Листа со функции

Слика од човек кој говори во предавателот додека снима

Висококвалитетен звук

ECM-W2BT има вградена капсула што ги снима звуците јасно и остро, за да овозможи проследување на висококвалитетен звук. Микрофонот овозможува и ефикасно намалување на надворешниот шум. 
Слика од човек кој снима видеоблог со ECM-W2BT

Снимајте звук од сите насоки

Повеќенасочниот микрофон снима звук од сите насоки. Закачете го микрофонот блиску до устата на говорникот со помош на штипката, без да се грижите во која насока е завртен. 
Слика од производот ECM-LV1 поставен на α7C

Јасен и дигитален пренос без кабли 

Ако го користите ECM-W2BT со компатибилен фотоапарат што поддржува интерфејс за дигитален звук, тогаш звукот ќе се снима преку приемникот и ќе се пренесува во форма на дигитален сигнал, овозможувајќи ви да снимате звук со мал шум без кабли. 
Слика од човек кој ја става испорачаната заштита од ветер на ECM-W2BT

Јасен звук дури и во ветровито опкружување 

Заштитата од ветер што се испорачува со ECM-W2BT ефикасно го намалува шумот предизвикан од ветер и гласно дишење. Тоа значи дека може да снимате јасен и стабилен звук дури и надвор на ветровито време. 
Слика од производот на која е прикажан прекинувачот за стишување на звукот

Лесно прилагодување за многу гласни или тивки звуци

Софистицираната функција за стишување на звукот ви овозможува да снимате извори на гласен звук со помала јачина на звукот или да ги засилите тивките звуци, за да можете лесно да ги оптимизирате нивоата на снимање во зависност од ситуацијата. 
Слика што го прикажува кодекот AptX Low Latency Bluetooth за безжичен пренос на звук

Пренос на висококвалитетен звук од микрофонот до приемникот 

Сигналот за звук се пренесува помеѓу микрофонот и приемникот со кодекот Qualcomm® aptX™ Low Latency1 Bluetooth® што нуди мало доцнење и спречува намалување на квалитетот на звукот при преносот.  [1] Qualcomm® aptX™ Low Latency1
Слика што ја прикажува максималната издржливост од девет часа со активна безжична врска

Долго траење на батеријата за долги сесии на снимање

Снимајте безжично до девет часа2 кога го користите ECM-W2BT со фотоапарат што поддржува напојување додатоци преку приклучокот за повеќе интерфејси (MI). Кога се користи со компатибилни фотоапарати, батеријата на микрофонот овозможува користење до девет часа, а приемникот може да работи повеќе од девет часа2. Батеријата на приемникот ќе трае до три часа2 доколку го впарите со фотоапарати што не поддржуваат напојување додатоци преку приклучокот за повеќе интерфејси. За да дознаете кои фотоапарати се компатибилни, отворете го линкот подолу.
Слика што го прикажува максималното растојание за поврзување од 200 метри

Стабилно и непрекинато снимање звук 

Стабилните безжични перформанси овозможуваат одлично поврзување и значително го намалуваат ризикот од прекин на сигналот за звук, дури и во опкружувања со многу луѓе и многу безжични сигнали.  [1] До 200 м (600 ft), на места со добра видливост.
Слика од човек кој го користи ECM-W2BT покрај вода, на отворено

Дизајниран за помалку прав и влага

Одликувајќи се со дизајн отпорен на влага и прав0, ECM-W2BT овозможува удобно користење во секакви опкружувања. ECM-W2BT има заштита од временски услови на рабовите и капачиња на приклучоците за сигурно и непрекинато користење на отворен простор. 
Слика од производот на која е прикажан мини стерео приклучокот од 3,5 мм на предавателот

Опции за проширување за поголема флексибилност

Микрофонот може лесно да се поврзува со други уреди преку мини стерео приклучокот од 3,5 мм на предавателот, за да добиете појасен и пореален звук. Прикачете го микрофонот со штипка ECM-LV1 (се продава посебно) на предавателот за да снимате јасен стерео звук и да ги направите вашите видеоблогови пофлексибилни и поимпресивни. 
Слика од две лица кои ги снимаат своите гласови со ECM-W2BT, а притоа ги користат и предавателот и приемникот

