Вашето секојдневно решение за филмски звук

Нашиот компактен дизајн, со 9 звучници и докажаната технологија 360 Spatial Sound Mapping, ќе ве опкружи со богат и реален звук. Претворете ја дневната соба во кино со единечен долгнавест звучник.

Одново дефинирање на правилата за опкружувачки звук

BRAVIA Theatre Bar 7 нуди комбинација од физички и фантомски звучници, за да создаде пошироко поле на опкружувачки звук и уште повеќе да ве задлабочи во филмот.

Најдобар опкружувачки звук со 360 Spatial Sound Mapping

Уживајте во најдобриот опкружувачки звук за во домот. Технологијата 360 Spatial Sound Mapping создава 5 фантомски звучници пред вас и го рефлектира звукот од таванот и ѕидовите, создавајќи опкружувачки звук како во кино од еден звучник во вид на лента.

/content/dam/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/images/logos/360-mapping.svgalt

Уживајте во опкружувачки звук со поголема покриеност

Отсега повеќе луѓе ќе можат да уживаат во истото доживување со опкружувачки звук. Користејќи фантомски звучници, технологијата 360 Spatial Sound Mapping постигнува поголема покриеност отколку стандардните системи за виртуелен опкружувачки звук.

/content/dam/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/images/logos/360-mapping.svgalt

Реализирајте го целиот потенцијал на 360 Spatial Sound Mapping

Додајте изборни безжични задни звучници за уште попространо звучно поле. Заедно со задните звучници, Bar 7 создава максимум 11 фантомски звучници, вклучувајќи и звучници зад вас, за да создаде реално филмско доживување.

/content/dam/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/images/logos/360-mapping.svgalt

Добијте поширок и побогат звук со изборниот сабвуфер и изборните задни звучници

Подобрете го вашето домашно кино со овие надградби. Двата сабвуфери нудат моќни ниски фреквенции, а задните звучници го прошируваат полето на опкружувачкиот звук. Дајте им на сите филмови поголем обем и поголемо влијание.

BRAVIA Theatre
Sub 9
BRAVIA Theatre
Sub 8
BRAVIA Theatre
Sub 7
BRAVIA Theatre
Rear 9
BRAVIA Theatre
Rear 8

Ист звук како во кино

Внесете реален опкружувачки звук со квалитет како од кино во вашата дневна соба. BRAVIA Theatre Bar 7 не само што поддржува формати што се стандардни во индустријата како Dolby Atmos® и DTS:X®, туку има и сертификат за содржини IMAX® Enhanced.

Звук IMAX® Enhanced со DTS:X

Уживајте во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ преку BRAVIA и BRAVIA Theatre, овозможено со технологијата IMAX Enhanced.

Сите места за гледање се најдобри

Не е важно каде седите. Не е важно ни каква акустика има во просторијата. Оптимизацијата на звучното поле им овозможува на сите да уживаат во опкружувачки звук како во кино.

Едноставно позиционирање на звучниците

Не грижете се за пронаоѓањето на совршената положба на звучниците. Каде и да ги ставите, оптимизацијата на звучното поле ќе ги калибрира соодветно, користејќи фантомски звучници за да создаде идеално поле со опкружувачки звук.

Калибрација според вашата просторија

Нема потреба да го преуредувате домот за да добиете акустика како во кино. Оптимизацијата на звучното поле ги анализира акустичките карактеристики на вашата просторија, а потоа врши напредна обработка на сигналите за да ги изедначи со карактеристиките на кино салите.

Најдоброто место е таму каде што седите

Уживајте во квалитетен опкружувачки звук каде и да седите. Направете калибрација со нашата апликација BRAVIA Connect за паметни телефони, а BRAVIA Theatre Bar 7 ќе ја открие вашата положба во собата и ќе го оптимизира звукот соодветно.

Компактна форма, реален звук со 9 звучници

Обработката на сигнали не е најважен фактор за одличен опкружувачки звук. И физичките звучници треба да понудат извонредни акустички перформанси, а BRAVIA Theatre Bar 7 нема да ве разочара.

Систем со нови 2-системски звучници

Уживајте во јасен и широк опкружувачки звук од еден звучник во вид на лента. Bar 7 има систем со нови 2-системски звучници, наменски вуфери и високотонци за левиот и десниот преден канал, со кои создава поширок опкружувачки звук и прецизно звучно поле.

