Иновативниот оптички дизајн на G Master со прецизни асферични елементи, вклучувајќи два извонредно прецизни XA-елементи, заедно со двата најсовремени линеарни XD-мотори од Sony создаваат извонредни перформанси во неверојатно компактен објектив што тежи само 460 грама. Носете го овој објектив насекаде и обликувајте го светот со нови и креативни перспективи.
Двата елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија), што ефикасно ја коригираат хроматската аберација, се надополнети со елемент од супер ED-стакло кој што нуди уште поголема хроматска компензација за да добиете одличен контраст и прецизен приказ низ целата површина на сликата.
Овој уникатен и извонредно широкоаголен објектив со механизам со кружна решетка со 9 ливчиња и оптимална примена на два XA-елементи ви овозможува да ги истакнете субјектите со динамички перспективи одблиску и да создадете прекрасно дефокусирање на длабоките и пространи заднини.
Сонцето често е во несоодветна положба кога фотографирате на отворено со извонредно широкоаголен објектив, па затоа понекогаш предизвикува несакани одблесоци и отсјај. Оригиналната технологија за анти-рефлективен нано слој II од Sony создава еднаква облога врз површините на објективот што спречува рефлектирање, за ефикасно намалување на одблесоците и отсјајот во услови со несоодветно осветлување.
Двата линеарни XD-мотори (екстремно динамички) брзо и прецизно ги позиционираат големите и тешки фокусни групи на овој објектив за да овозможат брз, прецизен и тивок AF што максимално ќе го искористи потенцијалот за брзина на куќиштата со E-приклучок. Тивкиот AF со мали вибрации е огромна придобивка при снимање видео, а компактната преносливост и брзиот одзив овозможуваат неограничена креативна слобода.
MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно за дискретна контрола при рачното фокусирање. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно се претвора во соодветна промена на фокусот, слично на одзивот на механичките системи за фокусирање. Контролата е моментална и прецизна, па така вашата креативна намера ќе се реализира без доцнење.
На копчето за задржување на фокусот можат да му се доделат различни функции преку интерфејсот на фотоапаратот во зависност од различните потреби за фотографирање. На пример, може да му ја доделите функцијата за зголемување на фокусот, за лесна контрола на зголемување на фокусот и прецизен рачен фокус.
Прстенот за решетката овозможува интуитивна контрола на решетката, со звучен сигнал за избор на чекори што може да се вклучи или исклучи според потребите. Вклучете го звучниот сигнал за избор на чекори за да добиете повратен ефект што ќе го „почувствувате“ при избирањето на чекорите или, пак, исклучете го ако ви треба рамномерна, континуирана и бесшумна контрола на решетката, овозможена од линеарните XD-мотори на објективот.
Освен слојот со флуор на предниот елемент што е отпорен на вода, масло и други контаминирачки материи, и задниот елемент е обложен со флуор за да спречи валкање на површината при менување на задниот филтер. Дизајнот што е отпорен на прав и влага0 ви нуди максимална сигурност кога го користите овој извонредно широкоаголен објектив со голема решетка во лоши надворешни услови.