Листа со функции

Слика од сензорот за слика Exmor RS

Новосоздаден Exmor RSTM -сензор за целосна слика со подредена структура, 24,6 MP и глобална бленда

α9 III има револуционерен сензор за целосна слика со глобална бленда, приближно 24,6 ефективни милиони точки, подредена CMOS-архитектура и внатрешна меморија, што нуди висока резолуција и огромна брзина. Може да снима динамички субјекти без никакво изобличување, а подредената структура на сензорот и напредната конверзија A/D овозможуваат обработка со голема брзина и минимално доцнење. Исто така, α9 III е опремен со напреден процесор BIONZ XRTM  и може да фотографира континуирано со брзина до 120 слики во секунда0, а притоа да го задржи фокусот врз сите движења благодарение на моќната AI, AF со густа распределба и откривање фаза и обемното препознавање субјекти.
Слика од BIONZ XR

Процесор за обработка на слика BIONZ XR

Процесорот за обработка на слика BIONZ XR, со осум пати0 поголема моќ од претходните верзии, го минимизира доцнењето при обработката и значително ја зголемува моќта за обработка на слики, за да создаде слики со врвна градација на бои, реални бои и мал шум. Тој обработува голем обем на податоци што ги генерира новосоздадениот сензор за слика Exmor RS во реално време, дури и при континуирано секвенцијално фотографирање со брзина до 120 fps1, а може да снима и висококвалитетни RAW-слики со 14 бита во сите режими за фотографирање.
Група слики снимени во континуирана серија, доловуваат птица во различни етапи додека лета

Фотографирање без затемнување

Не пропуштајте ниту еден момент со визирот што не се затемнува, дури и при брзо континуирано фотографирање. Тоа овозможува непречено доловување на движењата и е особено практично за фотографирање брзи субјекти како атлетичари или, пак, за портрети, кога дури и најкратките изрази на лицето може да бидат разликата помеѓу просечна или одлична слика.

(1) Фотографирање без затемнување  (2) Фотографирање со затемнување

Слика од натпреварувач во триатлон кој прска вода на своето лице

Извонредно голема брзина на блендата од 1/80000 секунди

Доловете ги сите брзи движења на спортските настани и многу повеќе. Сензорот со глобална бленда нуди извонредно голема максимална брзина на блендата од 1/80000 секунди за фотографии, овозможувајќи ви да доловите дури и куршум како излегува од цевка на пушка на натпревар во стрелање, на пример.
Слика од птица во лет

Доловете ги неопходните моменти со иновативно и брзо секвенцијално фотографирање

Не пропуштајте ниту еден важен момент со функцијата за пред-снимање0 што овозможува да снимате моменти што завршиле пред да се активира блендата. Податоците (до 120 слики во секунда1) се складираат привремено додека копчето за блендата е половично притиснато, а може да снимите моменти што настанале до 1 секунда пред целосно притиснување на копчето за блендата. Тоа го олеснува доловувањето моменти што траат дел од секундата, како слики од птици што полетуваат, дури и ако активирањето на блендата задоцни малку.
Слика од играч на голф кој удира топче на песочна површина, неколку моменти откако палката го удира топчето

Зголемувањето на брзината на континуираното фотографирање

Зголемувањето на брзината на континуираното фотографирање0 ја зголемува брзината на фотографирањето привремено додека фотографирате серии на слики, овозможувајќи му на корисникот да ја зголеми стапката на слики до 120 fps, во исчекување на важните моменти. Најголем ефект има кога фотографирате спортски или други динамички активности, кога темпирањето на саканото движење може делумно да се предвиди.
Слика од двајца ракометари кои се натпреваруваат за да ја фатат топката

Подобро препознавање на луѓе со функцијата за AF+ со препознавање во реално време

Благодарение на неговиот иновативен уред за обработка со AI, α9 III користи податоци за формата на субјектите за да може прецизно да ги препознава движењата. Сето ова овозможува фокусирање и следење субјекти кои не гледаат кон фотоапаратот или чие лице е покриено.

Нашиот најнов софтвер за фотоапарати ја подига функцијата од Sony за проценка на човечки пози на повисоко ниво. Во верзијата 4.0 и во поновите верзии, функцијата за AF+ со препознавање во реално време нуди постабилно препознавање на луѓе, дури и во сложени ситуации, како во толпа луѓе или во тимски спортови, а нуди и прецизно и доследно следење, и континуиран фокус врз вашиот субјект, дури и ако погледот кон него биде привремено попречен.

