Вашиот целодневен музички придружник

Нашиот LinkBuds Speaker е врвно дополнување на серијата LinkBuds. Auto Switch автоматски ја префрла репродукцијата помеѓу компатибилни слушалки LinkBuds и LinkBuds Speaker, независно дали доаѓате или си одите. Освен тоа, со Quick Access​ ќе уживате во слушање со еден допир, а Auto Play ќе репродуцира музика според вашите рутини, овозможувајќи уште подобро доживување.

Млада жена ги носи слушалките LinkBuds Fit и ја држи футролата за полнење во рака, а на масата во близина има LinkBuds Speaker.

Останете поврзани со вашата музика со функцијата за автоматско префрлување

Функцијата за автоматско префрлување овозможува непречена репродукција помеѓу вашите слушалки LinkBuds и LinkBuds Speaker, за непрекинато уживање во слушањето. Во својот безжичен опсег, LinkBuds Speaker може веднаш да ја продолжи репродукцијата штом ги ставите слушалките LinkBuds во нивната футрола за полнење. Излегувате надвор?
Репродукцијата ќе се префрли назад кај слушалките штом ги извадите од нивната футрола.
 

Слушање со еден допир со функцијата за брз пристап

Со едно притиснување на копчето за брз пристап на горната страна на звучникот ќе уживате во омилените услуги за музика. Нема потреба да го допирате вашиот паметен телефон012.
Копче за брз пристап
Приказ од горна страна на LinkBuds Speaker, се гледаат неговите копчиња.

Поставете ја сцената со функцијата за автоматска репродукција

Без разлика дали станува збор за нешто енергично кога ќе се разбудите, или нешто смирувачко кога одите да спиете, поставете го времето за вашата дневна рутина и вашите омилени мелодии ќе почнат да се репродуцираат. Програмирајте ја вашата рутина во само неколку едноставни чекори, а потоа автоматски уживајте во листи за репродукција како „Подготви се“ или „Време за спиење“, за да го организирате секој ден со совршена музика0.
Две слики, една покрај друга, на едната има жена на работна маса со енергична музика која се репродуцира од звучник во близина, а на другата има жена во кревет која чита и слуша поопуштена музика.