Слушајте звук што се движи над вас

Звучниците насочени нагоре го одбиваат звукот од таванот за да добиете прекрасен звук што се распространува над вас. 360 Spatial Sound Mapping создава фантомски звучници на таванот за уште поамбиентален звук.

Страничните звучници го исполнуваат просторот со звук

Страничните звучници го одбиваат широкиот насочувачки звук од ѕидовите, а притоа ја исполнуваат целата ваша просторија со распространувачки звук и ја збогатуваат забавата со вистинско чувство на возбуда.

Централен звучник за јасен дијалог

Овој систем со централен звучник со целосен опсег нуди јасни и природни дијалози, за совршено да ги слушнете сите зборови.

Вградениот вуфер и пасивните радијатори создаваат длабок бас

Нека не ве залажува тенкиот дизајн. Благодарение на вградените вуфери и пасивните радијатори, Bar 7 создава длабок и моќен бас каков што може да очекувате од многу поголеми звучници.

X-Balanced Speaker Unit

Уникатната правоаголната форма на звучникот максимално ја зголемува површината на мембраната за да создаде моќен бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок, овозможувајќи помалку изобличувања и поголема острина на вокалите.

Навистина едноставно користење

BRAVIA Theatre Bar 7 создава опкружувачки звук на едноставен начин. Од почетното поставување до контрола преку паметен телефон, вложете минимален напор за да уживате максимално.

Направете сè со BRAVIA
Connect

Апликацијата BRAVIA Connect за паметни телефони ќе ве води чекор по чекор за сè, почнувајќи од поврзување, до калибрација и секојдневна контрола.

Дознајте за апликацијата BRAVIA Connect

Поставете го за неколку секунди

За поврзување ви требаат само HDMI-кабел и кабел за напојување. Достапни се и други приклучоци, како HDMI IN. Инструкции за целосно поставување и калибрација на звукот ќе добиете од апликацијата BRAVIA Connect.

Водич со инструкции за поставување, уште од првиот чекор

Отворете ја кутијата и ќе пронајдете QR Code на горната страна. Со брзо скенирање ќе бидете пренесени до водич за поставување, кој овозможува едноставно поставување без напор, за лесно да почнете да го користите производот веднаш откако ќе го извадите од кутијата.

Со BRAVIA, домот се претвора во кино

Пренесете ги чувствата и возбудата од кино салите во вашиот дом. Поврзете го BRAVIA Theatre Bar 7 со телевизор BRAVIA за да добиете ненадминато аудиовизуелно доживување и да уживате во сите сцени како никогаш досега.

Кристално јасен глас. Прецизен дијалог.

Нема повеќе придушени гласови. Во комбинација со компатибилен телевизор BRAVIA, нашата нова технологија Voice Zoom 3™, која применува машинско учење со AI, ги препознава човечките гласови и ја зголемува или намалува нивната јачина, за да можат дури и тивките звуци од дијалозите да звучат гласно и јасно.

Контрола без напор преку BRAVIA

Контролирајте го опкружувачкиот звук лесно преку далечинскиот управувач на вашиот телевизор BRAVIA. Поставките за звук на звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA заради лесна контрола на функциите како звучно поле и јачина на звукот.

Дизајн што заштедува простор

Испорачаниот разделник овозможува позиционирање на звучникот во вид на лента врз држачот на телевизорот за да добиете интегриран изглед што заштедува простор.

Уживајте повеќе со најновите формати

Извлечете максимум од целата ваша забава. BRAVIA Theatre Bar 7 ги поддржува најновите формати, па затоа нуди потполно ново ниво на филмови и игри.

Филмовите изгледаат многу реално

Опремен со приклучок HDMI 2.1, BRAVIA Theatre Bar 7 го зачувува оригиналниот квалитет на слика на сите извори, дури до 8K HDR-квалитет.

Реално доживување при играње игри

Уживајте во вашите игри. Уживајте во звукот од конзолата PlayStation®5, кој се движи над вас, и во поставките за слика оптимизирани со автоматско мапирање на HDR-тоновите и режимот на слика со автоматски жанр, кога ќе го приклучите производот со компатибилни телевизори BRAVIA™. Исто така, овој производ поддржува VRR, ALLM и SBTM за пореални игри.

