Листа со функции

Шумски пејзаж

XA-елемент за извонредна резолуција

Врвната резолуција на G Master е достапна низ целиот опсег на зумирање од 70 мм до 200 мм при сите фокусни растојанија. Два асферични елементи на објективот и еден елемент XA (екстремно асферичен), произведени со прецизност на површината од 0,01 микрони, за ефикасна контрола на аберацијата зависна од оддалеченоста и неверојатна резолуција низ целата површина на сликата.

 

Слика од пат опкружен со ридови

Контрола на аберацијата за врвни слики

Двата сферични елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и двата елементи од супер ED-стакло значително ја намалуваат хроматската аберација за остра репродукција без прелевање на боите. Вграден е и асферичен ED-елемент кој ја намалува хроматската и сферичната аберација, што се чести проблеми кај телефото објективите.

 

Слика одблиску од цвет

Одлични перформанси за снимање одблиску

Овој објектив со зум нуди одлични перформанси за снимање одблиску. Минимално фокусно растојание од 0,4 метри (1,32 ft) при 70 мм и 0,82 метри (2,69 ft) при 200 мм. Максимално зголемување од 0,3x. Длабокиот ефект на дефокусирање со F2,8 нуди креативно изразување одблиску. Лебдечкиот фокус овозможува врвна острина дури и при минимално фокусно растојание, а внатрешниот фокус овозможува полесно доближување.
Десно око на човек гледа нанапред

Неверојатен ефект на дефокусирање со G Master

XA-елементот произведен со прецизност на површината од 0,01 микрони го елиминира прстенестиот ефект на дефокусирање, а прецизната контрола на сферичната аберација го подобрува ефектот на дефокусирање. Сферичните стаклени елементи од тип ED (исклучително мала дисперзија) и супер ED и асферичниот ED-елемент ефикасно го минимизираат прелевањето на боите за да добиете прекрасен ефект на дефокусирање без неприродни бои.

 

Слика од ползечки растенија

Нова решетка со високи перформанси

Дури и решетката на објективот е подобрена за да ги задоволи највисоките стандарди за квалитет на G Master. Новосоздадената решетка со 11 ливчиња и речиси совршено кружна форма, од најширок отвор до два чекори помалку, помага во создавање природен и кружен ефект на дефокусирање каков што очекуваат корисниците на дизајнот G Master.

 

Слика од езеро на зајдисонце

Анти-рефлективен нано слој II за максимална острина

Анти-рефлективниот нано слој II создава еднаква облога врз површините на објективот што спречува рефлектирање, за ефикасно намалување на одблесоците и отсјајот. Оптичкиот дизајн на објективот ефикасно ги намалува и внатрешните рефлектирања што можат да ја намалат острината при фотографирање пејзажи или спорт.

 

Слика од два телеконвертори

Телеконвертори со високи перформанси

Изборните телеконвертори од 1,4x и 2,0x со високи перформанси2 ја зголемуваат фокусната должина на објективот до 400 мм (600 мм кај APS-C-куќишта) при F5,6. При користење на телеконверторите2 се задржува квалитетот на G Master. Максималната решетка со телеконверторите2 од 1,4x и 2,0x изнесува F4 и F5,6, соодветно.
Слика од фотоапарат поставен на едноножен статив

Дизајнирани за врвна обработка на видео

Најновиот дизајн за објективи ги намалува промените во фокусната должина, поместувањата на фокусот при зумирање и поместувањата на оската при зумирање. Линеарните XD-мотори и новата решетка придонесуваат за тивко функционирање и значително намалување на шумот и вибрациите што пречат при снимањето видео.
Слика од линеарни XD-мотори

Брз и прецизен автоматски фокус

Овој објектив може да се користи со куќишта од серијата α за сигурно фокусирање и рамномерно следење на субјекти што се движат брзо. Четирите линеарни XD-мотори со голема моќ и напредната технологија за контрола овозможуваат 4x0 побрз AF во споредба со SEL70200GM. Следењето со фокусот при зумирање е подобрено за приближно 30%1 во споредба со SEL70200GM.

 

Слика од FE 70-200 мм F2,8 GM OSS II

Заклучувањето на ирисот спречува несакани промени на експозицијата

Преклопникот за заклучување на ирисот спречува несакани промени на експозицијата при фотографирањето. Кога заклучувањето е активно, решетката или ќе биде заклучена во положбата [A] или ќе може да се ротира помеѓу рачните поставки од F2,8 до F22. Кога заклучувањето не е активно, прстенот на решетката ќе може да се ротира помеѓу [A] и сите други рачни поставки без ограничувања.

