Компактниот, широкоаголен објектив за целосна слика со моторизиран зум и константна решетка F4 нуди слики типични за G-објективи. Содржи два AA-елементи (напредни асферични), супер ED-елемент (исклучително мала дисперзија) и ED-елемент за ефективно намалување на изобличувањето и аберацијата. Кружната решетка и аберацијата го засилуваат заматувањето, а фокусната должина од 0,24 м создава врвни слики одблиску.
Дизајнирани за врвна обработка на видео
Покрај рамномерниот моторизиран зум којшто нуди многу опции, овој неверојатно компактен објектив ги минимизира промените во аголот на гледање коишто може да настанат при фокусирањето или зумирањето со цел лесно снимање на стабилни и висококвалитетни видеозаписи. Ракувањето со фокусот, зумот и решетката е екстремно тивко, со што се намалуваат шумот и вибрациите коишто пречат при снимањето видеозаписи.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Новиот систем на моторизиран зум со четири линеарни XD-мотори што за првпат се појавува во објектив α овозможува рамномерна контрола со брз рачен зум. Прецизно се детектира дури и суптилната ротација на прстенот за зумирање и преминува во зумирање. Рачката за контрола на променлив зум го олеснува зумирањето со постојана и ниска брзина кое се управува далечински кога фотоапаратот е прикачен на уред за стабилизација0.
Линеарниот XD-мотор овозможува неверојатен AF
Двата линеарни XD-мотори нудат брз и тивок автоматски фокус со мали вибрации, а имаат и компактни димензии. Постојаниот и сигурен AF овозможува беспрекорно следење на субјектите при снимање видеоснимки со висока стапка на слики. Компатибилното куќиште0 овозможува прецизен фокус додека континуирано снимате фотографии до 30 слики во секунда. Субјектите се следат рамномерно дури и при зумирање.
Три прстени за контрола: зум, фокус и решетка
Прстените за контрола на зум, фокус и решетка на овој објектив нудат флексибилна контрола. Брзата контрола на зумот е клучна за видеоснимки, а MF со линеарен одзив овозможува директен одзив на прстенот за фокус при рачно фокусирање. Прстенот за решетката има преклопник за звук којашто овозможува деактивирање на звучниот сигнал кога има потреба од беспрекорно прилагодување на решетката.
[1] Прстен за фокусирање [2] Прстен за зумирање [3] Прстен за решетка
Богат со опции, а неверојатно лесен
Компактниот и широкоаголен објектив за зумирање тежи само 353 g (12,5 oz), без да потфрли во поглед на функциите и перформансите. Фиксната должина при фокусирање и зумирање нуди оптимална рамнотежа и ракување, со што е идеален за снимање видео со механизам за стабилизација. Идеален е за снимање на сите субјекти и ситуации благодарение на извонредната преносливост и дизајнот отпорен на прав/влага0.
Предности на објективите од Sony за снимање видео
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.