/content/dam/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/images/logos/vrr.svgalt /content/dam/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/images/logos/allm.svgalt /content/dam/sony/contents/global/televisionsandhometheatre/common/pdp-js-css/images/logos/sbtm.svgalt

Еден систем, многу начини на слушање

Од филмови до листи за репродукција, BRAVIA Theatre Bar 7 поддржува повеќе режими за звук - создавање повеќе канали за звук, повеќеканален стерео звук и конверзија - па затоа независно какви содржини репродуцирате, ќе добиете реален звук кој ќе ја исполни вашата соба.

Претворете ги стерео содржините во опкружувачки звук

Технологијата на Sony за создавање повеќе канали за звук нуди богат опкружувачки звук дури и од стерео содржини. Нејзиниот иновативен алгоритам ги извлекува и одново ги дистрибуира индивидуалните звуци за да уживате во 3D-звук. При создавањето повеќе канали за звук, обработката за одвојување на звуците со AI ги открива човечките гласови и ги прави појасни.

Засилете го моментот со Multi Stereo

Multi Stereo го подобрува вашето доживување при слушањето преку репродукција на истиот звук преку предните (Л/Д/центар) и задните звучници, а со тоа ги засилува сите звуци во просторијата. Почувствувајте го одекнувањето на звукот со поголем интензитет, кој го засилува секој момент.

Проследувајте музика од вашите омилени услуги

Ова не важи само за филмовите. Може да слушате и музика со подобрен и висококвалитетен звук. Вградената поддршка за Spotify Connect™ и Apple AirPlay ви овозможува да ги репродуцирате сите ваши омилени песни.

Поврзување преку Bluetooth®

Проследувајте аудиосодржини безжично. Технологијата Bluetooth® ви овозможува полесно уживање во музика, podcast-содржини и многу повеќе од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп.

DSEE Ultimate™

Користејќи Edge-AI, DSEE Ultimate™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време и ги обновува акустичките детали за да создаде побогато доживување при слушањето.

Дизајниран земајќи ја предвид планетата, паметен избор за сите

Производите BRAVIA се дизајнирани да се хармонизираат со потребите на луѓето, а притоа да водат сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да користат уреди од Sony и ги прошируваме нашите иницијативи за животната средина преку употреба на рециклирани пластики во нашите производи. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.

Целта е да се намали влијанието врз животната средина

Нашата иницијатива Road to Zero има за цел да го намали влијанието врз животната средина во секоја фаза од нашето деловно работење. Правиме напори да го сведеме влијанието врз животната средина на нула до 2050 година, преку иновации и одржливост.

Не се штетни за животната средина

Аудиопроизводите за во домот од Sony не само што се дизајнирани за одлични аудиодоживувања во домот, туку и ја земаат предвид животната средина. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за нашите пакувања и да користиме рециклирани материјали за нашите производи.
Приближно 75% од пакувањето е направено од рециклирана хартија и хартиени материјали за да се минимизира употребата на нерециклирана пластика, и приближно 87% од текстилниот материјал кој се користи за звучниците е направен од рециклирано платно.

Сакајте ја планетата, паметен избор за сите

BRAVIA Theatre е дизајниран да се хармонизира со потребите на луѓето, а притоа да води сметка за природните ресурси. Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност, за да им овозможиме на слепите или глувите луѓе да ги користат уредите од Sony, и уште повеќе ги прошируваме нашите напори за животната средина преку поодговорна употреба на материјалите и одржливо производство. Забавата станува поинклузивна и подобра за сите.

Пристапен за сите

За да можат луѓето со оштетен вид да ги постават нашите долгнавести звучници, достапна е испакната квадратна рамка која ги насочува корисниците до QR Code за апликацијата BRAVIA Connect, која нуди поддршка за читање на информациите на екранот. Благодарение на функцијата за читање на информациите за поставување и за далечинска контрола, повеќе нема потреба да го памтите распоредот на копчињата или редоследот на елементите на екранот. Исто така, опипливите точки на задниот панел ќе ве одведат до приклучокот eARC HDMI за поврзување со телевизор.

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.