Слики од лав, птица, авион, автомобил, воз и пеперутка

Сигурно препознавање на поголем опсег на субјекти

Процесорот со AI поддржува подобро препознавање на луѓе, животни, птици, инсекти, автомобили/возови и авиони0. Во категоријата за автомобили/возови, сега може да препознава кациги, какви што носат возачите на формули. Функцијата за препознавање животни препознава очи на тревопасни и мали животни, како и очи, глави и тела на кучиња, мачки и слични животни. Подобрено е и препознавањето птици, со полесно пронаоѓање на очите на различни видови птици, како и нивните тела. Новата опција за животно/птица ја елиминира потребата од избирање помеѓу две поставки за фотографирање животни или птици.
Слика од двајца велосипедисти кои се тркаат по нагорнина

Широко, брзо и прецизно автоматско фокусирање со следење

α9 III има систем за брз и хибриден AF што нуди комбинација од брзината и перформансите за следење на AF со откривање фаза и прецизноста на AF со откривање контраст, за сигурно пронаоѓање и следење на субјектите што се движат брзо и/или непредвидливо. Располага со 7590 точки за откривање фаза што се густо распределени во фокусната рамнина на AF-системот со откривање фаза кој опфаќа приближно 95,6% од површината на сликата.
Слика од натпреварувач во триатлон кој прска вода на своето лице

До 120 пресметки за следење со AF/AE во секунда

Препуштете му го следењето на фотоапаратот - новиот сензор за слика со брзо отчитување му овозможува на α9 III да врши максимум 120 пресметки за следење со AF/AE во секунда0. AF следи сложени движења на субјектите и ги предвидува ненадејните движења со најголема прецизност досега, а AE лесно реагира на промените на светлината. α9 III не го прекинува следењето ниту за време на континуираното фотографирање, што придонесува за поголема прецизност.

(1) Пресметки за AF/AE  (2) 120 слики/секунда

Слика од портрет од жена навечер

Снимањето споени RAW-датотеки го намалува шумот

Функцијата за снимање споени RAW-датотеки снима неколку слики (избор од 4, 8, 16 или 32) што може да се соединат во Imaging Edge Desktop™ на Sony и да се создадат слики со максимална резолуција и мал шум.0 Тоа овозможува фотографирање диви животни со брза бленда или портрети при слаба светлина, што резултира со висок квалитет и мал шум при големи вредности на ISO. Ако фотографирате со мали нивоа на чувствителност, α9 III може да го искористи тресењето на фотоапаратот што настанува при рачно фотографирање и функцијата за спојување RAW-датотеки, за да создаде слики со помалку погрешни бои и заматување.

(1) Стандардно (2) Споена RAW-датотека

Цртеж од уредот за стабилизација на слика

Напредна оптичка стабилизација на слика со 5 оски

Снимајте рачно со сигурност. α9 III нуди стабилизација на слика, жироскопи и оптимизиран алгоритам за стабилизација што го откриваат и коригираат тресењето на фотоапаратот, за стабилизација со 8,0 чекори0. Стабилизацијата се подобрува со компатибилни објективи со стабилизација на слика1 и подобра комуникација помеѓу фотоапаратот и објективите, што резултира со ефикасна контрола за фотографирање без заматување, дури и при телефото фокусни должини.

[1] Странично вртење [2] Ротирање [3] Вртење нагоре

Слика од жена која танцува на дожд

Синхронизација со блицот при сите брзини на блендата

Заедно со компатибилен блиц од Sony (како HVL-F60RM2 или HVL-F46RM)0, α9 III може да изврши целосна синхронизација со блицот дури и при максималната брзина на блендата од 1/800001 секунди. Тоа ви овозможува да користите блиц за дополнително осветлување на субјектите кога фотографирате надвор при силна сончева светлина со голема брзина на блендата, што ја намалува потребата од големи системи за осветлување.
Слика од велосипедисти кои се тркаат

Напреден сензор за слика со глобална бленда за видеоснимки без изобличувања

Новосоздадениот Exmor RS-сензор за целосна слика со 24,6 милиони точки0, глобална бленда и подредена CMOS-архитектура нуди огромни придобивки и за снимање и за фотографирање. Не настанува изобличување при вртењето на блендата, па затоа може да снимате материјали со природен изглед, независно од движењето на субјектот или фотоапаратот, дури и ако снимате од возило што се движи брзо или ако брзо го поместувате фотоапаратот.
Слика од играч на голф кој замавнува да удри топче од песочна површина, неколку моменти пред да го удри топчето

