Функции

Тајмер за заспивање
ДА

Звук

DSEE автоматски/исклучено
ДА
Технологија за преработка на DSD
ДА

Мрежни карактеристики

Wi-Fi®
ДА
Етернет
ДА
Ажурирање преку мрежа
ДА
Режим на подготвеност на мрежа
ДА

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Аналоген аудио влез (1 RGA); аналоген аудио излез (1 RGA); USB приклучок (2); излез за звучници (2 предни); излез за слушалки (1); приклучок за етернет (1)

Моќност

55W
Автоматски режим на подготвеност
1

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.4W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
3,1W (етернет) / 3,1W (Bluetooth®) / 3,1W (Wi-Fi®) / 16W* (сите приклучоци и мрежи поврзани) *жичните врски автоматски ги деактивираат безжичните врски.
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (етернет, Bluetooth®, Wi-Fi®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Променете ги поставките за безжична мрежа во "Menu" (мени за режим на подготвеност-BT/NW режим на подготвеност-вклучено/исклучено).

Опции на бои

silver

Функции

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Звук со висока резолуција – музика како што ја замислил изведувачот

Технологијата за звук со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема и попрецизна стапка отколку кај CD дисковите. Звукот со висока резолуција може да има стапка од 24 бита/96Hz, поради што ќе доловува повеќе детали од вашата музика. Слушнете ги вашите песни така како што биле снимени, без компромиси во звукот.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Почувствувајте ја музиката со вкупна RMS моќ од 100w

И покрај компактната големина, овој систем нуди излезна моќност од 50W + 50w. Уживајте во музика со јасен и моќен звук, независно од јачината на звукот.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Ги репродуцира сите ваши омилени аудио фајлови

MAP-S1 поддржува широк опсег на компресирани и некомпресирани видови на фајлови, вклучувајќи FLAC, WAV, AIFF, DSD (DFF) и DSD (DSF). Вие ќе можете да уживате во целата ваша збирка, без оглед на форматот на фајловите.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Обновете ги вашите музички фајлови со DSEE HX

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) ги подобрува компресираните дигитални музички фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA) со сличен квалитет како и звукот со висока резолуција. Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE HX ги репродуцира вашите дигитални музички фајлови со богат и природен звук, со квалитетот сличен на оригиналната снимка.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Уживајте во секоја нота со дигиталниот засилувач S-Master HX

Стандардните засилувачи вршат повеќе конверзии од дигитален во аналоген сигнал – кои влијаат негативно врз квалитетот. Засилувачот S-Master HX од Sony е 100% дигитален и не создава изобличувања. Процесорот за дигитални сигнали (DSP) ги анализира вашите дигитални фајлови. Потоа засилувачот S-Master HX го конвертира сигналот во аналогни бранови кои се слични со звукот со висока резолуција. На крај, сигналот минува низ нископропусен филтер (LPF) за прецизна репродукција на звукот.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Надградете го вашиот аудио систем преку влезовите и излезите

Подобрете го вашиот Hi-Fi систем со MAP-S1. Поврзете ги звучниците преку два излези: достапни се и аналогни влезови и излези. LAN приклучокот овозможува лесно поврзување на домашната мрежа.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Репродуцирајте ги старите омилени содржини со вградениот CD плеер

Избришете ја правта од вашата CD колекција и уживајте во старите омилени песни со остар и прецизен звук. Вградениот CD плеер поддржува CD, CD-R и CD-RW дискови и функции за мешање, повторување и програмирање, за контрола при слушањето.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Пребарувајте го дигиталното DAB радио

Брз и едноставен пристап до огромен избор на DAB радио станици со 20 мемории за станици – за чист звук со помалку пречки. Или, пак, слушајте ги омилените радио емисии на FM и AM.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Приклучете и репродуцирајте преку двата USB приклучоци

Поврзете го вашиот паметен телефон, таблет уред, MP3 плеер или USB уред во предниот USB приклучок и слушајте ги омилените листи за репродукција. Достапен е и заден USB приклучок за вашиот PC, за да уживате во звук со висока резолуција.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Стилски, компактен дизајн

Кај MAP-S1 сè е посветено на стилот и деталите. Ставете го на полица или маса: компактниот дизајн изгледа одлично насекаде. Цврстата изработка од алуминиум ги намалува вибрациите за намалување на изобличувањата.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Совршено се впарува со звучниците SS-HW1

Одлично прилагодени за да извлечат максимум од MAP-S1, звучниците SS-HW1 за звук со висока резолуција се одликуваат со вуфер од 13см со конус од целуларни влакна засилени со мика кој ги минимизира несаканите резонантни фреквенции. Супер високотонецот со широка дисперзија репродуцира уште повисоки фреквенции со беспрекорна острина.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Едноставен пристап до вашата iTunes збирка со AirPlay

AirPlay ви овозможува да проследувате висококвалитетен звук од уреди со Apple директно кон ресиверот, користејќи ја вашата домашна мрежа. Исто така, овозможува истовремена репродукција на повеќе уреди за да уживате во истата листа за репродукција во различни простории.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Беспрекорно проследување со Wi-Fi® и DLNA

Само едно лесно поврзување Ве дели од вашата музика. Проследувајте ги безжично омилените песни од вашиот паметен телефон, таблет уред или лаптоп преку Wi-Fi® – не се потребни кабли. Уживајте во музика од вашиот домашен сервер или компјутер компатибилен со DLNA – DLNA има улога на мост за податоци помеѓу вашите уреди.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Поврзување преку NFC и Bluetooth®

За да започнете со безжично проследување музика, едноставно допрете го вашиот паметен телефон или таблет уред со NFC наспроти MAP-S1 за да воспоставите Bluetooth® врска. Не се потребни поврзувања со кабли ниту сложени поставувања. Немате NFC? Нема проблем. Можете да извршите рачно впарување преку Bluetooth®.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth®

Поддршката за AAC и apt-X кодеци значи дека ќе добиете подобар квалитет на звукот отколку со стандардниот Bluetooth® звук.

Слика од CD приемник со Bluetooth® и звук со висока резолуција

Обединете ја вашата музика со апликацијата SongPal

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе – сето тоа преку една апликација. Можете да контролирате дури и онлајн услуги како Spotify® и Pandora. Префрлувајте го проследувањето од еден на друг уред – па кога батеријата на телефонот ќе се испразни, проследувањето на музиката нема да запре.