Препознавање со AI и напреден AF

Слика од неколку натпреварувачи во триатлон кои пливаат Слика од неколку натпреварувачи во триатлон кои пливаат

Препознавање со AI и напреден AF

Слика од натпреварувач во триатлон кој прска вода на своето лице

Фотографирање без затемнување

Уживајте во непрекинат приказ низ визирот што не се затемнува, дури и при брзо континуирано фотографирање - револуција во фотографирањето спорт и други брзи субјекти. Освен тоа, времето на доцнење што е вообичаена карактеристика на гледањето преку EVF е сведено на минимум, за да бидете сигурни дека ќе ги снимите краткотрајните моменти.
Слика од натпреварувач во триатлон кој прска вода на своето лице

До 120 пресметки за следење со AF/AE во секунда0

Препуштете му го следењето на фотоапаратот - новиот сензор за слика со брзо отчитување му овозможува на α9 III да врши максимум 120 пресметки за следење со AF/AE во секунда. AF следи сложени движења на субјектите и ги предвидува ненадејните движења со најголема прецизност досега, а AE лесно реагира на промените на светлината. α9 III не го прекинува следењето ниту за време на континуираното фотографирање, што придонесува за поголема прецизност.

(1) Пресметки за AF/AE (2) 120 слики/секунда

Слика од птица во лет

Не пропуштајте моменти со пред-снимањето0

Функцијата за пред-снимање ги снима моментите што завршиле пред да се активира блендата. Може да се постави од 0,005 до 1 секунда и е достапна за сите формати на датотеки до 120 fps со следење со AF/AE. Тоа го олеснува снимањето слики од птици што полетуваат, дури и ако активирањето на блендата задоцни малку.
Слика од играч на голф кој удира топче на песочна површина, неколку моменти откако палката го удира топчето

Зголемувањето на брзината на континуираното фотографирање

Зголемувањето на брзината на континуираното фотографирање ја зголемува брзината на фотографирањето додека фотографирате серии на слики. Ова е практично при фотографирање спорт и други брзи активности, кога темпирањето на важниот момент може да се предвиди.
Слика од двајца ракометари кои се натпреваруваат за да ја фатат топката

Подобро препознавање на луѓе со функцијата за AF+ со препознавање во реално време0

Благодарение на неговиот иновативен уред за обработка со AI, α9 III користи податоци за формата на субјектите за да може прецизно да ги препознава движењата. Сето ова овозможува фокусирање и следење субјекти кои не гледаат кон фотоапаратот или чие лице е покриено.

Нашиот најнов софтвер за фотоапарати ја подига функцијата од Sony за проценка на човечки пози на повисоко ниво. Во верзијата 4.0 и во поновите верзии, функцијата за AF+ со препознавање во реално време нуди постабилно препознавање на луѓе, дури и во сложени ситуации, како во толпа луѓе или во тимски спортови, а нуди и прецизно и доследно следење, и континуиран фокус врз вашиот субјект, дури и ако погледот кон него биде привремено попречен.

Погледнете што е променето во функцијата за AF+ со препознавање во реално време0

Дознајте за реалните перформанси кои ги нуди новиот софтвер за фотоапарати0 - попрецизни, поупорни, поимпресивни.
Слики од лав, птица, авион, автомобил, воз и пеперутка

Сигурно препознавање на поголем опсег на субјекти

Процесорот со AI поддржува подобро препознавање на луѓе, животни, птици, инсекти, автомобили/возови и авиони. Во категоријата за автомобили/возови, сега може да препознава кациги, какви што носат возачите на формули. Функцијата за препознавање животни препознава очи на тревопасни и мали животни, како и очи, глави и тела на кучиња, мачки и слични животни. Подобрено е и препознавањето птици, со полесно пронаоѓање на очите на различни видови птици, како и нивните тела. Новата опција за животно/птица ја елиминира потребата од избирање помеѓу две поставки за фотографирање животни или птици.
Слика од двајца велосипедисти кои се тркаат по нагорнина

Широко, брзо и прецизно автоматско фокусирање со следење

α9 III ндуи 759 точки за откривање фаза што се густо распределени во фокусната рамнина на AF-системот со откривање фаза кој опфаќа приближно 95,6% од површината на сликата. Податоците од сензорот за слика се обработуваат со голема брзина преку напредниот процесор BIONZ XR, а оптимизираните алгоритми нудат голема прецизност и густина. Овој брз и хибриден AF нуди комбинација од брзината и перформансите за следење на AF со откривање фаза и прецизноста на AF со откривање контраст, за сигурно пронаоѓање и следење на субјектите што се движат брзо и/или непредвидливо.
Слика од гимнастичарка во скок помеѓу шипки на различна висина, со испружени раце

Следењето со AF се усогласува со движењата

Независно дали субјектот се движи, стои или ја менува брзината на движење, следењето со AF ќе го следи во чекор. Изберете ја поставката [Стабилно], [Стандардно] и [Брзо], во зависност од брзината на субјектот и условите за фотографирање.
Слика од птица што се гледа низ гранки

Приспособлива фокусна површина

Фокусирајте по ваш избор со опциите XL и XS за фокусна површина. Големината XS е практична за фотографирање диви животни и за спречување фокус врз гранки во преден план. Може да создадете приспособена фокусна површина со одредена големина и вертикален сооднос на слика, доколку е потребно. На пример, на натпревар по патека на која учесниците се распоредени линиски еден до друг, поставете приспособен хоризонтален формат за AF-површината за полесно фокусирање на првиот тркач.

Одговорно фотографирање при користење на функцијата за регистрирање лица

Функцијата за регистрирање лица користи биометриски податоци. Вие сте одговорни за собирањето и користењето на таквите податоци, како и почитувањето на соодветните локални закони. За повеќе информации, посетете го веб-сајтот подолу.