4K 120p без отсекување за прв пат кај фотоапарат Alpha

За прв пат кај серијата Alpha од Sony, α9 III нуди снимање 4K-видео (3840 x 2160) со 120p без отсекување, што на корисниците им овозможува да го искористат целиот агол на гледање што го нудат сите објективи. На пример, 4K-видео снимено со забавени движења од 120p и видео снимено со нормална брзина од 24p од истата сцена ќе имаат ист агол на гледање и ќе можете лесно да ги уредите без потреба од прилагодување на кадарот.
Примерок за портрет од жена

S-Cinetone™ за филмски изглед

Профилот на слика S-Cinetone од Sony ја нуди истата технологија за бои што се користи кај врвната серија Cinema Line и создава прекрасни бои и тонови на кожа. S-Cinetone создава природни средни тонови што се неопходни за природен изглед на кожата, како и меки бои и прекрасни светли тонови. Тоа им овозможува на креаторите на содржини да се фокусираат на снимањето и да добијат филмски изглед без потреба од градација на боите.
Слика од играч на голф кој е во фокус, во предниот план има дефокусирано стебло на дрво

Компензација на фокусната должина за доследен агол на гледање

Компензацијата на промените во фокусната должина ефикасно ги намалува промените во фокусната должина при снимање видеоснимки. Оригиналната технологија за јасно зумирање на слики од Sony се користи за автоматско одржување на доследен агол на гледање при сите промени на фокусот, за да добиете постабилни слики. Метаподатоците за промени во фокусната должина може да се искористат со напредните функции за компензација на промените во фокусната должина на најновиот софтвер Catalyst Browse/Prepare при обработката по снимањето.
Слика од маж кој држи фотоапарат за да снима натпреварувач во триатлон кој со трчање излегува од морето

Стабилизација со динамички активен режим

Модулот за прецизна стабилизација и жироскопите што се вградени во фотоапаратот, надополнети со оптимизирани алгоритми за стабилизација на слика, овозможуваат спојување на напредната електронска стабилизација и вградената оптичка стабилизација на слика со 5 оски на фотоапаратот. Динамичкиот активен режим ја зголемува стабилноста за повеќе од 30% во однос на постоечкиот активен режим (прибл.)0.
Слика од десната страна на фотоапаратот

Ергономскиот дизајн на држачот го подобрува ракувањето и го намалува заморот

α9 III има држач со нова форма што го подобрува држењето и го намалува физичкиот напор на корисникот, дури и при фотографирање долго време или со тешки телефото објективи. Подобрената ергономска контура овозможува држачот да ја исполни дланката на корисникот за да овозможи сигурно држење што не предизвикува замор.
Слика од приспособливото копче на предната страна на фотоапаратот

Новото предно приспособливо копче нуди поголема флексибилност

Како една од надградбите на дизајнот на Alpha од Sony, α9 III се испорачува со приспособливо копче на предната страна заради побрзо и полесно ракување при држење на држачот. Тоа овозможува уште полесно прилагодување кон различни стилови и потреби за фотографирање. На пример, доделете ја функцијата за зголемување на брзината на континуираното фотографирање на предното копче за да овозможите моментално зголемување на брзината при секвенцијално фотографирање.
Слика од вртливото копче на горната страна на фотоапаратот

Вртливи копчиња за режим на придвижување и фокус

Режимот на придвижување со подредена структура и независно ракување, како и вртливите копчиња за режими на фокусирање, овозможуваат брзо пристапување и избирање. Корисникот може брзо да избере единечен или континуиран режим на придвижување или, пак, режим за фокусирање со единечен AF или континуиран AF, без да ги отвора менијата користејќи ги копчињата. И двете вртливи копчиња може да се заклучат за да спречат несакани промени на режимот за време на користењето. Освен тоа, како нова функција, вртливото копче за режим на придвижување може да се деактивира и да се додели во функциското мени или на приспособливо копче - практична опција за фотографирање во темнина или со заштита од дожд што може да го отежне ракувањето со вртливото копче.
Слики од производот на кои е прикажан опсегот за хоризонтална и вертикална ротација на LCD-мониторот

Оригинален механизам со 4 оски на Sony за поголема флексибилност при фотографирањето

