Висококвалитетен звук без напор

Слика од човек кој говори во предавателот додека снима

Снимање јасен звук од сите насоки

ECM-W2BT може да се позиционира блиску до устата на говорникот со помош на штипка. Повеќенасочната капсула на микрофонот придонесува и за јасно снимање на вашиот глас, независно од која насока доаѓа, за да не се грижите како е насочен микрофонот.
Слика од производот ECM-W2BT прикачен на α7C

Ефикасно елиминирање на шумот при пренос на звукот

За разлика од аналогниот пренос на звук, тука не треба да се грижите за пречки во сигналот поради кабли. Впарете го ECM-W2BT со компатибилен фотоапарат од Sony опремен со интерфејс за дигитален звук преку приклучокот MI за да добиете јасен дигитален звук без шум.
Слика од производот на која е прикажан прекинувачот за стишување на звукот

Едноставна оптимизација на звук за сите извори

Стишувањето на звукот овозможува лесно прилагодување на звукот при снимањето според изворот. Треба само да притиснете прекинувач за да го намалите нивото на многу гласните звуци или да ги засилите тивките звуци, добивајќи оптимизирани нивоа на звук. 
Слика од човек кој ја става испорачаната заштита од ветер на ECM-W2BT

Јасен звук дури и во ветровити надворешни услови 

Уредот се испорачува со заштита од ветер за снимање во надворешни услови. Прикачете ја заштитата од ветер за ефикасно намалување на шумот предизвикан од ветер и шумот од дише, за да добиете јасен и стабилен звук дури и кога снимате надвор на ветровито време.
Слика од кодекот AptX Low Latency Bluetooth® за безжичен пренос на звук

Стабилен пренос помеѓу микрофонот и приемникот

Кодекот Qualcomm® aptX™ Low Latency Bluetooth® се користи за пренос помеѓу микрофонот и приемникот и овозможува мало доцнење и доследен квалитет на звукот. Тој ја елиминира потребата од преснимување на звукот поради прекини во снимениот звук, а малото доцнење овозможува подобро усогласување на звукот со сликата.  

[1] Qualcomm® aptX™ Low Latency