 

Слика од производот што ја покажува положбата на преклопникот на објективот за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на звукот на решетката

Флексибилна рачна контрола при снимање видео

Независната контрола на фокусот, зумот и ирисот овозможува прецизна рачна контрола при снимање видео. Прстенот за решетката има преклопник за вклучување/исклучување звук за чекорите на решетката, што кога е вклучен овозможува повратен ефект при фотографирањето, а кога е исклучен нуди рамномерна и тивка контрола на ирисот при снимање видео.

 

Фотограф фотографира натпревар во одбојка на плажа

Најлесен во светот за врвно ракување

Овој уникатен објектив нуди оптика со неверојатен квалитет и AF вградени во најлесниот0 објектив со зум од 70-200 мм и F2,8 во светот. Линеарните XD-мотори и компонентите на цилиндарот од магнезиумска легура создаваат вкупна тежина од само 1045 грама (36,9 oz); приближно 29% помалку од претходниот модел. Напредниот дизајн ја подобрува рамнотежата и ракувањето.

 

Слика од производот што покажува вртење на прстенот за фокусирање со симболи во вид на стрелки

Природен и линеарен одзив на рачниот фокус

MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно за дискретна контрола при рачното фокусирање. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно врши соодветни промени на фокусот, за да се добие чувство на брза и прецизна контрола при фотографирање или снимање. 

 

Слики од производот што ги прикажуваат положбите на чекорите за ирисот, прстенот за фокусирање и заклучувањето на ирисот

Постојаниот DMF поддржува прецизно фокусирање

Кога опцијата за постојан DMF е ВКЛУЧЕНА, рачниот фокус се активира автоматски кога ќе го завртите прстенот за фокусирање, дури и во режимот AF-C. Тоа овозможува брза корекција ако автоматскиот фокус се префрли на погрешен субјект, што е одлично за прилагодување на фокусот по првичното автоматско фокусирање. Поставките на преклопникот за ограничување на опсегот на фокусирање не важат за постојаниот DMF.
Слика од производот што ја прикажува положбата на преклопниците за OSS на објективот

Оптичка стабилизација на слика со РЕЖИМ 3

Вградената оптичка стабилизација на слика овозможува полесно рачно снимање на остри слики. РЕЖИМОТ 2 за стабилизација е оптимизиран за фотографирање со поместување, а РЕЖИМОТ 30 нуди стабилно обликување на кадарот при фотографирање динамички и непредвидливи движења. Стабилизацијата на слика со 5 оски е достапна ако го прикачите објективот на куќиште α со вградена стабилизација на слика.

 

Слика од производот што ја прикажува положбата на ограничувачот на опсегот за фокусирање на објективот

Ограничувач на опсегот на фокусирање

Преклопникот за ограничување на опсегот на фокусирање (ЦЕЛОСНО/∞ - 3 м) го ограничува функционирањето на AF со однапред одреден опсег за да ја максимизира брзината на AF и да спречи фокусирање на несакани предмети.

 

Слика од производот што ја прикажува положбата на копчето за задржување на фокусот на објективот

Три приспособливи копчиња за задржување на фокусот

Три приспособливи копчиња за задржување на фокусот се поставени на оддалеченост од 90° за лесен пристап и практична контрола при фотографирањето во хоризонтална или вертикална ориентација и од секој агол. На копчињата за задржување на фокусот може да се додели една функција од менијата на куќиштето.

 

Слика од FE 70-200 мм F2,8 GM OSS II

Дизајн што е отпорен на прав и влага

Отпорноста на прав и влага2 е значително подобрена во споредба со претходниот модел1. Сите споеви се заштитени, копчињата и преклопниците имаат силиконски гумени заптивки, а приклучокот за објективи е заштитен со гумен прстен. Внатрешниот механизам за зумирање има поголема заштита од прав и влага2, а должината на цилиндарот на објективот е фиксна.

 

Слика од сенилото на објективот

Сенило за објектив со нов дизајн

Испорачаното сенило за објектив има отвор што овозможува практично користење филтри за кружна поларизација или варијабилни ND-филтри. Внатрешната страна му е обложена за ефикасно спречување на несаканите рефлектирања. На кружниот преден раб на сенилото има силиконска гума за подобро ракување.
Слика од површината на елементот на објективот

Преден елемент со слој со флуор

Предниот елемент на објективот има слој со флуор што е отпорен на вода, масло и други нечистотии, а овозможува и полесно бришење на сите нечистотии или отпечатоци од прсти што се акумулираат на површината на објективот.

 

Слика од производот што ја покажува положбата на приклучокот за статив

Отстранлив приклучок за статив

Отстранливиот приклучок за статив овозможува брзо прикачување и откачување на стативот, при што корисникот може лесно да преминува од фотографирање со статив во рачно фотографирање. Приклучокот може да се отстрани за попрактично транспортирање и складирање. Механизмот за заклучување спречува ненамерно отстранување.