α9 III има екран што се врти по 4 оски и нуди комбинација од стандардно закосување и флексибилно странично отворање, овозможувајќи непречено прилагодување на аголот независно дали фотографирате вертикално или хоризонтално. Тенкиот, дискретен и цврст0 механизам овозможува повлекување на екранот од задната страна на куќиштето и закосување нагоре до 98°, надолу до 40° и странично до 180°. LCD-екранот на допир од тип 3,2 е оптимизиран за надворешно фотографирање и има резолуција од 2,1 милиони точки, широка палета на бои и одлична светлина за приказ на јасна и остра слика.
Слика од фотоапарат со прикачен вертикален држач VG-C5 опремен со две батерии

Изборен вертикален држач VG-C5

Изборниот вертикален држач VG-C5 нуди одлична удобност и ракување при долги периоди на снимање. Држачот и копчето за блендата имаат ист ергономски дизајн како и куќиштето. Пристапот до контролите изгледа познато, со независно предно приспособливо копче (C5), предно вртливо копче, задни вртливи копчиња L и R и функција за заклучување на вртливото копче R. Во вертикалниот држач VG-C5 може да ставите две батерии NP-FZ100 за долги периоди на снимање.
Слика од визирот на фотоапаратот

Визир со одлични спецификации и перформанси

OLED-визирот со 9,44 милиони точки (прибл.) нуди зголемување до 0,90x0 со FOV од 41° за јасен и широк приказ, со растојание до окото од 25 мм1. Оригиналниот оптички дизајн ја минимизира аберацијата со што обезбедува подоследно доживување при гледањето. Времето на доцнење на визирот и екранот се намалени заради постабилно обликување на кадарот, особено при континуирано фотографирање. Стапката на слики на визирот може да се постави на Стандардно (60 fps), Високо (120 fps) или Повисоко (240 fps)2. Поставката за 240 fps нуди екстремно јасна слика преку визирот со минимално заматување на движењата кога фотографирате субјекти во движење, и значително го намалува заматувањето на движењата при поместување или закосување на фотоапаратот.
Слика од предна страна на фотоапарат со затворена заштитна завеса

Заштитната завеса се затвора при исклучување на напојувањето

Заштитната завеса го заштитува сензорот за слика од прав и честички при менување на објективот. Кога е поставена на ВКЛУЧЕНО, таа автоматски се затвора штом го исклучите фотоапаратот.
Слика од куќиштето од магнезиумска легура на фотоапаратот

Цврстина и издржливост за професионални опкружувања со лоши услови

Горниот капак, предниот капак, внатрешната рамка и задниот капак се направени од лесна и многу цврста легура од магнезиум, па затоа α9 III има куќиште со голема издржливост, голема отпорност на удари и ефикасна дисипација на топлина. Создаден е да може да се користи во професионални опкружувања со лоши услови, а воедно да има релативно лесна и компактна форма.
Слика на која се прикажани карактеристиките на фотоапаратот за отпорност на прав и влага

Одлична сигурност на терен

α9 III има одлична отпорност на прав и влага, благодарение на подобрувањата во дизајнот со силиконска гума околу копчињата, копче за заклучување на објективот, обложување околу приклучокот за објективи и други аспекти. Подобрениот дизајн на EVF ефикасно ја изолира оптичката патека на визирот, постигнувајќи го истиот ефект како двојна стаклена структура. Во комбинација со објективи што се отпорни на прав и влага, блицови и/или изборниот вертикален држач VG-C5, α9 III се претвора во централен дел на моќен систем што е отпорен на прав и влагаe resistant system0.
Слика од екран на кој се прикажува мени за репродукција на фотографии, избрана е опцијата „Прикажи како група“

Подобар групен приказ

Ефикасноста на работните процеси се зголемува значително благодарение на сликите во групи. Сликите снимени континуирано со брзина до 120 fps0 може да се дефинираат како „групи“, за полесно прегледување и пронаоѓање специфична слика во рамки на поголема група на слики. На овие групи може да им доделите и оценка, што потоа може да ја користите за филтрирање и пребарување, а оценката ќе се вметне во сликите што ќе ги увезете во компјутерска апликација за уредување.1 Тоа значително го олеснува управувањето со податоците и го забрзува работниот процес.
Слика од екран на кој се прикажува мени за репродукција со прегледување

Поставки на менито Fn

Ако функциското мени за репродукција го доделите на Fn-копче однапред, тоа ќе ви понуди брз пристап до контролата на функциите за статус на заштита, префрлување во паметен телефон, префрлување на FTP и други функции за време на репродукцијата. Може да се користи и за избирање и активирање функции за филтрирање серии на слики, на пример, за овозможување брза испорака преку FTP. Кога прегледувате по една слика, функциското мени може да го отворите со движење на прстот нагоре по LCD-екранот0, а тоа е достапно при репродукција на една датотека, репродукција со индекс, репродукција на календар/папка, како и на екранот за избирање слики.
Слика од екран на кој се прикажува мени за пребарување со филтер

