Глувче кое лизга по подлога за глувчиња.

Мазно лизгање. Одзив со голема брзина.

Површината на INZONE Mat-D со мало триење поддржува лесни и брзи потези со глувчето и следење без напор - идеално за играчи кои се движат постојано.

 Слика одблиску од шиениот раб на подлогата за глувчиња.

Нископрофилно шиење за лизгање без пречки

Шевот се наоѓа под површината, за да може да го лизгате глувчето слободно и без пречки. Дизајнирана да биде отпорна на разресување и да ја задржи својата форма при динамичко играње.

 Аголот на подлогата за глувчиња е превиткан за да се види задната страна која спречува лизгање.

Стабилно држење со гумена задна страна

Гумената основа не дозволува поместување на подлогата за глувчиња, дури и при брзи движења со голема чувствителност. За стабилност во сите рунди.0

 Приказ од горна страна на глувче врз голема подлога за глувчиња со означена големина.

480×400 мм. Создадена за движење.

Подлогата за глувчиња INZONE Mat-D, со големина од 480×400 мм, нуди доволно простор за брзи движења со голема чувствителност - идеално за широки движења, следење и брзо поместување на нишанот.

 Тимот Fnatic користи подлоги за глувчиња

Создадени со Fnatic

Сите детали беа обликувани во соработка со професионалците од Fnatic. За брзината, опсегот и непречените движења кои се потребни за натпреварување во важни натпревари.

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.