Ново решение за работни процеси

Снимање на отворено со α1 Снимање на отворено со α1

Професионален работен процес

Користење на паметен телефон со α1

Најбрзата Wi-Fi во индустријата поддржува 2x2 MIMO

Вградениот безжичен LAN овозможува комуникација на појаси од 2,4 GHz и 5 GHz, вториот со поддршка за 2x2 MIMO (IEEE 802.11a/b/g/n/ac). Двете антени овозможуваат сигурна комуникација.
Приказ на левата страна на фотоапаратот каде што се гледа SuperSpeed USB-приклучокот

SuperSpeed USB 10Gbps (USB 3.2) Type-C®-приклучок

Приклучокот USB Type-C® што поддржува пренос преку USB 3.2 SuperSpeed USB 10Gbps овозможува брз далечински пренос на податоци преку компјутер, погоден за практично ракување со големите датотеки.
Приказ на левата страна на фотоапаратот каде што се гледа приклучокот за етернет 1000BASE-T

Етернет 1000BASE-T за брза комуникација

Вградениот приклучок за жично поврзување 1000BASE-T овозможува брз и стабилен пренос на податоци при брзини во гигабити. Достапна е поддршка за FTPS што овозможува шифрирање на податоците со SSL или TLS за поголема безбедност.
Поврзување на паметен телефон на α1

Разновидни опции за поврзување преку FTP

Прикачувањето фотографии и видеоснимки преку FTP и далечинската контрола на фотоапаратот може да се постигнат преку безжична LAN-врска, брза жична LAN-врска или преку USB-поврзување со паметен телефон. Видовите датотеки за пренос може да се одредат.
Фотографирање со α1

Пренос преку FTP на фотографии и видеоснимки

Фотографиите и видеоснимките може да се пренесуваат кон далечински FTP-сервер преку безжична LAN-врска, брза жична LAN-врска или преку жично поврзување со паметен телефон. Безжичниот пренос на податоците е приближно 3,5x побрз отколку кај α9 II.
Работа со компјутер во студио

Разновидни функции за далечинско фотографирање

Апликацијата Imaging Edge Desktop за десктоп компјутери може да се користи за далечинско фотографирање на компјутер преку безжична LAN-врска или преку жична USB-врска. Исто така, достапна е и далечинска контрола од мобилен уред.
Менито "Тип на датотека RAW" со покажувачот поставен на "Компресија без загуба"

Компресиран RAW-формат без загуба

Покрај компресираниот или некомпресираниот RAW-формат, моделот α1 нуди ефикасна компресија без загуба.
Менито "JPEG-квалитет" со покажувачот поставен на "Light"

Нова „Light“ големина на JPEG-датотеки

Поставувањето за нова „Light“ големина на JPEG-датотеките резултира со помали датотеки од стандардното поставување, овозможувајќи побрза испорака на вестите, што е особено погодно за спортските фотографи на кои брзината им е исклучително важна.
Планина и дрва

10-битен HEIF за порамномерни градации

HEIF-форматот нуди рамномерни 10-битни градации за пореалистична репродукција на небото и на портретите. Напредната компресија ја намалува големината на датотеките за подобрена ефикасност на работните процеси.

Опсег на корисни придружни апликации

Слика од маж кој држи α1 и паметен телефон

Imaging Edge Mobile

Апликацијата Imaging Edge Mobile сега овозможува пренос на RAW-датотеки и датотеки што користат компресија без загуба. Таа исто така може далечински да го контролира следењето со допир и фокусот на допир за практично ракување со AF.
Повеќе за Imaging Edge Mobile
Слика од маж кој фотографира надвор со α1

Transfer & Tagging add-on

Дополнителната компонента Transfer&Tagging (вер. 1.3 или понова) може автоматски да ги конвертира гласовните белешки прикачени на сликите во текст или пак да ги пренесе датотеките кон FTP-сервер од мобилен уред.
Дознајте повеќе за Transfer & Tagging
Слика од маж кој уредува фотографија

Remote Camera Tool

Менувајте ги поставките за фотоапаратот далечински и фотографирајте од компјутер поврзан преку LAN-кабел. Неколку подобрувања кај α1: побрз пренос, одзив на допир, два отвора и поддршка за HEIF и многу повеќе.
Повеќе за Remote Camera Tool
Лого за Creators' Cloud

Платформа Creators' Cloud

Creators' Cloud е платформа за креативна работа - од фотографирање до продукција - што спојува технологии за фотоапарати од Sony и AI-апликации на Cloud. Ова е место за откривање и соработка со креатори од целиот свет. Разгледајте апликации на интернет, за мобилни уреди и за компјутери што овозможуваат интеграција на фотоапаратите со услуги и апликации за снимање и продукција.
Дознајте за Creators' Cloud
Фотографија од две жени кои гледаат слики снимени со фотоапарат преку апликацијата Creators' App за паметни телефони.

Creators' App

Creators' App е апликација за паметни телефони наменета за пренос на датотеки, далечинско фотографирање, управување со меморискиот простор на Cloud и многу повеќе.
Дознајте повеќе за Creators' App

Camera Authenticity Solution (платена услуга)

Sony нуди Camera Authenticity Solution (Решение за оригиналност наменето за фотоапарати) за да се справи со проблемите со лажни слики генерирани со AI. Овој систем ја проверува оригиналноста на сликата/видеото користејќи уникатни метаинформации од фотоапаратите од Sony, за да потврди дека сликата била снимена со одреден фотоапарат, а притоа прецизно ги препознава реалните субјекти и овозможува транспарентност во историјата на уредувањето согласно форматот C2PA0.
Фотографи кои стојат пред маж и жена кои се ракуваат, го доловуваат моментот.

Custom Grid Line од Sony0 (платена лиценца)1

Custom Grid Line од Sony им овозможува на корисниците да прикажуваат сопствени линии во вид на решетка или на електронскиот визир (EVF) или на LCD-екранот. Оваа функција го подобрува корисничкото доживување со тоа што нуди приспособена помош за обликување на кадарот. Корисниците имаат флексибилност да регистрираат максимум четири различни линии во вид на решетка, за да го приспособат приказот на фотоапаратот според нивните потреби или специфичните услови за фотографирање.
Слика од приспособување на субјектот на LCD-мониторот за да се усогласи со линиите во вид на решетка, а фотоапаратот е поставен на статив.
Слика од фотоапарат и компјутер

Imaging Edge™ Webcam

Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.