Услов за филтер на репродукција

Пребарувањето со филтер може да се примени при репродукција со прегледување. Дури и ако збирките на слики се огромни, сликите може брзо да се филтрираат по датум, папка, фотографија/видео, оценка, статус на заштита, FTP и други параметри, што придонесува за многу полесно пронаоѓање специфични слики.
Слика од човек кој користи лаптоп, покрај него има фотоапарат

Remote Camera Tool

Remote Camera Tool е софтверска апликација што овозможува далечинско фотографирање (со компјутер) преку жичен LAN. Штом го поврзете фотоапаратот со компјутер или мрежен преклопник што е поврзан со компјутер, Remote Camera Tool ќе може да се користи за менување на поставките на фотоапаратот и за фотографирање.
Слика од маж кој ракува со својот паметен телефон додека фотографира со фотоапаратот

Вграден Wi-Fi за префрлување содржини на FTP и во паметни телефони, како и далечинска контрола преку компјутер

Вградениот Wi-Fi (IEEE 802.11ac) со поддршка за 2x2 MIMO нуди пренос на податоци со голема брзина и му овозможува на α9 III да пренесува податоци до два пати побрзо од својот претходник. Комуникацијата преку 5 GHz0 нуди максимална брзина и стабилност, што е неопходно за фотографите за вести и спорт кои треба веднаш да ги испорачаат своите содржини преку FTP, но и за фотостудијата.
Слика од фотоапарат со CFexpress-картички и SD-картички

Два отвори за медиуми CFexpress Type A

Освен UHS-I и UHS-II SD-картички, отворите за медиуми на α9 III поддржуваат и CFexpress Type A-картички. Тие се идеални за континуирано фотографирање со голема брзина до 120 fps0 и нудат големи брзини на запишување што овозможуваат брзо чистење на меѓумеморијата кај фотоапаратите што генерираат голем обем на податоци за фотографии и видеоснимки. Исто така, α9 III може да снима фотографии и видеоснимки во мемориските медиуми на повеќе начини, вклучувајќи и зачувување податоци во различни отвори за медиуми според видот на датотеките, големината на сликите и квалитетот на сликата, а достапен е и режим за снимање со пренасочување, што го олеснува работниот процес.
Лого за Creators' Cloud на Sony

Cloud-услуги на Sony

Cloud-услугите на Sony поддржуваат сè - од фотографирање до продукција. Апликацијата за мобилни уреди Creators' App0 им овозможува на корисниците да го контролираат фотоапаратот далечински и да префрлуваат фотографии и видеоснимки директно во уредот. Од аспект на уредување, Creators' Cloud од Sony нуди пристап до многубројни практични алатки за продукција. Master Cut (Beta)3, на пример, ги користи метаподатоците од фотоапаратот и Cloud AI за ефикасно создавање на грубо обработени видеоснимки, а Ci Media Cloud3 им овозможува лесна соработка на тимовите за продукција. Добијте поголема инспирација од мрежната услуга Discover3 што ги обединува креаторите на содржини, им помага да ги промовираат нивните активности и нуди пристап до корисни статии за методите на фотографирање и продукција на амбасадорите на Sony, како и други непроценливи совети.

Репродукција на слики со пренасочување

Ако има мемориски картички и во двата отвори, сликите може да се репродуцираат последователно од едниот отвор па од другиот отвор, без потреба од рачна промена на целната картичка од која треба да се репродуцираат содржини.

Функција за вчитување во Cloud (директно од камерата)

Функцијата „Директно вчитување во Cloud“ овозможува директно префрлување слики од регистрирана камера во Creators’ Cloud. Потребно е ажурирање на софтверот (вер. 2.00 или понова).

Подобрување на работните процеси преку FTP

Додадени се изборни поставки за автоматски пренос кон FTP: [1] Опцијата „Само заштитени слики“ е додадена во екранот за избор на целната дестинација за автоматски пренос кон FTP. [2] Опцијата „Заштити слика при пренос кон FTP“ е додадена во функцијата за пренос кон FTP. [3] Прекинот на редоследот за автоматски пренос кон FTP, за поединечни слики, може рачно да се постави како приоритет. Има поддршка за SFTP (протокол за безбеден пренос на датотеки). Потребно е ажурирање на софтверот (вер. 2.00 или понова).