Две слики на екранот, на левата слика се прикажани луѓе во темно кино, а на десната слика се прикажани спортски навивачи на стадион кои навиваат и конфети кои паѓаат. Две слики на екранот, на левата слика се прикажани луѓе во темно кино, а на десната слика се прикажани спортски навивачи на стадион кои навиваат и конфети кои паѓаат.

Забава во домот со телевизор со голем екран

За пореална забава ви треба телевизор со голем екран. Доживувањето ќе биде колку што е можно пореално, со неверојатна длабочина и детали, исто како да сте во кино или на стадион. А благодарение на најновите иновативни технологии и дизајни, нашите големи телевизори беспрекорно се вклопуваат и во најмалите простории.

Добијте максимално доживување при гледањето

Само телевизор со голем екран што нуди огромна слика може да создаде атмосфера како во кино или на стадион. Но, со зголемување на димензиите на екранот се појавуваат проблеми со заматување и шум. Уникатниот XR Processor™ од Sony ги решава овие проблеми за да обезбеди неверојатна резолуција и движење.

Гледајте ги сите содржини со врвен 4K-квалитет

Технологијата за зголемување на резолуцијата до 4K со XR од Sony користи уникатна база на податоци за да ги претвори сите слики во 4K со подобри боја и контраст. Каков е резултатот? Толку детална резолуција што ќе можете да ги видите конците на фудбалската топка.0
Две слики за споредба на квалитет на слика, на кои е прикажан фудбалски терен и стапало на играч.

Побрзи сцени? Истата јасна слика

Заборавете на заматувањето. XR Motion Clarity™ ги анализира движењата низ повеќе кадри и прецизно го синхронизира задното осветлување со движењата на екранот за да гледате јасни и светли слики, независно колку се брзи движењата.0
Две слики за споредба на квалитет на слика, на кои е прикажан играч кој скока за да избегне старт од друг играч.

Гледајте со врвен квалитет, дури и од страна

Нормално, квалитетот на сликата се намалува кога го гледате телевизорот од страна. Кога гледате телевизор од Sony, благодарение на X-Wide Angle, ќе го добиете истиот одличен квалитет на слика, дури и ако гледате од страна, за да уживате во омилените содржини со повеќе луѓе.0
Група пријатели гледаат фудбал на телевизор од Sony од различни агли во домот.

Почувствувајте ја возбудата со прекрасен звук

Кај телевизорите со голем екран и странични звучници на голема оддалеченост, звукот што го слушате може да биде многу далеку од местото каде што се случува нешто. XR Processor™ од Sony не само што го отстранува овој проблем, туку и создава опкружувачки звук со кој ќе се чувствувате како дел од публиката.

Фудбалер ја шутира топката и од неа се генерираат звучни бранови, што ја илустрира технологијата Acoustic Surface Audio на Sony.

Звук што ги следи случувањата

Уникатната технологија Acoustic Surface Audio на Sony го создава звукот од местото на екранот каде што се случува нешто. Благодарение на ваквиот прекрасен звук, ќе ги слушате сите удари и голови како да се случуваат пред вас.
Приказ за споредба на човек кој седи на кревет и гледа кон телевизор монтиран на ѕид, на левата страна се прикажуваат рамни звучни бранови од стандардни телевизори, а на десната страна се прикажуваат реални и заоблени бранови со конверзија во 3D-опкружувачки звук, кои се означени соодветно.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Сите содржини кои ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук. XR Surround репродуцира опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.

Мислите дека вашиот простор е многу мал? Размислете повторно.

Благодарение на напредоците во дизајнот и технологиите за слика, дури и во малите простории може да вградите телевизор со голем екран. Екраните со висока резолуција ви овозможуваат да седите поблиску до случувањата, а потенките рамки придонесуваат за максимална големина на екранот без да ги зголемат димензиите на телевизорот.
Цртеж на кој е прикажан телевизор од 55 инчи, кој се гледа на растојание од 1,7 метри и под агол од 40 степени.
Цртеж на кој е прикажан телевизор од 65 инчи, кој се гледа на растојание од 2 метри и под агол од 40 степени.
Цртеж на кој е прикажан телевизор од 75 инчи, кој се гледа на растојание од 2,3 метри и под агол од 40 степени.
Цртеж на кој е прикажан телевизор од 85 инчи, кој се гледа на растојание од 2,6 метри и под агол од 40 степени.