Македонија (Промена?)

 
 

Еколошко размислување од срцето на Sony

 

Еколошкото размислување влијае врз целиот наш производен циклус – од материјалите кои ги создаваме, рециклираме и повторно ги употребуваме за производство, па се до развојот на помали пакети кои завземаат помалку простор со цел да се добие подобар енергетски ефикасен транспорт. Ние од Sony секогаш бараме начини да го направиме нашиот бизнис поодржлив и да го намалиме влијанието врз животната околина.

Еколошки производи

Ние секогаш се обидуваме да создадеме производи кои помагаат за намалување на влијанието врз животната средина. Од еколошки функции во нашата тековна палета на производи па сè до истражувања за нови револуционерни соларни ќелии, погледнете ги технологиите кои ги развиваме и кои овозможуваат производите на Sony да бидат повеќе енергетски ефикасни.

Повеќе за нашите еколошки производи

Поеколошки процеси

Не е значајна само технологијата во нашите производи. Подеднакво важен е и фактот дека користиме поеколошки транспорт, иницијативи за рециклирање и отстранување, и добавувачи кои користат рециклирани материјали, каде што тоа е возможно.

Повеќе за поеколошките процеси

Помагаме во заштитувањето на планетета

Ние од Sony поддржуваме многубројни иницијативи кои помагаат во заштитувањето на планетета. Не само што доброволно се пријавивме за цели за намалување на емисијата на јаглерод, туку и одржавме значителни семинари и го поддржавме повикот на децата за климатските услови.

Повеќе за нашите еколошки иницијативи

3P еколошко видео

Погледнете како Sony напорно работи за да ги направи процесите колку е можно поеколошки со воведувањето на трите "П" - Производ, Процес и Планета. Со користењето на трите "П", Sony се фокусира на земање во предвид на животната средина при производство и логистика, развивање на производи, и соработка со трети лица - добавувачи - Sony соработува само со добавувачи кои имаат сертификат за програмата за еколошки партнери на Sony.