Структура за акустика со отворена задна страна, за реално слушање
Зачекорете во светот на игрите со реалистичен звук, за да добиете навистина реално доживување. Структурата за акустика со отворена задна страна ги намалува рефлектираните звуци и нееднаквото намалување на интензитетот на звукот, за попрецизна и поприродна репродукција на звучното поле.
Прецизно приспособени звучници за врвен звук
Подгответе се за звучно задоволство со технологијата на звучникот MDR‑MV1, приспособена за акустичниот дизајн на H6 Air. Уникатниот дизајн нуди широк фреквентен опсег, почнувајќи од најдлабокиот бас, па сè до најострите високи тонови, за да обезбеди реално аудиодоживување - совршено за игри богати со аудиодетали.
Длабок интегриран бас
Структурата на INZONE H6 Air има три балансирани задни канали за секој звучник, за репродукција на природен и богат бас, кој звучи неутрално. Просторната резонанца се елиминира преку оптимална контрола на воздушниот проток помеѓу предниот и задниот дел на звучникот.
Создадени заедно со креаторите на звук за игри
Профил RPG/авантура за еквалајзерот
Во соработка со дизајнерите за звук од PlayStation Studios во Sony Interactive Entertainment, кои го создаваат звукот за PlayStation-игрите, го создадовме профилот „RPG/авантура“ за еквалајзерот. Овој профил врши обработка на звуци оптимизирана за RPG-игри и авантуристички игри, при што создава акустичко доживување како во студио за звук и овозможува извонредно реално доживување при слушањето.
Поврзување преку USB-C®, конфигурација за моќен звук
За поставување на еквалајзерот, режимите за реален звук и многу повеќе, поврзете ги слушалките со компјутер и со апликацијата INZONE Hub преку испорачаната USB-C®-кутија за звук. Стандардниот приклучок за звук од 3,5 мм поддржува голем избор на уреди, вклучувајќи и контролери за PS5®.
Опкружувачки реализам со просторен звук
Потонете целосно во светот на вашата игра и откривајте ги противниците преку звукот. Моќната обработка на сигнали прецизно го репродуцира оригиналниот 7.1-канален звук преку звучниците на слушалките. Благодарение на технологијата 360 Spatial Sound на Sony, која е оптимизирана за игри, како и дизајнот за акустика со отворена задна страна за поприродно и пространо звучно поле, ќе добиете прецизна локализација на звукот со кристално чиста резолуција.
Флексибилен микрофон со многу реален звук
Отстранливиот микрофон со многу реален звук е долг, флексибилен и лесен за позиционирање, за да може да го позиционирате блиску до устата. Еднонасочната кардиоидна шема на насочување го минимизира амбиенталниот шум и го фокусира гласот на играчот, за да обезбеди беспрекорна јасност.
Природен глас кој е лесен за слушање
Отворен дизајн за мониторинг на природни гласови, без доцнење или непријатни ефекти.