Со двојно поголем капацитет од стандардните системи, подобрените опции за безжично поврзување го намалуваат ризикот од прекин на сигналот за звук, дури и во опкружувања со многу луѓе и многу безжични сигнали. На места со добра видливост и без пречки, комуникација може да се воспостави на растојание до 200 метри, овозможувајќи поголема флексибилност за фотоапаратите и опремата за звук.
[1] До 200 м (600 ft), на места со добра видливост.
Долго траење на батеријата за долго снимање
Снимајте безгрижно на отворен простор во текот на целиот ден со батеријата на ECM-W2BT со голема издржливост. Ако го впарите со фотоапарати што поддржуваат напојување додатоци преку приклучокот за повеќе интерфејси, тогаш може да снимате безжично до девет часа0.
Конструкција што е отпорна на прав
и влага0
Одликувајќи се со дизајн отпорен на влага и прав0, ECM-W2BT овозможува удобно снимање на отворен простор. Неговите компоненти имаат заштита од временски услови на рабовите и капачиња на приклучоците заради максимална отпорност на прав и влага.