Отворете нови можности за играње игри со слушалките со микрофон INZONE H6 Air

црн звучник од слушалки наспроти црна и виолетова заднина

Структура за акустика со отворена задна страна

Зачекорете во светот на игрите со реалистичен звук, за да добиете навистина реално доживување. Нашиот дизајн за акустика со отворена задна страна ги намалува рефлектираните звуци во внатрешноста на слушалките, за попрецизна репродукција на звучното поле. Слушнете сè, така како што замислиле креаторите на игрите.
 
Бели детали од звучникот наспроти црна заднина

Звучникот е инспириран од професионалните слушалки за мониторинг

Дизајнот на звучникот го следи дизајнот на слушалките MDR-MV1 за мониторинг во студио, кои имаат отворена задна страна. Тој нуди широк фреквентен опсег, почнувајќи од најдлабок бас, па сè до најостри високи тонови, со звук инспириран од процесот за мониторинг во студио, за да обезбеди реално аудиодоживување.
 
Црни слушалки со микрофон наспроти црна и виолетова заднина

Извонредно мала тежина, за долги сесии

Одликувајќи се со изработка од алуминиум и со дизајн со подредени отвори, INZONE H6 Air се нашите најлесни слушалки со микрофон за игри досега, кои имаат извонредно мала тежина од само 199 гр, без отстранливиот микрофон.
 
Слика од еквалајзер за звук, со бел текст наспроти црна заднина

Зголемена реалност благодарение на креаторите на игри

Во соработка со дизајнерите за звук од PlayStation Studios во Sony Interactive Entertainment, кои го создаваат звукот за PlayStation®-игрите, го создадовме профилот „RPG/авантура“ за еквалајзерот. Или, пак, може да ја користите нашата технологија 360 Spatial Sound for Gaming - двете опции се можни преку испорачаната USB-C®-кутија за звук.
 
Слика одблиску од црни слушалки со микрофон и куќиште на слушалка, наспроти црна заднина

Кардиоиден микрофон за јасен и природен глас

Отстранливиот телескопски микрофон е закосен кон вашата уста, за да го елиминира страничниот шум и да се фокусира на вашиот глас. Неговиот долг и флексибилен држач ќе остане таму каде што ќе го оставите.
 
Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.