Практичен режим MIX за снимање два субјекти

ECM-W2BT може лесно да се користи за снимање два гласа, односно снимателот и субјектот, во исто време. Благодарение на микрофоните вградени во предавателот и приемникот, ECM-W2BT е совршен за брзо снимање со еден снимател. Изворите на звук може да се спојат и снимат заедно со помош на режимот MIX.
Слика од ECM-W2BT на маса, со испорачаниот држач за приклучоци во улога на држач за микрофонот

Подготвен за снимање повеќе луѓе

Користете го испорачаниот заштитен држач за приклучоците како држач за микрофон, за да го поставите микрофонот во централна положба. Повеќенасочниот микрофон ќе снима звуци од сите учесници кога ќе снимате група луѓе. 
Слика од човек кој го вади ECM-W2BT од својот џеб

Компактен и лесен дизајн за врвна преносливост 

Компактната големина на ECM-W2BT е совршена за снимање на отворено или на терен. Тежината на микрофонот (предавателот) е само 27 грама (1,0 oz), а тежината на приемникот е 28 грама (1,0 oz), што значи дека нема да ви тежат кога ќе снимате.
Човек користи кабел за да го поврзе ECM-W2BT со компатибилен фотоапарат со мини стерео приклучок од 3,5 мм

Можност за користење со различни уреди

Приемникот на ECM-W2BT може да се поврзе со обемна палета на фотоапарати0 и други уреди. Поврзувањето со компјутери и дигитални диктафони1 што имаат влез за звук, но немаат приклучок за повеќе интерфејси, може да се изврши преку излезниот мини стерео приклучок од 3,5 мм на приемникот. 
Човек го користи ECM-W2BT со ECM-LV1

Идеален партнер за ECM-LV1

Поврзувањето на ECM-LV1 со ECM-W2BT е одличен начин да ги искористите придобивките што ги нуди ECM-W2BT. Извонредно компактниот ECM-LV1 може лесно и незабележително да се прикачи на облеката на субјектот и да снима стерео звук одблиску што потоа може да се пренесе безжично до ECM-W2BT на голема оддалеченост. 
Слика од производот на која е прикажана светилката Link

Мерки за спречување неуспешно снимање 

За да избегнете случајни прекини кога снимате звук, ECM-W2BT е опремен со индикатори што го потврдуваат успешното функционирање. Светилката LINK го посочува статусот на преносот помеѓу микрофонот и приемникот, а светилката POWER предупредува кога батеријата е слаба. 
Слика од производот на која се прикажани прекинувачите на приемникот

Безгрижно снимање со систем без кабли

Со ECM-W2BT не треба да се грижите за случајно исклучување, шум при ракувањето и неред од кабли. Благодарение на практичниот интерфејс за звук и напојување преку приклучокот MI на фотоапаратите од Sony, ќе уживате во сите придобивки од поставувањето без кабли. Ќе добиете и подобар квалитет на звук преку интерфејсот за дигитален звук (достапен кај компатибилни фотоапарати) што нуди остар и квалитетен дигитален звук. 
Слика од производот на која е прикажана светилката Link

Лесно избирање помеѓу режимите за снимање звук

Прекинувачот на приемникот го олеснува избирањето на режимот за снимање што ви е потребен при снимањето. Достапни се три режими за снимање - само микрофон, само приемник или комбинација од микрофон и приемник. 
Слика од производот ECM-W2BT, со предавател и приемник ставени во испорачаниот заштитен држач

Заштитниот држач за приклучоци е дизајниран за преносливост

ECM-W2BT се испорачува со заштитен држач за приклучоците што е практичен за носење на приемникот и микрофонот заедно. Заштитниот држач за приклучоците може да се користи и како држач за микрофон, овозможувајќи стабилно поставување на микрофонот во ситуации кога ги користите приемникот и микрофонот истовремено.