецизна стапка отколку кај CD дисковите. Тој може да има стапка од 24 бита/96Hz, поради што доловува повеќе детали и нуди најреалистична музика.

Звук со висока резолуција
DSSE HX
Обновете ги сите ваши компресирани фајлови

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) ги подобрува компресираните фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA), за да наликуваат на звукот со висока резолуција. DSEE HX ги обновува тоновите со висока фреквенција кои се губат при компресирањето.

Уживајте во секоја нота

S-Master од Sony е 100% дигитален и не создава изобличувања, ја подобрува ефикасноста и има помали димензии. Дигиталниот засилувач S-Master HX ги намалува нивоата на шум за добивање на потребната прецизност за високите фреквенции (над 40kHz).

Дигитален засилувач S-master HX
Срцето на вашиот аудио систем

Освојте нови граници со вашиот Hi-Fi систем со MAP-S1. Поврзете звучници преку двата излези, а достапни се и аналоген влез и излези. Поврзете се на домашната мрежа преку LAN приклучокот. Приклучете и репродуцирајте преку двата USB приклучоци.

Плеер за ЦД-а
Плеер за ЦД-а

Избришете ја правта од вашата CD колекција и уживајте во старите омилени песни со остар и прецизен звук.

DAB радио
DAB дигитално радио

Добијте огромен избор на DAB радио станици со чист звук и помалку пречки или слушајте FM и AM радио.

USB приклучоци
USB приклучоци

Поврзете го вашиот паметен телефон, таблет или USB уред во предниот USB приклучок за да ги слушате омилените листи за репродукција. Достапен е и заден USB приклучок за вашиот компјутер за да уживате во звук со висока резолуција.

Навистина префинето слушање

За MAP-S1 најважен е стилот и квалитетот. Ставете го на полица или на маса, компактниот алуминиумски дизајн изгледа одлично секаде каде што ќе го ставите, а ги намалува и вибрациите за намалување на изобличувањата.

Алуминиумски дизајн
Совршено се впарува со звучниците SS-HW1

Прилагодени да извлече максимум од MAP-S1, звучниците за звук со висока резолуција SS-HW1 содржат вуфер од 13см со конус од целуларни влакна засилени со мика кој ги минимизира несаканите резонантни фреквенции. Супер високотонецот со широка дисперзија репродуцира повеќе високи фреквенции со беспрекорна острина.

Поврзете се со вашата музика

Беспрекорно проследување преку Wi-Fi®, DLNA или AirPlay

Само едно едноставно поврзување ве дели од целата ваша музика – проследувајте безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку Wi-Fi®, DLNA и Airplay. Уживајте во онлајн услуги за музика, како Spotify® и Deezer. Приклучокот за етернет ви овозможува да слушате песни од вашиот компјутер. Направете впарување преку Bluetooth® за секунда со помош на NFC со еден допир. Контролирајте сè преку вашиот мобилен уред со апликацијата SongPal.

Дизајниран за начинот на кој слушате

Пристапете до најновите песни за момент со помош на разни онлајн музички услуги, меѓу кои и Spotify® и Deezer.

Онлајн услуги за музика
Поврзување преку NFC и Bluetooth®
Слушање со еден допир

За да започнете со безжично проследување музика, едноставно допрете го вашиот паметен телефон или таблет уред со NFC наспроти MAP-S1 за да воспоставите. Или, пак, проследувајте музика преку рачно впарување преку Bluetooth®.

Обединете ја вашата музика

Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Спецификации и функции

Надополнете го вашиот Hi-Fi систем со компактниот аудио плеер MAP-S1 – тој нуди звук кој е поблиску до оригиналната снимка благодарение на звукот со висока резолуција. Процесор за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) го обновува квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Поврзете ги сите ваши звучници и засилувачи - се испорачува со вграден CD плеер.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE HX го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Wi-Fi® со DLNA и AirPlay за проследување на музика

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина